Top Banner
1 Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА - Отсек за информатика и компјутерска техника - 3D моделирање на фелна во SolidWorks - самостоен проект - Ментор: Ред. проф. д-р Игор Неделковски Кандидат: Урим Сули Битола, 2010
23

Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

Oct 30, 2014

Download

Documents

Urim Suli
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

1

Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

- Отсек за информатика и компјутерска техника -

3D моделирање на фелна во

SolidWorks - самостоен проект -

Ментор:

Ред. проф. д-р Игор Неделковски

Кандидат:

Урим Сули

Битола, 2010

Page 2: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

2

Членови на комисијата:

Проф. д-р Име Презиме, претседател

Проф. д-р Игор Неделковски, ментор

Проф. д-р Име Презиме, член

Датум на одбрана:

ХХ.ХХ.2010, ХХ:ХХ часот

Page 3: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

3

Содржина: Впвед .............................................................................................................................................. 4

Кратка историја за SolidWorks...................................................................................................... 5

1. Почеток на работа во SolidWorks 2010 .................................................................................... 6

1.1 Стартување на SolidWorks 2010 ......................................................................................... 6

1.2 Работниот простор на SolidWorks, Панели (Panels) ......................................................... 7

1.3 Делови на SolidWorks прозорец ......................................................................................... 7

1.3.1 Лента со мениа (Menu Bar).......................................................................................... 7

1.3.2 Мениjата на SolidWorks .............................................................................................. 8

1.3.3 Паѓачко мени со опции за помош ..............................................................................8

1.3.4 Полето за пребарување во SolidWorks ...................................................................... 8

1.3.5 Командна лента ........................................................................................................... 8

1.3.6 Менаџерот за својства (PropertyMаnager).................................................................. 8

1.3.7 Менаџерот за конфигурирање (Configuration Manager) .......................................... 9

1.3.8 Менаџерот за функциите-дизајн дрво (Feature Manager design tree) ..................... 9

1.3.9 Алатки за приказ на проектот (Heads-up View Tools) ............................................. 9

1.3.10 Графичка област (Graphics Area)............................................................................. 9

1.3.11 Панелот со задачи (Task Pane).................................................................................. 9

1.3.12 Статусна лента (Status Bar)..................................................................................... 10

2 Стартување на SolidWorks ....................................................................................................... 11

2.1 Креирајте го проектот ........................................................................................................ 11

3 Креирање на фелна во SolidWorks .......................................................................................... 12

3.1 Изработка на 2D облик ...................................................................................................... 12

4 Креирање 3D модел од дводимензионалниот цртеж ............................................................ 15

4.1 Користење на алатката Revolved Boss/Base ...................................................................... 15

4.2 Цртање на помошни централни линии ............................................................................. 16

4.2.1 Креирање на нова површина .................................................................................... 16

4.2.2 Креирање на краците ................................................................................................. 17

4.2.3 Користење на алатката Extruded Cut ....................................................................... 19

4.2.4 Креирање на отвори за завртките ............................................................................ 20

5 Креирање лежиште за краците ................................................................................................ 21

5.1 Изработка на 2D облик ...................................................................................................... 21

5.2 Транзиција на лежиштето од 2D во 3D .............................................................................22

6. Заклучок ................................................................................................................................... 23

7. Референци ................................................................................................................................ 23

Page 4: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

4

Вовед Во овој проект ќе се запознаеме со една софтверска апликација која се користи за 3D

анимација, 3D моделирање – SolidWorks. Пред да почнеме да работиме со SolidWorks

мораме да се запознаеме со основите на корисничкиот интерфејс на SolidWorks.

Корисничкиот интерфејс во SolidWorks се состои од менија, икони, панели, прозори, а

постои и командна линија за внесување на команди. Преку нив имаме пристап до

функциите и алатките кои ни овозможуваат да креираме, анимираме и да ги рендерираме

нашите тридимензионални објекти во SolidWorks. Корисничкиот интерфејс на SolidWorks

се состои од голем број на алатки, едитори и контроли. Пристапот кон нив е преку

главните менија или користејќи кратенките (shortcuts) за да го забрзаме работниот процес,

SolidWorks е дизајнирана да ни овозможи да го конфигурираме и користиме интерфејсот

како што нам најмногу ни одговара.

За да работиме со објектите, имаме можност да внесуваме нумерички вредности или

можеме да користиме визуелни рачки за манипулација наречени манипулатори, со коишто

може интерактивно да ги менуваме вредностите.Овие рачки ни овозможуваат да ги

едитираме вредностите со едноставно кликнување и влечење – (click'n'drag).

