Top Banner
117 Обработка на текст СОДРЖИНА: MS Word - пОчетНИ елемеНтИ пИшувАње текСт ОпеРАцИИ СО текСт НАбРОјувАње (кРеИРАње лИСтИ) ГРАфИчкИ елемеНтИ РАбОтА СО тАбелИ печАтење ДОкумеНт
34
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: 6 Word

117

Обработканатекст

СОДРЖИНА:

MSWord-пОчетНИелемеНтИ

пИшувАњетекСт

ОпеРАцИИСОтекСт

НАбРОјувАње(кРеИРАњелИСтИ)

ГРАфИчкИелемеНтИ

РАбОтАСОтАбелИ

печАтењеДОкумеНт

Page 2: 6 Word

118

6 Обработка на текст

ОСНОвИНАОбРАбОткАНАтекСтНајчестата примена на компјутерите е за обработка на текст.

Програмите за обработка на текст овозможуваат пишување, уредување и печатење писма, статии, книги и други текстови. Карактеристика на овие програми е тоа што внесувањето текст е одделено од печатењето, така што секој текст пред да се отпечати може да се провери и да се отстранат грешките. Освен тоа, секој текст може дополнително да се измени и да му се определи изглед по желба.

Ти веќе се запозна со програмата Notepad, а сега ќе се запознаеш со програмата Microsoft Word, која дава поголеми можности. Можеш да одбереш вид, големина и боја на буквите, положба и ширина на текстот. Во текстот можеш да вметнеш слики, графикони, табели и други графички елементи.

MicroSoftWord-пОчетНИелемеНтИ

Новипоими:

Стандардна лента, Лента за форматирање, Статусна лента, Курсор, Линеар.

Мicrosoft Word уште го нарекуваме MS Word или само Word. Word се користи за креирање и уредување документи. Креирање документ е внесување текст преку тастатурата, уредување е определувањето на конечниот изглед на текстот.

Word има многу можности, и е едноставен за користење и лесно се учи. Набргу ќе можеш да пишуваш состави, песни, писма, да креираш интересни покани за роденденски и други забави, честитки за празници, пофалници, дипломи, сами да си направите распоред на часови и многу други интересни нешта.

пишувањедокументWord овозможува заштеда на време при пишување на документ. Можеш да внесуваш, бришеш и менуваш текст. Многу лесно можеш да поправиш грешки.

уредувањедокументWord овозможува уредување документ по желба. Можеш да користиш различни стилови за да истакнеш важни работи. Можеш да креираш листи за набројување, да вметнеш број на страници и друго.

печатењедокументТвојот документ можеш да го отпечатиш на хартија. Пред печатењето можеш да погледнеш каков изглед би имал отпечатениот документот.

Забелешка:Иако постои

понова верзија на програмата Microsoft Word,

во книгава е обработена

верзијата 2003, поради фактот

што оваа верзија е најчесто користена во училиштата, а и

во домовите.

Page 3: 6 Word

6

119

Обработка на текст

АктивирањенапрограматаMicrosoftWordПрограмата Microsoft Word можеш да ја активираш на еден

од следниве начини: ♦ Доколку имаш икона за Microsoft Word , кликни двапати

на неа; или ♦ Кликни на копчето , потоа на (All) Programs, на Mi-

crosoft Office и на крај на Microsoft Word. Изглед на работен прозорец на програмата Microsoft Word Кога ќе ја активираш програмата Microsoft Word, ќе добиеш

прозорец како на сликата подолу. Овој прозорец ги има сите елементи како и другите прозорци во Windows.

Најголемиот простор го зазема работната површина која наликува на празен бел лист хартија на кој можеш да внесуваш текст. - Насловнаталента (title bar) го содржи името на апликацијата

и тековниот документ од левата страна. - лентата со менија (menu bar) овозможува пристап до сите

наредби и опции во програмата. Менијата содржат наредби групирани според намената.

