Top Banner
MS POWERPOINT 2003 ПОЧЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ Во PowerPoint можат да се комбинираат текстови, графикони, табели, слики, звуч- ни и видео снимки за прикажување на презентации. Притоа, целата презентација може да се креира со помош на низа однапред дефинирани стилови кои изработка- та ја прават едноставна, но многу професионална. Презентацијата може да се прикаже на монитор, на ѕид или платно со помош на LCD проектор, може да се испише на фолија или хартија, а исто така може да се из- работи и на дијапозитив. PowerPoint може да се користи самостојно, а поголем е ефектот и во одделни слу- чаи се олеснува работата, ако се поврзе со Word или со Excel. Презентација (Presentation). Документот на кој се работи во PowerPoint се вика пре- зентација. Презентацијата, како и документите на другите апликации се снима на ди- скот во форма на фајл. Слајд (Slide). Елементите на презентацијата се викаат слајдови. Слајд е страница на презентацијата на која може да се стави слика, текст, звук или некој друг објект. АКТИВИРАЊЕ НА POWERPOINT PowerPoint може да се активира преку Start менито на следниов начин: 1. Се кликнува на копчето Start за да се отвори менито Start. 2. Во Start менито се избира All Programs. 3. Се избира Microsoft Office. 4. Во следното мени се кликнува на Microsoft Office PowerPoint 2003. Се појавува прозорецот на PowerPoint. Присутни се познатите елементи: мени лен- та, ленти со алатки со поголем број веќе познати алатки, статусна лента, централен работен дел од прозорецот со веќе отворена празна презентација од еден слајд и вдолж десниот раб вертикално интерактивна лента за задачи.
40

Power Point

Nov 14, 2014

Download

Documents

Microsoft PowerPoint 2003
Macedonian by Goran Zdravevski
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Power Point

MS POWERPOINT 2003

ПОЧЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ Во PowerPoint можат да се комбинираат текстови, графикони, табели, слики, звуч-ни и видео снимки за прикажување на презентации. Притоа, целата презентација може да се креира со помош на низа однапред дефинирани стилови кои изработка-та ја прават едноставна, но многу професионална.

Презентацијата може да се прикаже на монитор, на ѕид или платно со помош на LCD проектор, може да се испише на фолија или хартија, а исто така може да се из-работи и на дијапозитив.

PowerPoint може да се користи самостојно, а поголем е ефектот и во одделни слу-чаи се олеснува работата, ако се поврзе со Word или со Excel.

� Презентација (Presentation). Документот на кој се работи во PowerPoint се вика пре-зентација. Презентацијата, како и документите на другите апликации се снима на ди-скот во форма на фајл.

� Слајд (Slide). Елементите на презентацијата се викаат слајдови. Слајд е страница на презентацијата на која може да се стави слика, текст, звук или некој друг објект.

АКТИВИРАЊЕ НА POWERPOINT

PowerPoint може да се активира преку Start менито на следниов начин:

1. Се кликнува на копчето Start за да се отвори менито Start.

2. Во Start менито се избира All Programs.

3. Се избира Microsoft Office.

4. Во следното мени се кликнува на Microsoft Office PowerPoint 2003.

Се појавува прозорецот на PowerPoint. Присутни се познатите елементи: мени лен-та, ленти со алатки со поголем број веќе познати алатки, статусна лента, централен работен дел од прозорецот со веќе отворена празна презентација од еден слајд и вдолж десниот раб вертикално интерактивна лента за задачи.

Page 2: Power Point

ЗАТВОРАЊЕ НА POWERPOINT

PowerPoint се затвора на вообичаен начин, а наједноставно е со клик на Close (X) на прозорецот или со наредбата File→Exit.

Ако во презентацијата има промена на податоците и тие не се снимени, PowerPoint ќе прикаже интерактивен прозорец кој прашува дали корисникот сака да го сними фајлот пред да се излезе. Се избира Yes ако треба да се сними, No ако не треба и Cancel ако треба да се откаже операцијата затворање на PowerPoint.

КРЕИРАЊЕ, ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ НОВА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

PowerPoint нуди три начина за креирање нова презентација:

♦ Примена на волшебникот AutoContent Wizard кој нуди висок степен на помош. Покрај формата, овој начин во добар дел ја одредува и содржи-ната на презентацијата. Зависно од видот на презентацијата, може да се

Page 3: Power Point

одбере веќе креирана општа презентација што ги содржи главните тези на презентацијата.

♦ Примена на урнек (Template) што нуди стандардизирана група на слај-дови, сите со сличен изглед и чувствителност за определената ситуаци-ја. Секој урнек вклучува готов текст што може да се замени со сопствен текст.

♦ Може да се почне од ништо и да се креира целосно празна презентација, но градењето на презентацијата од темел не е препорачливо за корисни-ци кои немаат искуство во работа со PowerPoint.

Изборот на начинот на креирање на нова презентација може да се изврши од инте-рактивната лента за задачи што ќе се појави по наредбата File→New. Изборот се прави со кликнување на линкот што ја опишува соодветната можност.

На располагање се следните можности:

♦ Во секцијата New:

Blank presentation – за креирање од празна презентација. Корисникот сам ќе ги избира сите елементи на слајдовите.

Drom design template – за креирање презентација базирана на урнек, но без автоматска содржина.

From AutoContent Wizard – за креирање презентација со помош на вол-шебник.

From existing presentation - за креирање презентација базирана на некоја веќе креирана и снимена презентација.

♦ Во секцијата Templates на располагање се опциите:

Templates on Office Online – за преземање урнеци од официјалната Web страница на Microsoft Office.

On my computer… – за креирање нова презентација базирана на некој од урнеците што се преземени на компјутерот на корисникот со инсталаци-ја на Microsoft Office, преку официјалната Web страница на Microsoft Office или пак урнеци креирани од корисникот.

On my Web sites… – за преземање урнеци од другите компјутери во мрежата чиј елемент е компјутерот или пак од други компјутери на Ин-тернет.

Page 4: Power Point

КРЕИРАЊЕ НОВА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ВОЛШЕБНИК

Нова презентација може да се креира со користење на волшебник и на тој начин да се искористи некој од готовите модели на презентации (деловна стратегија, про-дажба, тренинг и учење, извештаи, итн.), врз основа на кои PowerPoint креира кон-тура на новата презентација.

Креирањето на нова презентација со волшебник се врши на следниов начин:

1. Се селектира наредбата File→New, по што се појавува интерактивната лента за задачи New Presentation.

2. Се кликнува на линкот From AutoContent wizard по што се појавува пр-виот чекор од волшебникот AutoContent Wizard.

3. Се кликнува на копчето Next.

4. Се кликнува на копчето на кое е напишана категоријата која најдобро го претставува типот на новата презентација (на пример, Sales / Marketing).

5. Се избира видот на презентација што е конечен чекор во одредувањето на типот на презентацијата (на пример, Marketing Plan).

6. Се кликнува на копчето Next.

Page 5: Power Point

7. Се избира контролата на изведувањето на презентацијата:

Onscreen presentation – се избира ако презентација ќе се изведе на екран или со помош на проектор.

Web presentation – се избира ако презентацијата се активира и се изведу-ва самостојно (без жив раскажувач).

Black and white overheads – се избира ако презентацијата треба да се от-печати со ласерски принтер (црно-бело) на фолии и подоцна ќе се при-каже со помош на графоскоп.

Color overheads – се избира ако фолиите се печатат во бои.

35mm slides – се избира ако презентацијата се користи за правење 35 милиметарски слајдови кои ќе бидат прикажувани со посебен уред.

8. Се кликнува на копчето Next.

9. Во соодветните текст рамки се внесуваат насловот на презентацијата и текстот кој што ќе стои во футерот на слајдовите.

Доколку корисникот не сака на секој слајд да се појавува датумот на последната модификација на презентацијата се исклучува опцијата Date last updated.

Доколку корисникот не сака на слајдовите да се појавуваат нивните ред-ни броеви се исклучува опцијата Slide number.

10. Се кликнува на копчето Next.

11. Се кликнува на копчето Finish. Се креира новата презентација, а нејзи-ната структурата се појавува во свој прозорец во прозорецот на PowerPoint. Приказот на презентацијата е во Normal View, а текстот е во оригинална форма и е неопходно да се замени.