Во овој проект ќе научиме кратка историја за SolidWorks и како да:

- Да го користиме интерфејсот на SolidWorks за да можеме да сфатиме каде и како да

имаме пристап кон клучните алатки за користење на SolidWorks.

- Да ги разбереме менијата и иконите на SolidWorks

- Да ги научиме имињата на алатките кои одговараат на одредени икони во SolidWorks

- Да креираме примитивни и сложени 3D објекти

Page 5: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

5

Кратка историја за SolidWorks

SolidWorks е механички 3D CAD (computer-aided design), програма која работи на Microsoft

Windows и е развиен од страна на Dassault Systèmes Solid Works Corp, подружница на

Dassault Systèmes, S. A. (Vélizy, Франција). SolidWorks во моментот го користат околу 1,3

милиони инженерите и дизајнерите во повеќе од 130.000 компании низ целиот свет.

SolidWorks првпат беше лансиран во 1995 година како конкурент на CAD програмите, како

што се PRO / ENGINEER, AutoCAD, и Unigraphics Solutions АД.

SolidWorks е основана во 1993 година од Џон Хирштик, кој регрутираше тим од инжењери

за да изгради компанија која ке развие 3D CAD софтвер кој е лесен за употреба, пристапен.

Со седиште во Конкорд, Масачусетс, го објави својот прв производ, SolidWorks 95, во 1995

година. Во 1997 година Dassault Systèmes ја покажува компанијата во добро светло со

најдобро познатиот Catia CAD софтвер.

Година на објавување на пакетите SolidWorks:

Име/Верзија Дата

Solidworks 95 1995

Solidworks 2001 2001

Solidworks 2004 2003

Solidworks 2006 2005

Solidworks 2007 2006

Solidworks 2008 2007

Solidworks 2009 9/18/2008

Solidworks 2010 10/8/2009

Solidworks 2011 10/18/2010

Page 6: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

6

1. Почеток на работа во SolidWorks 2010

1.1 Стартување на SolidWorks 2010 Стартувањето на SolidWorks се врши со помош на иконата коа се наоѓа на десктопот,или со

помош на Start-менито на следниов начин: Start – All Programs – Autodesk – SolidWorks

2010- SolidWorks 2010.

Во зависнот од тоа дали ке цртаме нов тридимензионален дел, ке составуваме повеке

тридимензионални делови или пак ке цртаме двадимензионален дел одбираме во првиот

прозорец кој што се појавува одкако одбираме нов проект како на сл. 1.

Слика 1. Отворање нов или постоечки проект

Пред да почнеме да работиме со SolidWorks мораме да се запознаеме со основите на

корисничкиот интерфејс на SolidWorks.Сл. 2 Корисничкиот интерфејс во SolidWorks се

состои од менија, икони, панели, прозори а постои и командна линија за внесување на

команди. Преку нив имаме пристап до функциите и алатките кои ни овозможуваат да

креираме, анимираме и да ги рендерираме нашите тридимензионални објекти.

Page 7: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

7

1.2 Работниот простор на SolidWorks, Панели (Panels)

Слика 2. Кориснички интерфејс на SolidWorks

Работниот простор на SolidWorks е местото каде ќе го поминуваме поголемиот дел од

времето при работа со SolidWorks.

1.3 Делови на SolidWorks прозорец За подобро да се запознаеме со работната површина на SolidWorks, ќе ги проучиме

неговите делови и ќе кажеме неколку реченици за секој од нив:

1.3.1 Лента со мениа (Menu Bar) Главното мени е позиционирано во горниот лев дел на корисничкиот интерфејс на

SolidWorks веднаш под заглавјето на прозорецот и содржи множество од најчесто

користени копчиња од лентата со алатки Standard Сл.2.1

Слика. 2.1

Со кликнување на стрелката надолу веднаш до секое копче од

алатките, може да се прошири тоа да се прикаже паѓачко мени

со дополнителни функции. Ова ви овозможува пристап до

повеќето од менито Датотека команди од алатникот. На пример

сл.2.2 паѓачкото мени на алатката Save (Зачувај) се отвара мени

(Save) Зачувај, (Save As) Зачувај под друго име и (Save All)

Зачувај ги сите проекти. Слика. 2.2

Page 8: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

8

1.3.2 Мениjата на SolidWorks сл. 2.3 1.3.3 Паѓачко мени

со опции за помош

сл. 2.5 (Help flyout menu)

Слика. 2.3

Менијата се видливи кога ќе го поместите глушецот над или

кликнете на логото SolidWorks. Лентата со алатки се движи

надесно. Можете да ги закачите менијата со последното копче

во лентата за да ги задржиме менијата видливи цело време.

1.3.4 Полето за пребарување во SolidWorks сл.2.4

(Search Assistant)

Слика. 2.4

Слика. 2.5

1.3.5 Командна лента Командната лента е алатник осетлив на содржината кој динамички се менува во зависност

од тоа кој алатник ни е потребен. Стандардно активен е алатникот во зависност од типот на

проектот.

Кога ке кликнете на некое јазиче под Командната лента, тоа се менува и се покажуваат

други алатки во Командната лента. На пример, ако кликнете на јазичето (Sketch)

Скицирање, на Командната лента се појавуваат алатки за скицирање сл. 2.6

Слика. 2.6 Командна лента

1.3.6 Менаџерот за својства

(PropertyMаnager) Менаџерот за својства се појавува на табот

PropertyMаnager во панел од левата страна од

графичката област. Тоа се отвара кога ке одберете

субјекти или команди дефинирани во менаџерот за

својства сл. 2.7. Во случај ако не е активен

PropertyMаnager, тогаш истото можеме да го

најдиме во лентата со мениа Tools, Options, System

Options, General, Auto-Show PropertyMаnager.

Слика. 2.7 Менаџерот за својства

Page 9: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

9

1.3.7 Менаџерот за конфигурирање (Configuration Manager)

Менаџерот за конфигурирање е средство за создавање, селектирање и гледање на повеќе

конфигурации од делови и склопови во некој документ.

За да го активирате менаџерот за конфигурирање кликнете на јазичето

ConfigurationMаnager кое се наоѓа во менаџерот за својства.

1.3.8 Менаџерот за функциите-

дизајн дрво (Feature Manager

design tree) Менаџерот за функциите дизајн дрво

ви овозможува да имате прегледност и

врз менаџерот за својства(property

manager) и врз менаџерот за

функциите-дизајн дрво(feature manager

design tree) во исто време. Понекогаш

полесно е да се одбери предмет во

Feature Manager design tree од колку

во самиот график. Освен тоа Feature

Manager design tree можете да го

сокриете, да ја промените

транспарентноста итн. Сл.2.8

Слика 2.8 Feature Manager design tree

1.3.9 Алатки за приказ на проектот (Heads-up View Tools) Алатките за приказ

на проектот се наоѓаат во транспарентната лента која обезбедува приказ со сите потребни

стандардни алатки за

манипулирање со погледот

Прилагодување на ставовите на камерата се дефинираат со паѓачкото мени од алатката

View Orientation

1.3.10 Графичка област (Graphics Area) Графичката област е работната површина каде што корисникот црта, моделира итн.

1.3.11 Панелот со задачи (Task Pane) Панелот со задачи се појавува кога ќе се отвори SolidWorks софтверот. Панелот ги содржи

следните јазичиња:

\ SolidWorks Групи на команди за да започнете, заедница, и интернет

Resources ресурси, плус совет на денот.

Design Library Еднократни делови, склопови, како и други елементи,

вклучувајќи функции од библиотека.

Page 10: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

10

File Explorer Дупликат на Windows Explorer на вашиот компјутер, плус

скорешни документи и отворени во SolidWorks. Ако

SolidWorks Workgroup PDM се додаде, табот се менува во

Search Резултати од пребараните операции.

View Palette Слики од стандарден приказ, приказ на коментари, приказ на

делови и паушални шаблони (метални делови)

Document Recovery Ако автоматско оправање, е уклучено во Tools, Options,

Backup/Recover и системот ненадејно исклучи, опоравените

податоци се појавуваат следниот пат кога ке ја стартувате

апликацијата.

Appereances, Библиотека за изгледот на деловите и сцените

Scenes, and Decals

Custom Properties Алатка за внесување сопствени параметри на SolidWorks

датотеките.

1.3.12 Статусна лента (Status Bar) Статусната лента која се наоѓа на дното на прозорецот SolidWorks која обезбедува

информации поврзани со функциите кои што се во тек.

За да ја прикажите или скриете статусната лента кликнете View, Status Bar.