Page 6: Power Point

���� Со персонализирање на презентацијата може да се започне веднаш со заменување на оригиналниот текст со сопствен текст. Се избира постојниот текст и врз него се вне-сува сопствениот.

КРЕИРАЊЕ НОВА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО УРНЕК

Примената на урнекот е средина помеѓу максималното помагање на волшебникот (AutoContent Wizard) и без никаква помош (Blank Presentation). Презентациските урнеци нудат само шема на бои и изглед на слајдовите. Содржината ја креира и ја внесува самиот корисник.

Нова презентација со користење на урнек се креира на следниов начин:

1. Се селектира наредбата File→New, по што се појавува интерактивната лента за задачи New Presentation.

2. Се кликнува на линкот From design template по што интерактивната лен-та за задачи New Presentation се трансформира Slide Design. На оваа лен-та се распоредени различни урнеци на слајдови.

3. Потребниот урнек се избира со клик.

КРЕИРАЊЕ ПРАЗНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Празната презентација нема шема на бои или дизајн и нема претпоставен текст што би помогнал во уредувањето на слајдовите. Празна презентација се креира на след-ниов начин:

1. Се селектира наредбата File→New, по што се појавува интерактивната лента за задачи New Presentation.

2. Се кликнува на линкот Blank presentation по што се креира презентација без бои. Оваа презентација има само еден слајд подготвен за внесување наслови (првиот слајд во презентацијата).

���� Другите слајдови на презентацијата се вметнуваат (додаваат) со наредбата Insert→Slide.

СНИМАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

По креирањето и уредувањето на презентацијата, таа треба да се сними на некој од уредите за меморија за да се зачува и подоцна да се уредува или да се користи. За да се сними презентацијата за прв пат, треба да се следат следниве чекори:

1. Се селектира наредбата File→Save, или се кликнува на копчето Save на стандардната лента со алатки, или се притиска Ctrl+S. Се појавува инте-рактивниот прозорец Save as.

Page 7: Power Point

2. Во текст рамката File Name се внесува името на презентацијата, а под кое име таа ќе биде снимена како фајл на уредот за меморија (PowerPoint автоматски на фајлот му доделува екстензија .PPT).

3. Ако презентацијата се снима на друг фолдер или уред, треба да се клик-не на надолното мени Save In и да се селектира друг фолдер и/или уред. За снимање на дискета треба да се избере 3½ Floppy (A:).

4. Можат да се користат и другите можности на интерактивниот прозорец Save As (како во Word).

5. Се кликнува на Save, по што презентацијата е снимена, а името се поја-вува во насловната лента.

���� Иницијално презентациите од PowerPoint се снимаат во фолдерот My Documents што се креира со инсталација на Office.

Откако еднаш е именуван фајлот и снимен на уредот за меморија, сите промени на-правени на презентацијата можат да се снимаат со притискање на Ctrl+S или клик-нување на копчето Save на стандардната лента со алатки.

За да се сними презентацијата под друго име, се селектира наредбата File→ Save As, по што се појавува интерактивниот прозорец Save As што се користи на ист на-чин како и кога презентацијата се снима за прв пат (претходно опишаната постап-ка).

���� PowerPoint овозможува снимање на презентацијата во HTML формат. Тоа се прави со наредбата File→Save As Web Page. Претходно, Web страниците што на овој начин ќе се креираат можат да се погледаат со наредбата File→Web Page Preview.

ЗАТВОРАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентацијата има третман на документ што се изработува во апликацијата PowerPoint (види Windows) и таа се отвора во свој посебен прозорец во PowerPoint. Ако се работи со повеќе презентации во исто време, секоја од нив се отвора во свој прозорец. Корисникот има впечаток дека секоја презентација е отворена во посебен PowerPoint прозорец. Работењето со повеќе отворени презентации има одраз на времето на одзивот на наредбите што ги издава корисникот затоа што се оптоваре-

Page 8: Power Point

ни ресурсите на компјутерот. Од тие причини, за да се ослободат ресурсите што ги ангажира отворената презентација на која не се работи, таа треба да се затвори.

���� При затворањето на презентацијата треба да се внимава да не се затвори апликација-та PowerPoint, ако корисникот по затворањето треба да продолжи со работа на друга презентација.

Презентацијата се затвора на следниов начин:

1. Се избира презентацијата што треба да се затвори. Тоа може да се на-прави со наредбата Window→ime (каде што ime е името на презентаци-јата) или со клик на евентуално видливиот дел на нејзиниот прозорец или пак, со клик на соодветното копче на лентата со алатки.

2. Се селектира наредбата File→Close, или се притиска Ctrl+F4, или се кликнува на копчето Close(X).

Ако измените што се направени на презентацијата не се снимени, ќе се појави ин-терактивен прозорец преку кој може да се одлучи дали таа да се сними (Yes), да не се сними (No) или да се откаже затворањето на презентацијата (Cancel).

ОТВОРАЊЕ СНИМЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Секоја претходно креирана и снимена презентација може повторно да се отвори со цел да се доработи, да се печати или да се прикаже.

Веќе креирана и снимена презентација се отвора на следниов начин:

1. Се селектира наредбата File→Open и се појавува интерактивниот прозо-рец Open.

2. Се отвора фолдерот во кој е снимена презентацијата (ако фајлот со пре-зентацијата не е во отворениот фолдер).

3. Се кликнува двојно на фајлот на презентацијата.

Page 9: Power Point

УРЕДУВАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРОМЕНА НА ПОГЛЕДОТ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

PowerPoint може да ја прикаже презентацијата на различни начини (во понатамош-ниот текст: погледи). Содржината и формата на самата презентација не се менува ниту во еден елемент, туку се менува погледот на неа. Лево од хоризонталната лиз-гачка лента се наоѓаат копчиња за промена на начинот на прикажувањето на пре-зентацијата.

На располагање се следниве начини:

♦ Normal View - прикажување на еден слајд. Во прозорецот се разликува-ат 3 панели што го олеснуваат дизајнирањето на тековниот слајд: сами-от слајд (Slide), белешките (Notes) и организацијата на презентацијата (Outline).

♦ Slide Sorter View - прикажување на повеќе слајдови истовремено.

♦ Slide Show - прикажување на презентацијата.

Опцијата за селектирање на различни погледи го прави полесно извршувањето на определени задачи. На пример, Outline ја прикажува општата организација на пре-зентацијата при што е занемарена формата додека акцентот е на содржина на пре-зентацијата, погледот Slide Sorter овозможува прикажување на повеќе слајдовите истовремено при што слајдовите се намалени, а што овозможува реаранжирање на презентацијата.

���� Промената на погледот може да се изврши и со наредба преку мени. Се кликнува на View на главното мени, по што од следното мени што ќе се отвори се селектира пог-ледот на презентацијата.

���� Опцијата Slide Show се користи за прикажување на презентацијата на екран или пак, ако на компјутерот е приклучена соодветна опрема, нејзина проекција на платно.

ДВИЖЕЊЕ ПОМЕЃУ СЛАЈДОВИТЕ

Слајдовите во презентацијата се однесуваат како страници во Word. Во текот на уредувањето на презентацијата и нејзините слајдови се јавува потреба од поместу-вање од еден слајд на друг. Процедурата за избирање на слајд зависи од погледот во кој се работи:

♦ Во кој било поглед што го содржи панелот Outline, секој нов слајд за-почнува со редниот број на слајдот и правоаголна икона, а потоа следи текстот што го содржи слајдот. За вертикално поместување се користи

Page 10: Power Point

лизгачката лента. За да се отвори слајдот за уредување во панелот Slide во кој уредувањето е најлесно, двојно се кликнува на неговата икона.

♦ Во кој било поглед што не го содржи панелот Outline се кликнува на копчињата на вертикалната лизгачка лента или се користат копчињата Page Up и Page Down.

♦ Во погледот Slide Sorter, двојно се кликнува на потребниот слајд.

ОПШТ ИЗГЛЕД НА СЛАЈДОВИТЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Доколку презентацијата е креирана врз основа на презентациони урнеци или со ко-ристење на волшебникот изгледот на презентацијата во голем дел е одреден. На овој начин е дефиниран и општиот изглед на сите слајдови во презентацијата. Вака дефинираниот изглед може да се промени во кое било време по креирањето и евен-туалното уредување на презентацијата на два начина:

♦ Со примена на презентациски урнеци.

♦ Со корекции во Slide Master.

За да се промени општиот изглед на слајдовите на презентацијата користејќи пре-зентациони урнеци треба да се направи следново:

1. Се селектира наредбата Format→, по што се појавува интерактивната лента за задачи Slide Design.

2. Се кликнува на името на урнекот во листата на готови урнеци (неговиот изглед се појавува десно од листата). Ако се помести покажувачот на глувчето на десната страна од урнекот, ќе се појави надолна стрелка. Со клик на стрелката се добива мени од кое може да се избере дали дизај-нот ќе се примени на сите слајдови во презентацијата, само на тековни-от слајд, дали сите следни нови презентации да бидат базирани на из-браниот урнек или пак урнекот да се прикаже зголемено.

Друг начин да се направат глобални промени на целата презентација е уредувањето на Slide Master (главниот слајд). Секоја презентација има Slide Master што контро-лира изгледот на секој слајд.

Page 11: Power Point

Slide Master ги содржи сите информации за форматирањето, одредени со евентуал-ната примената на урнек. Slide Master во суштина не е слајд иако изгледа и се уре-дува како обичен слајд. Промените направени во Slide Master влијаат на секој слајд во презентацијата. На пример, ако еден текст треба да се појавува на секој слајд, тој се сместува во Slide Master наместо да се внесува на секој слајд посебно.

Промени во Slide Master на презентацијата се прават на следниов начин:

1. Се селектира наредбата View→Master→Slide Master. На екранот во фор-ма на слајд се појавува Slide Master.

2. Се прават корекции на Slide Master (сé што може да се направи на оби-чен слајд, може да се направи и на Slide Master).

3. Се кликнува на копчето Close, по што внесените корекции се примену-ваат на сите слајдови на презентацијата.

Најважни елементи на Slide Master се областа за наслов и областа за објекти. Об-ласта за наслов содржи форматирање на насловите на секој слајд (видот, големина-та, стилот и бојата на буквите што се користат за текстот во насловот на секој слајд). Областа за објекти содржи спецификации за форматирање на останатиот текст на слајдот.

Како додаток на областите за наслов и објекти, Slide Master може да содржи ин-формации за бојата на слајдовите, компаниските знаци, сликовните објекти и други елементи што се појавуваат на секој слајд во презентацијата.

���� Кога во Slide Master ќе се вметне каков било објект, тој ќе се појавува на секој слајд на позицијата на која се појавува во Slide Master.

Page 12: Power Point

СЕЛЕКТИРАЊЕ СЛАЈДОВИ

Најчесто, при уредувањето на презентацијата, на преземањето на некаква акција претходи чекор за избирање на слајдот на кој таа ќе се примени. Еден или повеќе слајдови можат да се изберат на некој од следниве начини:

♦ За да се избере поединечен слајд, се кликнува на него.

♦ За да се изберат два или повеќе соседни слајдови во панелот Outline, пр-во се кликнува на првиот слајд, се притиска и се држи копчето Shift и се кликнува на последниот слајд во групата.

♦ За да се избере правоаголен блок од соседни слајдови во погледот Slide Sorter, се кликнува и правоаголникот што во таа прилика ќе се појави се влече околу слајдовите што треба да се изберат.

♦ За да се изберат два или повеќе несоседни слајдови (само во погледот Slide Sorter), се притиска и се држи копчето Ctrl и се кликнува на секој слајд што треба да се избере.

АВТОМАТСКИ ИЗГЛЕД НА СЛАЈД

Додека урнеците овозможуваат да се менуваат бојата и дизајнот на презентацијата, автоматскиот изглед овозможува да се одреди структурата на поединечен слајд во презентацијата. На пример, ако слајдот треба да содржи слика и набројување авто-матскиот изглед може да ги позиционира овие детали на слајдот.

���� Автоматскиот изглед се применува на поединечен слајд, но урнекот или модифика-циите на Slide Master, исто така влијаат на севкупниот изглед на слајдот.

Автоматскиот изглед се применува на следниов начин:

1. Се селектира слајдот што се менува.

2. Се селектира наредбата Format→Slide Layout, по што се појавува инте-рактивната лента за задачи Slide Layout.

Page 13: Power Point

���� Побрз начин за прикажување на интерактивниот прозорец Slide Layout се постигнува со десен клик на празниот дел на слајдот прикажан во панелот Slide, по што се поја-вува мени од кое се избира Slide Layout.

3. Двојно се кликнува на саканиот изглед.

ВМЕТНУВАЊЕ НОВИ СЛАЈДОВИ

Нов слајд во презентацијата може да се вметне во кое било време и на која било по-зиција во презентацијата. Тоа се прави на следниов начин:

1. Се селектира (избира) слајдот што треба да се појавува пред новиот слајд. Во погледот Slide Sorter може да се кликне меѓу слајдовите каде што треба да се вметне новиот слајд.

2. Се селектира наредбата Insert→New Slide, или се кликнува на копчето New Slide, или се притиска Ctrl+M. Се појавува интерактивната лента за задачи New Slide идентична со интерактивната лента за задачи Slide Layout што се појавува при одредувањето на автоматскиот изглед на слајдот.

3. Се кликнува двојно на потребниот автоматски изглед на новиот слајд. Се кликнува на копчето OK и PowerPoint вметнува слајд со специфици-раниот изглед.

4. Се следат упатствата што се појавуваат во објектите на новокреираниот слајд со што слајдот комплетно ќе се уреди (На пример, Click to add title значи "Кликнете овде за да додадете наслов").

���� За да се вметне слајд потполно идентичен на некој слајд во презентацијата се избира слајдот што треба да се дуплицира (во кој било поглед), потоа се селектира наредбата Insert→Duplicate Slide. PowerPoint новиот слајд го вметнува веднаш зад оригинални-от. Дополнително слајдот може да се поместува.

БРИШЕЊЕ СЛАЈДОВИ

Слајд може да се избрише во кој било поглед. За да се избрише слајд, треба да се извршат следниве чекори:

Page 14: Power Point

1. Се избираат слајдовите што треба да се избришат.

2. Се селектира наредбата Edit→Delete Slide.

���� Во панелот Outline или во погледот Slide Sorter, избираните слајдови можат да се из-бришат со притискање на копчето Delete на тастатурата.

� Ако се избрише погрешен слајд, тој може да се врати со наредбата Edit→ Undo, или со притискање на Ctrl+Z или со кликнување на копчето Undo на стандардната лента со алатки.

КОПИРАЊЕ И ПОМЕСТУВАЊЕ СЛАЈДОВИ

Во текот на изработката на презентацијата, понекогаш се јавува потреба од копира-ње или поместување на веќе креирани слајдови во рамките на истата презентација или пак, тие да се пренесат во друга презентација. Тоа се прави на следниов начин.

1. Се поминува во Slide Sorter или се работи во панелот Outline на погле-дот Normal или се повикува погледот Outline.

2. Се избира слајдот што треба да се копира или премести.

3. Се селектира наредбата Edit→Cut (за поместување) или Edit→ Copy за копирање.

� Clipboard. Clipboard е привремен простор во меморијата, во кој се сместува копијата на деталите што се копираат или поместуваат. Можат да се копираат и да се поместу-ваат елементи од слајдот, целиот слајд или група слајдови.

���� Ефектот од чекорот 3. може да се постигне со притискање на Ctrl+C (копирање) или Ctrl+X (поместување). Исто така, можат да се користат и копчињата Cut и Copy на стандардната лента со алатки.

4. Се отвора презентацијата во која се копира или поместува (овој чекор се извршува ако копирањето или поместувањето е во друга презентација).

5. Во погледот Slide Sorter се избира слајдот после кој се вметнува копија-та од Clipboard. Во панелот Outline точката на вметнување се поместува на крајот на текстот во слајдот после кој се вметнува копијата од Clipboard.

6. Се селектира наредбата Edit→Paste, или се притиска Ctrl+V, или се кликнува на копчето Paste на стандардната лента со алатки.

���� Во погледот Slide Sorter копирањето може да се изврши со методот "влечи и пушти": се кликнува и се држи на слајдот што се копира, се притиска копчето Ctrl, се повле-кува на точката на вметнување.

���� Во погледот Slide Sorter поместувањето може да се изврши со методот "влечи и пу-шти": се кликнува и се држи на слајдот што се поместува, се повлекува на точката на вметнување и глувчето се пушта. Со малку повеќе внимание, ова може да се направи и во панелот Outline.