Page 11: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

11

2 Стартување на SolidWorks За да започнеме со работа, потребно е да ја стартуваме SolidWorks :

• Кликнѕваме двапати на иконата на SolidWorks на десктопот

или кликнуваме на start менито, All Programs, SolidWorks 2010, SolidWorks 2010

2.1 Креирајте го проектот

Одкако ке се отвори прозорецот SolidWorks од лентата со менија одбираме File, New и се

појавува прозорецот New SolidWorks Document. Со овој прозорец SolidWorks ви

овозможува да креирате три различни типови на датотеки; делови(Parts), збир од повеќе

делови(Assemblies), како и цртежи(Drawings).Деловите(Parts) се 3D репрезентација на

еденa дизајнирана компонента, збирот од повеќе делови(Assemblies) претставува уредување

на повеќе делови и склопови а додека цртежите(Drawings) претставуваат 2D инженерски

цртеж на некој објект.

Во дијалог прозорецот изберете Parts и кликнете OK.

Во менито дрво од лево одберете FrontPlane (1), Потоа во алатките за приказ на

проекто кликнуваме на копчето за приказ на страните и одбираме повторно

Front(2). Предната површина треба да се појави како 2D правоаголник каде што ке

скицирате сл.2.1.

Слика 2.1 Избирање на површина

Page 12: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

12

На хоризонталната командна лента со алатки изберете Sketch. Забележувате дека кога

ке го поместите курсорот од маусот над стрелките во работната површина, црвена

точка се појавува. Таа точка претставува почетната точка и сите ваши фигури ке ја

користат таа точка како референтна точка.

3 Креирање на фелна во SolidWorks

Делот што ке го цртаме е едноставен дизајн на тркало. Главна цел на проектот е да се

запознаете со основните алатки кој се потребни за дизајнирање на 3D моделирањето, како

што се: алатките за вртење на површина, вдлабнување на објект, сечење, кружни шеми итн.

3.1 Изработка на 2D облик

Одкако работната површина е уредена и спремна за цртање почнуваме со цртање на 2D

скица бидејќи пред да можете да создадете 3D дизајн секогаш мора прво да креирате 2D

цртеж.

Како мерна единица за изработка на цртежот ке користиме милиметри. За да ја смените

мерната единица во SolidWorks од менијата одбираме Tools, Options, во прозорецот што ке

се отвори System Options – General, го избираме јазичето Document Properties, кликнуваме

во Units и во делот Unit system одбираме MMGS (millimeter, gram, second) и кликнуваме

OK.

Од командната лента одбираме Line и започнуваме со цртање

на следниот 2D облик сл.3.1

Повлечете надолу 35mm вертикална линија (правата линија

обоена со црна боја) 35mm под почетната точка. Продолжете

со втора линија надолу и надесно околу 9mm под 135 степени

агол. Третата линија продолжува надолу со должина од

116mm но во пооштар агол од предходната линија. Следната

линија продолжува налево со должина 62mm и под прав агол

со предходната линија. Потоа повлечете хоризонтална линија

надесно со должина од 69mm. Наредната линија повлечете ја

нагоре под агол од 120 степени и со должина од 32mm.

Продолжете со друга линија нагоре со должина од 120mm

која ке биде паралелна со линијата лево од неа (третата

линија) како што е покажано на сликата 3.1. Сега повлечете

линија нагоре со должина од 13mm која што ке биде

паралелна на втората линија од цртежот. Од тука повлечете

вертикална линија нагоре со должина од 15mm и на крај

поврзете ги последната точка со почетната од цртежот.

Слика 3.1

Page 13: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

13

Одкако ке се затвори цртежот повлечете уште само една централна линија(испрекината)

која ке ни послужи покасно за добивање на 3D моделот. Потоа внесете ги димензиите како

на слика 3.2, внесувајќи еднаш должините почнувајќи од должината која изнесува 200mm,

а потоа аглите почнувајќи од аголот кој изнесува 10 степени.

Слика 3.2

Page 14: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

14

Одкако ке ги додадете сите димензии додадете ги и филетите (кружни лакови) но пред да

го направите тоа за подобра прегледност исклучете ги односите помеѓу линиите а тоа се

прави на следниот начин: од лентата со мениа одберете го паѓачкото мени View

одштиклирајте алатката Skech Relations. Одкако ке ги исклучите односите помеѓѕ линиите

почнете да ги заметите оштрите рабови со филети (кружни лакови) како на сликата 3.3. На

шест места е користен кружен лак со радиус од 6mm и еден кружен лак со радиус 25mm.