Page 15: Power Point

СОКРИВАЊЕ СЛАЈДОВИ

Во текот на изведувањето на презентацијата, можни се дополнителни прашања од страна на аудиториумот. При креирањето на презентацијата, пожелно е корисникот да ги претпостави евентуалните такви прашања и за нив да подготви посебни слај-дови. Тие слајдови не би требало да се прикажуваат во текот на излагањето, туку да се повикаат при евентуално прашање. За таа цел, можно е сокривање на слајдо-вите и нивно појавување по желба на излагачот. Сокривањето на одредени слајдо-ви на презентацијата се прави на следниов начин:

1. Се селектираат слајдовите кои што треба да се сокријат (најдобро во погледот Slide Sorter).

2. Се селектира наредбата Slide Show→Hide Slide. Во погледот Slide Sorter, бројот на скриениот слајд се појавува во правоаголник со линија низ не-го.

За да се откријат сокриените слајдови, се повторува претходната постапка.

ВНЕСУВАЊЕ ТЕКСТ НА СЛАЈД Повеќето од текстовите кои се појавуваат во слајдовите се во текст рамки. Единс-твено друго место каде текстот може да се појави е во рамките на графички објект.

КРЕИРАЊЕ ТЕКСТ РАМКА

Ако при креирањето на презентацијата е користен волшебникот или некој урнек или пак, ако е користен автоматскиот изглед за уредување на слајдот, текст рамки-те се веќе креирани, а на корисникот му преостанува замена на постојниот со свој текст и негово форматирање. Но, понекогаш е потребно на слајдот дополнително да се внесе текст, на место на кое не е креирана текст рамка.

� Текст рамка. Текст рамката може да се разбере како објект во кој е овозможено вне-сување на текст. Границите на текст рамката се видливи ако во текст рамката се извр-шува некоја акција.

Текст рамка на слајдот се креира на следниов начин:

1. Се активира погледот Slide (или Normal и се користи панелот Slide, мо-же да се користи и Slide Sorter погледот).

2. Се избира слајдот на кој треба да се креира текст рамката.

3. Се кликнува на копчето Text box на лентата со алатки за цртање (Drawing).

���� Ако лентата со алатки за цртање не е прикажана, таа се повикува со наредбата View→Toolbars→Drawing.

4. Се позиционира покажувачот на глувчето на еден од аглите на идната текст рамка.

5. Се притиска и се држи левото копче на глувчето.

Page 16: Power Point

6. Се влече кон спротивниот агол на текст рамката.

7. Се пушта копчето на глувчето и текст рамката се формира.

� Без оглед на вертикалното поместување на покажувачот при креирањето на текст рамката, нејзината височина ќе опфаќа еден ред.

8. Текстот се внесува во текст рамката. Ако текстот при внесувањето ја до-стигне десната граница на текст рамката, автоматски ќе се прекрши, а текст рамката ќе се прошири за уште еден ред. За да се внесе текст во нов ред во текст рамката, на крајот на претходниот ред се притиска Enter.

9. Кога текстот ќе се внесе во текст рамката се кликнува надвор од неа и текстот ќе биде прикажан во таква форма во каква тој ќе се појави на слајдот.

���� Границата што се појавува околу текст рамката кога таа е селектирана или се уредува текстот во неа, не се прикажува на слајдот при презентацијата.

СЕЛЕКТИРАЊЕ, БРИШЕЊЕ И ПОМЕСТУВАЊЕ ТЕКСТ РАМКА

Ако се кликне на текстот во текст рамката, се појавуваат нејзините граници, а на секоја граница (горна, долна, лева и десна) и на аглите се појавуваат рачки (бели коцки). Притоа се можни следниве акции:

♦ Ако се повлече рачката на која било граница во насока нормална на гра-ницата, таа се поместува и текст рамката се зголемува или се намалува.

♦ Ако се повлече рачката на кој било агол во која било насока, тој се по-местува и текст рамката се зголемува или намалува.

♦ Ако се повлече границата (не се кликнува на рачките) текст рамката се поместува без промена на нејзините димензии.

Page 17: Power Point

� Повлекување значи да се доведе покажувачот на глувчето над објектот, да се кликне на левото копче на глувчето, тоа да се држи и да се влече на нова локација каде што копчето се пушта, а објектот останува.

♦ За да се избрише текст рамката, таа се селектира и се притиска копчето Delete.

���� Селектирање на текст рамката се врши со кликнување на една од нејзините граници, при што курсорот се губи од текст рамката.

УРЕДУВАЊЕ И ФОРМАТИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ ВО ТЕКСТ РАМКА

Текст рамката се уредува откако таа првин ќе се селектира. Потоа е можно уреду-вање и форматирање на текстот во текст рамката на сличен начин како и уредува-њето и форматирањето на текст во Word. Притоа, можат да се користат лентите со алатки за побрзи форматирања или наредбите да се селектираат преку менијата за прецизни форматирања.

ВНЕСУВАЊЕ ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ НА СЛАЈД

АЛАТКИ ЗА ЦРТАЊЕ

Иако PowerPoint не е програма за цртање, на слајдовите можат да се направат не-кои едноставни цртежи. Така, на пример, може да се нацрта кружница, правоагол-ник, хоризонтални и вертикални линии на слајдовите.

Лентата со алатки за цртање е прикажана во долниот дел од прозорецот на Power-Point во погледот Normal. Постојат два вида алатки на лентата со алатки за цртање: алатки за цртање линии и облици и алатки за манипулација со нацртаните објекти.

ЦРТАЊЕ ОБЈЕКТ

Процедурата за цртање е иста без разлика кој облик се црта:

1. Се кликнува на копчето за цртање на линијата или обликот што треба да се нацрта. На пример, за да се нацрта правоаголник се кликнува на коп-чето Rectangle.

2. Се доведува покажувачот на глувчето на позицијата на која треба да би-де почетокот на линијата или еден агол на обликот.

3. Се притиска и се држи левото копче на глувчето и се повлекува кон по-зицијата на која треба да биде крајот на линијата или спротивниот агол на обликот.

4. Се пушта копчето на глувчето и линијата или обликот ќе се исцрта.

Page 18: Power Point

���� Правилен квадрат или кружница може да се нацрта ако при цртањето се држи при-тиснато копчето Shift.

ЦРТАЊЕ АВТОМАТСКИ ОБЛИЦИ

Цртањето на комплексни облици со обичните алатки може да биде многу тешко. Во PowerPoint има неколку претходно нацртани готови облици што се викаат авто-матски облици (autoshapes). Автоматските облици се цртаат на следниов начин:

1. Се кликнува на копчето Autoshapes на лентата со алатки за цртање. Се појавува мени со облици.

2. Се кликнува на типот на обликот што треба да се нацрта. На пример, ако се црта стрелка, треба да се избере Block Arrows и ќе се појави пале-тата со облици од тој тип (во примерот, повеќе видови стрелки).

3. Се кликнува на конкретниот облик.

4. Се доведува покажувачот на глувчето на позицијата на која треба да би-де еден агол на обликот.

5. Се притиска и се држи левото копче на глувчето и се повлекува кон по-зицијата на која треба да биде спротивниот агол на обликот.

6. Се пушта копчето на глувчето и линијата или обликот ќе се исцрта.

���� Додека се црта обликот, може да се држи притиснато едно или двете копчиња: Ctrl за да се нацрта обликот со центар на позицијата означена во чекор 4. Shift за да се нацр-та облик што ќе ги задржи оригиналните пропорции.

���� Нацртан облик може да се замени со друг облик. Тоа се прави на тој начин што прво се селектира обликот, се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање, се селектира Change Autoshape и се одбира новиот облик.

Page 19: Power Point

ВМЕТНУВАЊЕ ТЕКСТ ВО ОБЛИК

Откако некој облик е нацртан, во него може да се испише одреден текст. Притоа, текстот не се испишува преку обликот, туку се внесува во обликот. При поместува-њето на обликот се поместува и текстот. Вметнувањето на текст во облик се прави на следниов начин:

1. Се кликнува на обликот во кој се вметнува текстот.

2. Се внесува текстот и тој се појавува во обликот.

3. Се селектира наредбата Format→Autoshape, по што се појавува интера-ктивниот прозорец Format Autoshape.

4. Се кликнува на картичката Text Box.

5. Се кликнува на надолното мени Text Anchor Point и од листата се избира позицијата на текстот во однос на обликот (цртежот). Иницијално е во средина.

6. Се одредуваат маргините за сите четири страни на текстот во обликот (лево, десно, горе и долу) за да се одреди колку простор ќе биде оставен помеѓу краевите на обликот и текстот во него.

7. Се селектира некоја од следните опции:

World wrap text in AutoShape. Текстот се прекршува во нов ред ако е по-долг од широчината на обликот.

Resize autoshape to fit text. Се зголемува или се намалува обликот така што текстот, заедно со маргините дефинирани во чекор 5, да застане во обликот.

Rotate text within AutoShape by 90 degrees. Се ротира текстот во друга насока (најчесто вертикално) со цел тој подобро да застане во цртежот

Page 20: Power Point

���� Ако интерактивниот прозорец го покрива обликот, тој може да се помести и со клик-нување на копчето Preview можат да се видат ефектите од претходните акции пред тие да се применат.

8. Се кликнува на копчето OK.

���� Обликот во кој е вметнат текстот се однесува како текст рамка. Текстот во обликот може да се форматира на ист начин како и кој било друг текст.

СОВЕТИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО ОБЛИЦИ

Еве неколку кратки совети за работа со облиците:

♦ Ако една иста алатка се користи за да се нацртаат повеќе облици, два пати се кликнува на неа. Таа останува вклучена и облиците се цртаат сé додека е потребно, а се исклучува со притискање на копчето Esc.

♦ Облик се селектира со клик врз него.

♦ Облик се брише на тој начин што тој првин ќе се селектира, а потоа ќе се притисне копчето Delete.

♦ Облик се поместува на тој начин што првин тој ќе се селектира, а потоа се повлекува.

♦ На обликот му се менуваат димензиите на тој начин што тој првин ќе се селектира, а потоа се повлекуваат рачките.

♦ Облик се копира на тој начин што тој првин се селектира, се притиска копчето Ctrl и се повлекува на нова позиција.

МУЛТИМЕДИЈАЛНИ OБЈЕКТИ

ВМЕТНУВАЊЕ ГОТОВИ МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ ОД CLIP GALLERRY

Во пакетот Office (во кој спаѓа PowerPoint) е вградена посебна колекција мултиме-дијални објекти како што се слики (Clip Art), звуци (Sounds), видео (Videos) и фо-тографии (Pictures). Секој од овие видови објекти е на располагање во сите аплика-ции на Office, а со тоа и во PowerPoint. Тој дел се вика Clip Gallery.

Вметнувањето на Clip Art објект во документот се прави на следниов начин:

1. Се поставува курсот на локацијата во документот, каде што треба да се постави сликичката.

2. Се селектира наредбата Insert→Picture→Clip Art за да се отвори интера-ктивната лента за задачи Clip Art.

3. Се кликнува на опцијата Organize clips на дното на интерактивната лен-та за задачи Clip Art и ќе се појави интерактивниот прозорец Concepts – Microsoft Clip Organizer.

Page 21: Power Point

4. Од левата листа се селектира потребната категорија објекти.

5. Се пребаруваат објектите во листата, сé додека не се најде потребниот. Потоа се кликнува на него, се држи и се повлекува во документот.

���� Ако корисникот е приклучен на Интернет, може да кликне на Clip art on Office Online во интерактивната лента Clip Art и да се поврзе во страницата со мултимедијални об-јекти на Microsoft.

Димензиите на објектот можат да се менуваат и на тој начин тој може да се прика-же во различни големини. Одреден дел од објектот може да се пресече (crop), за да се сокрие делот кој што не треба да биде прикажан. Менувањето на димензиите на објектот се прави на ист начин како и секој друг објект.

ВМЕТНУВАЊЕ МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ОБЈЕКТ

Презентацијата може да биде ефектна ако во неа се вградат слајдови со фотогра-фии, видео снимки или тонски записи за предметот на презентацијата. Овие обје-кти во компјутерот можат да се внесат на различни начини (на пример, фотографи-ја може да се внесе со скенирање или со дигитален фотоапарат). Ваквите објекти се меморирани како фајлови, а нивното вметнување на слајд се прави на следниов на-чин:

1. Се селектира наредбата Insert→Picture→From File и се појавува интера-ктивниот прозорец Insert Picture. Интерактивниот прозорец е сличен со интерактивниот прозорец Open за отворање на документи во која било апликација во Office и во него се дозволени истите акции.

Page 22: Power Point

2. Се избира фајлот што ја содржи сликата.

3. Се кликнува на копчето Insert.

Ако сликата е премногу голема или премногу мала, нејзините димензии можат да се променат со повлекување на рачките кои се појавуваат веднаш по вметнувањето. Димензиите ќе се променат пропорционално ако при повлекувањето се држи при-тиснато копчето Shift.

���� Видео снимки или звуци на слајдот се вметнуваат со наредбите Insert→ Movies and Sounds→Movie from File или Insert→Movies and Sounds→Sound from File.

АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИТЕ ОБЈЕКТИ

Слајдовите се главно статични: тие се појавуваат и остануваат. Видеото и звуците се динамични: тие се активни во одредено време.

Кога ќе се вметне видео или звук на слајдот, објектот не е активен сé додека не се кликне на него. На пример, слајдот може да содржи снимен говор што објаснува одреден графикон на слајдот, но истиот нема да се слуша сé додека лицето кое ја врши презентацијата не кликне на него и на тој начин да го активира.

Постои можност одредени звуци или видео снимки да се активираат автоматски во одредено време во текот на презентацијата. Тоа се прави на следниов начин:

1. Се кликнува на објектот што го претставува звукот или видеото на слај-дот.

2. Се селектира наредбата Slide Show→Custom Animation и ќе се отвори интерактивната лента за задачи Custom Animation.

3. Се кликнува на надолното мени со името на објектот и се избира Timing.

Page 23: Power Point

4. Се кликнува на опцијата Start за да се одреди кога објектот да се активи-ра на слајдот.

5. Во текст рамката до Delay се внесува бројот на секунди за колку време после претходниот настан објектот ќе се активира.

� Претходен настан. Ако се работи за единствен мултимедијален објект на слајдот, претходен настан ќе биде појавувањето на слајдот. Ако постојат повеќе вакви обје-кти, редоследот на нивното активирање се контролира во листата Animation Order во интерактивниот прозорец Custom Animation.

6. Се кликнува на копчето OK.

���� Ако слајдот треба да стои подолго време во текот на презентацијата и притоа постоја-но да се повторува извршувањето на мултимедијалниот објект (обично на првиот слајд), тоа се одредува во надолното мени Repeat.

���� При самото вметнување на мултимедијалниот објект ќе се појави интерактивен про-зорец со прашање за моментот на негово активирање.

УРЕДУВАЊЕ СЛАЈД

СЕЛЕКТИРАЊЕ ОБЈЕКТИ

Пред да се копираат, поместуваат, ротираат или да им се менуваат димензиите, об-јектите првин мораат да бидат селектирани. Селектирањето се врши во погледот Normal, а на располагање се следниве методи за селектирање на еден или повеќе објекти:

Page 24: Power Point

♦ Еден објект се селектира со клик врз него (ако објектот е текст, околу него се појавува неговата текст рамка).

♦ Повеќе објекти се селектираат со држење на копчето Shift и кликнување на поединечните објекти.

♦ Објектите се деселектираат со клик на празниот простор на слајдот.

���� Алатката за селектирање (стрелка) во лентата со алатки за цртање (Select objects) овозможува брзо селектирање на објект или група на објекти. Се кликнува на оваа алатка и со покажувачот на глувчето се повлекува рамка околу објектите коишто се селектираат. Кога ќе се пушти глувчето, сите објекти што целосно се наоѓале во рам-ката ќе бидат селектирани.

СЛОЕВИ ОБЈЕКТИ

Кога на слајдот ќе се вметнат повеќе објекти, тие можат на одредени места и да се преклопуваат. Притоа, се јавува потреба да се одреди кој објект ќе биде повисоко, а кој ќе биде преклопен. Објектите во оваа смисла се поместуваат на следниов на-чин:

1. Се селектира објектот што треба да се помести.

2. Се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање за да отво-ри мени од кое се селектира Order (редослед).

3. Се избира потребната опција:

Bring to Front го донесува објектот најгоре во групата.

Send to Back го донесува објектот најдолу во групата.

Bring Foreward го поместува објектот повисоко за еден слој.