Слика 3.3

Page 15: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

15

4 Креирање 3D модел од

дводимензионалниот цртеж

4.1 Користење на алатката Revolved Boss/Base

Без да излезиме од цртежот со опцијата Exit Sketch, од командната лента кликнуваме на

јазичето Features и ја одбираме алатката Revolved Boss/Base , или од лентата со мениа

кликнуваме Insert и од паѓачкото мени одбираме Boss/Base, Revolve…

Во работната површина одберете ја централната линија (испрекинатата линија) која

поминува низ координатниот почеток која ке биде како оска околу која ке ротира

дводимензионалниот цртеж. Проверете само уште аголот со ке ротира 2D цртежот да биди

360 степен

Одкако ке кликниме на Revolve треба да се појави 3D модел како на сликата 4.1 и следно

треба само да ја одобриме командата со кликнуванје на знакот .

Слика 4.1 Revolved Boss/Base

Ова е првиот чекор за создавање на тркалото. Следниот чекор е да се спреми моделот за

креиранје на краците на тркалото.

Page 16: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

16

4.2 Цртање на помошни централни линии

За креирање на краците прво треба да нацртаме

скица на предната површина од моделот. Прв чекор

е да нацртаме две централни линии како што е

покажано на слика 4.2 кои што ке ни користат за

ориентација на површината на која ке цртаме и

формата на краците. Обрнете внимание само на

закосената централна линија чииј почеток треба да

биди поврзан со предниот раб на тркалото како што

е покажано со црна точка во сликата.

Одкако ке ги нацртаме двете централни линии му

задаваме димензија агол на закосеност и

кликнуваме на кочето Exit Sketch од командната

лента.

4.2.1 Креирање на нова површина Слика 4.2 Централни линии

Сега потребно е да ја копираме површината со поглед од десно која ке лежи на почетната

точка на закосената централна

линија. За да го направиме тоа

во Менаџерот за функциите-

дизајн дрво (Feature Manager

design tree) кликнете ја

површината со поглед од десно

(Right Plane) така што ке се

појави правоаголник околу

објектот. Одкако ке се појави

правоаголникот притиснете го

тастерот ctrl и држејќи го

притиснат кликнете со левиот

клик на маусот над

правоаголникот и повлечете го

надесно и отпуштете го кликот

на маусот. Во работната

површина изберете ја почетната

точка на закосената централна

линија како што е покажано на

слика 4.3. Одкако ке го добиете

исто како на сликата кликнете

на знакчето за одобрување

Слика 4.3 Креирање нова површина

Page 17: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

17

4.2.2 Креирање на краците

Ја селектираме новата површина и кликнуваме Sketch како на слика 4.4

Слика 4.4 Започнување со скица на нова површина

Одкако ја одбериме новата површина, го селектираме надворешниот круг на објектот и

кликнуваме на алатката Conver Entities од “Sketch” јазичето од командната лента, или од

лентата со мениа “Tools”

одбираме Sketch,

Tools – Convert Entities.

Потоа со алатката

Centerpoint Arc

цртаме полу круг со

радиус 15mm и центар во

почетната точка на

закосената централна

линија. Одкако го

цртаме полукругот, ја

одбираме алатката Line

и повлекуваме тангенти

од двете страни на

полукругот и ги

поврзуваме со

надворешниот круг на

моделот како на слика 4.5

Слика 4.5 Скица од еден од краците

Page 18: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

18

Одкако ке добиете скица како на сликата со алатката Trim Entities ги спојувате

крајните точки на полукругот со почетните точки на тангентите кои лежат на тој кружен

лак.

Слика 4.6 Пред користење на Слика 4.7 По користење на

Trim Entities алатката Trim Entities алатката

Последен чекор е уште да му зададеме димензија од по 25mm на аголите помеѓу тангентите

и закосената централна линија како во следната слика.