Send Backward го поместува објектот пониско за еден слој.

ГРУПИРАЊЕ ОБЈЕКТИ

Секој нацртан објект се однесува како одделен објект. Меѓутоа, често пати може да се јави потреба два или повеќе објекти да се однесуваат како група. На пример, мо-же да се јави потреба линиите од повеќе објекти да се направат со иста дебелина или пак, да се поместат повеќе објекти заедно.

Групирањето на објектите, после што групата се однесува како еден објект, се пра-ви на следниов начин:

Page 25: Power Point

1. Се селектираат објектите што треба да се групираат.

2. Се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање за да отво-ри мени од кое се селектира Group (групирање).

���� Групираните објекти можат повторно да се вратат во претходната состојба со селе-ктирање на кој било објект од групата и кликнување на Draw→Ungroup.

БРИШЕЊЕ, КОПИРАЊЕ И ПОМЕСТУВАЊЕ ОБЈЕКТИ

За да се избрише објект, тој прво се селектира, а потоа се притиска копчето Delete или се селектира наредбата Edit→Clear.

Операциите копирање и поместување се извршуваат и над објектите во слајдовите. Принципот на копирање и поместување е наполно ист за сите објекти во Office. При копирањето (Copy) и поместувањето (Cut), објектот се сместува во Clipboard од каде може да се повикува неограничен број пати со операцијата лепење (Paste).

Операциите копирање и поместување се извршуваат на следниов начин:

1. Се селектира објектот што се копира или се поместува.

2. Ако објектот треба да се копира, се селектира наредбата Edit→Copy или се кликнува на копчето Copy на стандардната лента со алатки, или пак, се притиска Ctrl+C.

Ако објектот треба да се премести, се селектира наредбата EditCut или се кликнува на копчето Cut на стандардната лента со алатки, или пак, се притиска Ctrl+X.

3. Се избира слајдот на кој треба да се изврши лепењето (копирањето). По потреба, објектот може да се ископира и во документ на некоја друга Windows апликација (на пример, Word).

4. Се селектира наредбата Edit→Paste, или се кликнува на копчето Paste на стандардната лента со алатки, или пак, се притиска Ctrl+V.

���� Поместувањето може да се изведе и со методот "влечи и пушти" со повлекување на објектот на новата локација. Ако при поместувањето се држи копчето Ctrl, оригинал-ниот објект останува непроменет, а на новата локација ќе се појави копија на ориги-налниот објект.

РОТИРАЊЕ ОБЈЕКТИ

Алатките за ротирање овозможуваат ротирање на објект околу неговата средишна точка. За да се ротира објектот користејќи ја опцијата Free Rotate треба да се напра-ви следново:

1. Се селектира објектот што треба да се ротира.

2. Се кликнува на копчето Free Rotate на лентата со алатки за цртање. Рач-ките околу објектот стануваат кругови.

Page 26: Power Point

3. Се повлекуваат кружните рачки додека објектот не се донесе во потреб-ната позиција.

4. Се кликнува на копчето Free Rotate на лентата со алатки за цртање за да се исклучи опцијата за ротирање.

���� Во менито Draw (од лентата со алатки за цртање) се наоѓа подопцијата Rotate/Flip ко-ја дава дополнителни можности за ротирање на објектите. Објектот може да се роти-ра за 90 степени во лево или во десно, или пак, да се ротира околу хоризонталната и вертикалната оска.

ПРОМЕНА НА ДИМЕНЗИИТЕ НА ОБЈЕКТИТЕ

Промената на димензиите на одреден објект претставува честа потреба во дизајни-рањето на слајдовите на презентацијата. За да му се променат димензиите на објек-тот, се извршуваат следниве чекори:

1. Се селектира потребниот објект и притоа се појавуваат рачките околу објектот.

2. Се повлекуваат рачките за да се добие потребната големина:

Ако се повлече рачка на агол истовремено ќе се променат и широчината и височината на објектот.

Ако се повлече страничната, горната или долната рачка ќе се промени само широчината или височината.

���� Ако додека се влечат рачките, се држи притиснато копчето Ctrl центарот на објектот останува на иста позиција, а промената на димензиите е симетрично во однос на рач-ката што се повлекува.

ОТСЕКУВАЊЕ СЛИКИ

Освен што можат да им се променат димензиите на сликите, тие можат и да се исе-чат. Отсекувањето, всушност, претставува скратување на страните на одредена слика со цел да се отстранат некои елементи што се наоѓале на тие позиции на сли-ката. Отсекувањето се прави на следниов начин:

1. Се кликнува на сликата чиј дел треба да се отсече.

2. Ако лентата со алатки за слики (Picture toolbar) не е прикажана, таа се повикува со наредбата View→Toolbars→Picture.

3. Се кликнува на копчето Crop на лентата со алатки за слики. Покажува-чот на глувчето ќе се трансформира во алатка за пресекување.

4. Се поставува покажувачот на глувчето над една од рачките околу слика-та (рачките на аглите се користат за отсекување на две страни истовре-мено).

5. Се повлекува рачката на сликата до потребната позиција.

Page 27: Power Point

6. Се отпушта копчето на глувчето и отсечените делови ќе ги снема.

���� Отсечените делови можат да се вратат веднаш по нивното отсекување со наредбата Edit→Undo. Подоцна, враќањето може да се постигне со повторување на претходната постапка при што рачките ќе се влечат во спротивната насока.

ЦРТАЊЕ РАМКА ОКОЛУ ОБЈЕКТ

Околу секој објект (слика, текст, и сл.) може да се нацрта рамка. Тоа се прави на следниов начин:

1. Се селектира објектот.

2. Се селектира наредбата Format→AutoShape. Ќе се појави интерактивен прозорец соодветен на типот на селектираниот објект (на пример, Format Autoshape) со картичка Colors and Lines.

3. Се избира бојата за линијата.

4. Се избира типот на линијата и нејзината дебелина. Ако линијата треба да биде испрекината, таа се избира во листата Dashed.

5. Се кликнува на копчето OK и рамката ќе се појави околу објектот.

ДОДАВАЊЕ СЕНКА НА ОБЈЕКТ

Додавање на сенка на објект се прави на следниов начин:

1. Се селектира објектот.

2. Се кликнува на алатките Shadow на лентата со алатки за цртање. Ќе се појави мени со опции за сенката.

3. Се кликнува на типот на сенка што треба да се користи. Сенката ќе се нанесе на објектот

Page 28: Power Point

���� Пофини дотерувања на сенката се постигнуваат со клик на копчето Shadow, а потоа со опцијата Shadow Settings….

���� Сенката од објектот се симнува со истата алатка, при што треба да се избере No Shadow.

ДОДАВАЊЕ НА 3-D ЕФЕКТ

3-D ефектите функционираат како сенки, но додаваат повеќе тродимензионален изглед. Тродимензионален изглед на објект на слајдот се постигнува на следниов начин:

1. Се селектира објектот.

2. Се кликнува на копчето 3-D на лентата со алатки за цртање. Ќе се поја-ви мени со опции за тродимензионалниот изглед.

3. Се кликнува на типот на ефектот што треба да се примени. Тродимензи-оналниот ефект ќе се примени на објектот.

���� Пофини дотерувања на тродимензионалните ефекти се постигнуваат со клик на коп-чето 3-D, а потоа со опцијата 3-D Settings….

���� 3-D ефектот од објектот се симнува со истата алатка, при што треба да се избере No 3-D.

Page 29: Power Point

КОПИРАЊЕ НА ИЗГЛЕД ОД ДРУГ ОБЈЕКТ

Ако слајдот содржи објект што има рамка, боја или сенка, тие својства можат да се ископираат и да се нанесат и на друг објект. Тоа се прави на следниов начин:

1. Се селектира објектот со својствата што треба да се копираат.

2. Се кликнува на копчето Format Painter на стандардната лента со алатки. PowerPoint ќе ги ископира својствата.

3. Се кликнува на објектот на кој треба да му се нанесат ископираните својства. PowerPoint ги нанесува својствата на тој објект.

БОИ ВО СЛАЈДОВИТЕ

ИЗБОР НА ШЕМА НА БОИ

Основниот избор на бои во презентацијата зависи од изборот на урнекот применет при креирањето на презентацијата или дополнително променет со Apply Design. Секој урнек содржи одреден број множества на професионално избрани бои за од-делните елементи на слајдот (Color Shemes) и за неговата подлога (Background).

� Шеми на бои (Color Shemes). Шема на бои е множество од професионално избрани бои што можат да се користат како примарни бои во презентацијата. Секоја шема на бои содржи бои за подлогите, линиите, текстовите, внатрешноста на облиците и дру-гите делови на слајдовите.

� Подлоги (Backgrounds). Подлоги се дизајни што определуваат како ќе биде обоен празен слајд.

Шемите на бои се применливи и доколку презентацијата е креирана без примена на урнеци (Blank presentation). Практично секој слајд, без оглед на тоа како е креиран, има одреден број стандардни колор шеми. Колор шемите начелно ги содржат исти-те бои, но е променета нивната примена на соодветните објекти.

���� На пример, за прикажување на екран, подлогата е темна со светол текст, за печатење на колор принтер подлогата е посветла со темен текст, а за печатење на еднобоен принтер, комбинацијата е црно бела.

Шема на бои може да се избере за еден слајд или пак, за сите слајдови во презента-цијата. Изборот на шема на бои се прави на следниов начин:

1. Се избираат слајдовите на кои што треба да им се промени шемата на бои (ако шемата на бои се менува само на одредени слајдови).

2. Се селектира наредбата Format→Slide Design и се отвора интера-ктивнaта лента за задачи Slide Design.

3. Се кликнува на линкот Color Schemes и се појавуваат дефинираните ко-лор шеми за соодветниот урнек.

Page 30: Power Point

4. Се кликнува на потребната шема на бои.

5. Секоја шема е и надолно мени. Ако покажувачот на глувчето се донесе на десната страна на шемата ќе се појави надолна стрелка. Со клик врз неа ќе се добие надолно мени. Се кликнува на опцијата Apply to Selected Slides ако шемата на бои треба да се примени на селектираните слајдо-ви, односно се кликнува на копчето Apply to All Slides ако таа треба да се примени на сите слајдови во презентацијата.

���� Шемата на бои може дополнително да се менува и уредува преку линкот Edit Color Schemes.

ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА ПОДЛОГАТА НА СЛАЈДОТ

Правилно избрана подлога дава професионален изглед на презентацијата. Подлога-та на слајдовите може да биде во која било боја, со премини од една во друга боја, може да биде шрафирана или пак, да се применат одредени текстури, а како подло-га на слајдот може да се постави и слика.

Подлогата на слајдот се менува на следниов начин:

Page 31: Power Point

1. Се избираат слајдовите чија подлога треба да се промени.

2. Се селектира наредбата Format→Background и ќе се појави интерактив-ниот прозорец Background.

3. Се кликнува и се отвора надолното мени Background fill.

4. На располагање се следниве опции:

Automatic го поставува за подлога она што Slide Master во моментот го содржи како подлога.

Solid Color овозможува избор на една од понудените бои.

More Colors отвора интерактивен прозорец со поголем избор на бои.

Fill Effects отвора интерактивен прозорец преку кој можат да се изберат повеќе ефекти за подлогата, како што е градиентен избор на бои и под-логи со шрафирања, текстури или слики.

5. Се кликнува на копчето Apply ако треба да се промени подлогата на се-лектираните слајдови, односно се кликнува на копчето Apply to All ако треба да се промени подлогата на сите слајдови во презентацијата.

ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА ОБЈЕКТИТЕ

На секој објект нацртан во PowePoint дополнително можат да му се менуваат бои-те. Кај линиите има една опција – да се промени бојата на линијата, а кај облиците и текст рамките може да се промени и бојата на внатрешноста и бојата на гранич-ната линија.

Бојата на линиите и/или бојата на нацртан објект се менува на следниов начин:

1. Се селектира објектот на кој му се менуваат боите.

2. Се селектира наредбата Format→AutoShape, по што ќе се отвори интера-ктивниот прозорец Format→AutoShape со повеќе картички.

3. Се кликнува на картичката Colors and Lines.

Page 32: Power Point

4. Во делот Fill се кликнува и се отвора надолното мени Color преку кое објектот може да се обои (ова не се однесува на нацртани објекти во вид на линија). На располагање се следниве опции на менито:

No Fill не го бои објектот.

Automatic го поставува за подлога она што е избрано во шемата на бои.

Solid Color овозможува избор на една од понудените бои.

More Colors отвора интерактивен прозорец со поголем избор на бои.

� Ако се кликне на опцијата Semitransparent ќе се постигне ефект на делумна проѕир-ност на објектот.

Fill Effects отвора интерактивен прозорец преку кој можат да се изберат повеќе ефекти за боењето, како што е градиентен избор на бои (премин од една боја во друга) и подлоги со шрафирања, текстури или слики.

Page 33: Power Point

5. Во делот Line се форматираат линиите или линиите граници на нацрта-ниот објект:

Се кликнува на надолното мени Color и се избира бојата на линијата (тоа се прави на сличен начин како што се избира бојата на објектот во претходниот чекор).

Се кликнува на надолното мени Dashed и се избира типот на линијата (испрекината, цела, составена од точки и сл.).

Се кликнува на надолното мени Style и се избира стилот на линијата (дебели, полни, двојни и сл.).

Дебелината на линијата се менува со промена на вредноста во текст рамката Weight.

6. Во делот Arrow може да се додаде стрелка на едниот или на двата краја од линијата.

7. Ако сите следни објекти што ќе се цртаат треба да ги имаат специфици-раните карактеристики, се кликнува на опцијата Default for New Objects.

8. Се кликнува на копчето ОК и промените ќе се имплементираат.

���� Со двоклик на објект што не е нацртан во PowerPoint (ако објектот е од Clip Gallery или е вметната слика од фајл) ќе се отвори интерактивниот прозорец Format Picture.

ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

БРЗО ПЕЧАТЕЊЕ

Мошне е лесно презентацијата да се отпечати со користење на стандардно дефини-раните параметри за печатење. Ова, всушност, значи да се печати врз основа на стандардно поставените опции во PowerPoint на принтерот дефиниран во Windows. Печатењето се врши на следниов начин:

Page 34: Power Point

1. Се селектира наредбата File→Print, по што се појавува интерактивниот прозорец Print или се кликнува на копчето Print на стандардната лента со алатки.

2. Се кликнува на OK.

���� Печатењето, исто така, може да се изврши со притискање на Ctrl+P без притоа да се појави интерактивниот прозорец Print.

ПРОМЕНА НА ПАРАМЕТРИТЕ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Ако е потребно презентацијата да се печати на поинаков начин од стандардно де-финираните параметри, на располагање е интерактивниот прозорец Page Setup. Промената на параметрите за печатење се прават на следниов начин:

1. Се селектира наредбата File→Page Setup, по што ќе се појави интера-ктивниот прозорец Page Setup.

2. Некоја од стандардните големини на печатените слајдови се одредува од надолното мени Slides sized for. Корисникот може и сам да ги одреди димензиите на печатените слајдови во текст рамките Width и Height.

3. Во текст рамката Number slides from се внесува бројот со кој почнува нумерирањето на првиот слајд.

4. Во секцијата Orientation се одредува ориентацијата на печатените мате-ријали во однос на страните на хартијата Portrait (исправена) или Landscape (легната). Во секцијата Slides се одредува ориентацијата на печатењето на слајдовите, а во секцијата Notes, handouts & outline се од-

Page 35: Power Point

редува ориентацијата на печатењето на забелешките и структурата на презентацијата.

5. Се кликнува на копчето OK.

ПЕЧАТЕЊЕ СО ПОМОШ НА ИНТЕРАКТИВЕН ПРОЗОРЕЦ

Некои параметри за печатењето, како што е на пример, изборот на принтер, печате-ње на повеќе копии или печатење на одредени слајдови од презентацијата, можат да се одредат во интерактивниот прозорец Print. Тоа се прави на следниов начин:

1. Се селектира наредбата File→Print, по што ќе се појави интерактивниот прозорец Print.

2. Во секцијата Printer се кликнува на надолното мени Name и се избира алтернативниот принтер, ако не се печати на принтерот што иницијално се појавува во менито Name.

���� За да се направат одредени прилагодувања на принтерот, се кликнува на копчето Properties и во интерактивниот прозорец што ќе се отвори можат да се одредат гра-фичкиот квалитет, големината на хартијата, начинот на нејзиното додавање и сл.

3. Во секцијата Print Range се избира кои слајдови ќе се печатат:

All за да се печатат сите слајдови во презентацијата.