Слика 4.8 Задавање димензии на аглите

Page 19: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

19

4.2.3 Користење на алатката Extruded Cut

По завршувањето на скицата за кракот на фелната, од алатките за приказ на објектот го

менуваме погледот во Isometric за поубава прегледност. Од команднаа лента кликнуваме на

јазичето Features, ја избираме алатката Extruded Cut, во менаџерот за функции, во делот

Direction 1, одбираме Through All за исечокот да биде низ целиот дел, потоа кликнуваме во

внатрешноста на претходно нацртаната скица од кракот како на слика 4.9 и кликнуваме ОК

за да се изврши операцијата Extruded Cut

Слика 4.9 Extruded Cut

Следен чекор е да направиме кружна шема

(Circular Pattern) од исечокот за да ги

креираме и останатите краци. Се што треба

да направиме е да кликнеме на алатката

Circular Pattern од командната лента, потоа

во левата страна во менаџерот за функции

во делот Features to Pattern го одбираме

исечениот дел а додека во делот Parameters

кликаме во празното поле и потоа во

централната линија која поминува низ

координатниот почеток која ке ни служи

како оска околу која ке се нацртат другите

краци, притоа ке обрниме внимание во

аголот на вртење да изнесува 360 степени

и бројот на инстанти да изнесува 5 кои

исто така се наогаат во делот Parameters

како што е покажано на следната слика. Слика 4.10 Circular Pattern

Page 20: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

20

4.2.4 Креирање на отвори за завртките

Одбираме преден приказ на објектот потоа кликаме и на предната површина од менаџерот

за функциите и почнуваме со цртање 2D скица која потоа ке ја искористиме за да го

направиме отворот како на слика 4.11. Притоа обрнете внимание, најлевата вертикална

линија од 2D скицата да се совпаѓа со почетната точка на координатниот почеток а додека

најдесната вертикална линија да биди колинеарна со десниот раб на објектот.

Слика 4.11 2D скица од отворот

Одкако ке биди нацртан 2D цртеж од командната линија кликаме во јазичето Features, ја

одбираме алатката Revolved Cut, потоа кликаме во полето за оскина револуција и ја

селектираме долната хоризонтална линија од 2D цртеж и кликаме на ОК знакот за

одобрување на операцијата.

Одкако го креиравме

отворот од командната

лента ја одбираме алатката

Circular Pattern и лево во

менаџерот за својства ја

активираме оскината шема

со клик и потоа ја

селектираме централната

линија која што поминува

низ координатниот почеток.

Одкако ке се појават жолти

кругови во објектот кликаме

на ОК знакот за одобрување

на операцијата.

Слика 4.12 Креирање на останати отвори

Page 21: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

21

5 Креирање лежиште за краците

5.1 Изработка на 2D облик За да го нацртаме дводимензионалниот облик како прво треба да ја одбериме предната

површина и да започнеме со цртање на цртеж како на слика 5.1 притоа да обрниме

внимание десната страна на цртежот да биде колинеарна со десната површина Plane1 и

горната линија на цртежот да биде колинеарна со долниот раб на објектот.

Слика 5.1 2D шема од лежиштето

Потоа додадете филети(кружни лакови) на рабовите како на следната слика почнувакќи од

најголемите кружни лакови продолжуваќи кон помалите надолу.

Слика 5.2 Додавање на кружните лакови

Page 22: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

22

5.2 Транзиција на лежиштето од 2D во 3D

Без да излезиме од цртежот со опцијата Exit Sketch, од командната лента кликнуваме на

јазичето Features и ја одбираме алатката Revolved Boss/Base , или од лентата со мениа

кликнуваме Insert и од паѓачкото мени одбираме Boss/Base, Revolve…

Во работната површина одберете ја централната линија (испрекинатата линија) која

поминува низ координатниот почеток која ке биде како оска околу која ке ротира

дводимензионалниот цртеж. Проверете само уште аголот со ке ротира 2D цртежот да биди

360 степен

Одкако ке кликниме на Revolve треба да се појави 3D модел како на сликата 5.3 и следно

треба само да ја одобриме командата со кликнуванје на знакот .

Слика 5.3 Конечниот изглед на 3D Фелна

Page 23: Diplomska SOLID WORKS Urim Suli 1263

23

Слика 5.4

6. Заклучок

SolidWorks е 3D CAD механичка софтверска апликација која се користи за 3D

моделирање, симулација, рендерирање. SolidWorks најчесто е користена за дизајнирање на

механички делови и склопови и е користена од над 1.3 милиони инжинери и дизајнери во

повеќе од 130 000 фирми по светот.

Со обработка на оваа тема мене како студент ми се отвори еден нов агол на технологија кој

дефинитивно вреди да се знае и работи. Со овој самостоен проект, јас се обидов да

направам нешто со оваа софтверска апликација, со која ќе можам понатаму да изработувам

и многу други 3D модели кој се разбира ќе бидат и посложени. Ова е само еден дел од

можностите кој ни ги нуди SolidWorks.

7. Референци

1. http://en.wikipedia.org/wiki/SolidWorks#History 2. http://help.solidworks.com/