Curent slide за да се печати само моментно прикажаниот слајд.

Slides, можат да се внесат броевите на слајдовите што треба да се печа-тат – на пример, 2-4 (од вториот до четвртиот) или 2,6 (вториот и шести-от) или нивна комбинација 2-4,6 (од вториот до четвртиот и шестиот).

4. Од надолното мени Print What се избира што ќе се печати: слајдови, прирачници, забелешки или контури.

5. Бројот на копиите се внесува во текст рамката Number of copies.

6. На располагање се и можностите:

Print to File. Оваа опција означува печатење во фајл (екстензија .PRN) наместо на принтер.

Page 36: Power Point

Collate. Ако се печати повеќе од една копија, со активирање на оваа оп-ција се постигнува печатење на слајдовите по ред (1,2,3,1,2,3), наместо печатење на сите копии на една страна одеднаш (1,1,2,2,3,3).

Scale to Fit Paper. Ако слајдот е поголем од страницата, со оваа опција тој се намалува за да застане на страницата.

Frame Slides. Оваа опција исцртува рамки околу секој слајд.

Print Hidden Slides. Ако во презентацијата има сокриени слајдови, со активирање на оваа опција и тие ќе се печатат. Ако нема сокриени слај-дови, оваа опција не е на располагање.

Include animations. Ако презентацијата содржи динамички елементи (анимации), оваа опција овозможува печатење на таквите елементи на најсоодветен начин.

7. Се кликнува на копчето OK.

ПРИКАЖУВАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

АКТИВИРАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Целта на изработката на презентацијата е нејзиното прикажување пред аудитори-ум.

���� Пред конечното прикажување, пожелно е корисникот да го провери текот на презен-тацијата и на тој начин да избегне евентуални грешки.

Презентацијата се активира на следниов начин:

1. Се отвора презентацијата.

2. Се кликнува на копчето Slide Show кое се наоѓа до копчињата за проме-на на погледот на презентацијата (долу лево на екранот). Се прикажува првиот слајд на презентацијата.

3. За да се прикаже наредниот слајд, се кликнува на левото копче на глув-чето. Истиот ефект ќе се постигне со притискање на копчињата Page Down, десната или долната стрелка на тастатурата.

За да се прикаже претходниот слајд, се кликнува на десното копче на глувчето. Истиот ефект ќе се постигне со притискање на копчињата Page Up, левата или горната стрелка на тастатурата.

4. За да се запре прикажувањето се притиска копчето Esc.

���� Презентацијата може да се активира и со наредбите View→Slide Show и Slide Show→View Show.

Page 37: Power Point

УПРАВУВАЊЕ СО ПРИКАЖУВАЊЕТО НА СЛАЈДОВИТЕ

Во текот на прикажувањето на презентацијата, покрај менувањето на слајдовите, на корисникот му се овозможени и други акции. Ако при прикажувањето се кликне со десното копче врз слајдот, ќе се појави мени од кое може да се избере некоја на-редба.

На располагање се следниве поважни можности:

Next и Previous овозможуваат движење низ слајдовите нанапред и нана-зад.

Go to Slide отвора мени со листа на слајдовите во презентацијата. Така може брзо да се помине на конкретен слајд.

Pointer Options овозможува да се избере боја за пенкалото и да се одреди дали покажувачот да биде прикажан или не. Arrow и Pen се опции за глувчето. Глувчето може да послужи како стрелка за покажување на од-делни делови на слајдот или пак, како пенкало за запишување на комен-тари врз слајдот или заокружување одредени области додека тој се об-јаснува.

Screen отвора подмени кое овозможува да се направи пауза во текот на презентацијата, да се затемни екранот или да се избрише она што е на-пишано со пенкало при презентацијата на тековниот слајд.

End Show го прекинува извршувањето на презентацијата.

���� Презентацијата може да се прикажува и во свој посебен прозорец на екранот. За таа цел се селектира наредбата Slide Show→Set Up Show и се активира опцијата Browsed by an individual (window).

���� Ако презентацијата треба да се прикажува континуирано (да се повторува) во интера-ктивниот прозорец Set Up Show се селектира опцијата Loop continuously until ‘Esc’

ДОДАВАЊЕ КОПЧИЊА ЗА АКЦИЈА НА СЛАЈДОВИТЕ

Наједноставен начин на движење низ слајдовите е со помош на копчињата на та-статурата, меѓутоа овој метод има сериозен недостаток поради секвенцијалниот на-чин на промената на слајдовите (еден по еден).

���� Можноста за додавање на копчиња за акции на слајдовите е особина на PowerPoint која овозможува брзо поминување на кој било слајд нанапред, наназад или пак, запи-рање на презентацијата.

Копчиња за акција на слајд се додаваат на следниов начин:

Page 38: Power Point

1. Се избира слајдот на кој му се додаваат копчиња за акција.

2. Се селектира наредбата Slide Show→Action Buttons и се избира едно од можните копчиња за акција. На пример, ако се креира копче за движење кон следниот слајд, се избира копчето со стрелка која покажува на дес-но.

���� Изборот на копчето е индивидуална работа. На секое копче може да му се додаде ак-ција која корисникот дополнително ја одредува. Меѓутоа, пожелно е копчето да асо-цира на акцијата која ќе ја иницира.

3. Се исцртува копчето на ист начин како што тоа се прави со другите об-лици во PowerPoint (AutoShapes).

4. Се отвора интерактивниот прозорец Action Settings од кој може да се из-бере акцијата што ќе му биде доделена на копчето. На располагање се:

None. Ова се избира ако на копчето не му се доделува акција.

Hyperlink To. На копчето му се доделува акција од надолното мени. Тоа може да биде повикување на првиот слајд (First Slide), последниот (Last Slide), претходниот (Previous Slide), следниот (Next Slide), одреден слајд во презентацијата (Slide), друга презентација (Other PowerPoint Presentation) и сл.

Run Program. Акцијата може да биде повикување на некоја апликација.

Run Macro. Акцијата може да биде и повикување на макро.

5. Се селектира опцијата Play Sound и се избира звукот од листата ако при кликнувањето на копчето за акција во текот на презентацијата треба да се слушне звучен ефект.

6. Се кликнува на копчето OK и копчето за акција ќе се појави на слајдот.

���� Со додавање на копчињата на Slide Master, тие ќе се појавуваат на секој слајд на пре-зентацијата освен на првиот.

Page 39: Power Point

ПРЕОДНИ ЕФЕКТИ И ИЗГРАДУВАЊЕ НА СЛАЈДОВИТЕ

Иницијално, при изведувањето на презентацијата, слајдовите се прикажуваат одед-наш. При движењето низ слајдовите, веднаш по акцијата која предизвикала проме-на на слајдот, новиот слајд се прикажува комплетно на екранот. Особено импре-сивни ефекти во текот на прикажувањето на презентацијата можат да се постигнат со користење на можностите за дефинирање на преодните ефекти на елементите на слајдовите и на самите слајдови.

Одредување на преоден ефект на слајдовите се прави на следниов начин:

1. Се селектираат слајдовите на кои им се додаваат преодни ефекти.

2. Се селектира наредбата Slide Show→Slide Transition, по што се појавува интерактивната лента за задачи Slide Transition.

3. Се избира преодниот ефект за селектираните слајдови и се одредува не-говата брзина. Исто така, може да се одреди звукот со кој ќе биде прос-ледена промената на слајдот.

Иако со претходната постапка е одреден преодниот ефект при промената на еден слајд со друг, слајдот по преодниот ефект ќе се прикаже комплетно. Постои мож-ност за постепено изградување на слајдот, што е особено корисно при објаснување на слајдови што содржат тези (цртички или набројувања). Притоа, на екранот може да се појави теза, таа се објаснува, па дури тогаш се појавува следната теза. Посте-пено изградување на слајдовите и специјални ефекти на изградувањето се постиг-нуваат на следниов начин:

1. Се селектира елементот на слајдот на кој му се одредуваат ефекти.

2. Се селектира наредбата Slide Show→Custom Animation, по што се поја-вува интерактивната лента за задачи Custom Animation.

Page 40: Power Point

3. Се кликнува на копчето Add Effect и од менито што ќе се појави се из-бира ефектот при прикажување на елементот (Entrance) или при отстра-нување (Exit). Се избира ефектот од множеството понудени ефекти.