- Стандарднаталента (standard bar) содржи алатки со кои се обезбедува многу побрз пристап до наредбите како печатење, зачувување и други.

- лентата за форматирање (formatting bar) содржи алатки со кои се обезбедува многу побрз пристап до наредбите за

Насловна лента

Стандардна лента

Статусна лента

Лента со менија

Линеари

Курсор

Ленти за движење

Лента за форматирање

Лента за цртање

Совет:Постави го покажувачот од глувчето (но, не кликнувај) на која било од алатките, почекај малку и ќе го добиеш описот на алатката.

Page 4: 6 Word

120

6 Обработка на текст

уредување текст. - Статуснаталента (status bar) дава информации за документот,

како што се позиција на курсорот, број на страници и број на тековната страница.

- линеарите (rulers) определуваат колкава ќе биде ширината и висината на текстот.

- лентитезадвижење овозможуваат движење низ текстот за да ја видиме целата содржина на документот.

- курсорот (cursor) е вертикалната црта што трепка и го определувато место каде ќе се внесе текст во документот.

- лентатазацртање(drawing bar) содржи алатки со кои можеш да вметнеш графички елементи во документот.

прилагодувањенаработнатаоколинаРаботната околина можеш да ја прилагодиш на своите потреби.

прикажувањеленти1 Доколку не ги гледаш лентите на

екранот, вклучи ги со наредбата Toolbars од менито View.

2 Во листата, прикажаните ленти се означени со знакот . Кликни на лента што сакаш да биде прикажана.

прикажувањелинеарСлично, линеарите ќе ги вклучиш со наредбата Ruler од менито

View. Кога линеарот е прикажан ќе биде означен со знакот .

поместувањелентиПозиционирај се на копчето кое се наоѓа

на левата страна од лентата. Курсорот ќе го добие овој облик . Кликни и повлечи ја лентата на друга позиција.

прикажувањеалаткиналента1 Доколку некоја од алатките не е

прикажана на лентата, кликни на копчето кое се наоѓа на десната страна од лентата.

2 Доближи се на Add or Remove Buttons,

21

2

1

34

Page 5: 6 Word

6

121

Обработка на текст

3 Доближи се на името на лентата,4 Во листата означи ја алатката која сакаш да се прикаже.

ЗатворањенапрограматаMicrosoftWordОд програмата Microsoft Word можеш да излезеш на повеќе

начини: ♦ Од менито File одбери наредба Exit. ♦ Кликни на копчето (Close) од насловната лента. ♦ Со комбинација на тастерите Alt+F4.

коивештинитребадагиусовршиш!

♦ Да ја активираш програмата Word. ♦ Да ги препознаваш елементите на прозорецот Word. ♦ Да определиш кои ленти да бидат прикажани. ♦ Да определиш кои алатки да бидат прикажани. ♦ Да определиш дали линеарите да бидат прикажани

или не. ♦ Да ја затвориш програмата Word.

прашањаивежби:

1. Која е најкористена програма за обработка на текст? 2. Какви документи можеш да напишеш во програмата Micro-

soft Word? 3. Кои се предностите на пишувањето документи во Word?4. Со која наредба ќе ги прикажеш лентите на екранот?5. Спој ги паровите:

Лента за форматирање На мене можеш да го прочиташ името на документот.

Јас ти овозможувам пристап до сите наредби.

Со моите алатки можеш да уредиш текст.

Јас ќе ти кажам колку страни има твојот документ.

Јас ќе ти помогнам да зачуваш или отпечатиш документ.

Стандардна лента

Статусна лента

Насловна лента

Лента со менија

Page 6: 6 Word

122

6 Обработка на текст

6. Погледни ја сликава и внеси ги точните броеви во табелава.

Насловна лента Лента за движењеЛента со менија Лента за цртањеЛента за форматирање КурсорСтандардна лента Статусна лентаЛинеар Копче за излегување од Word

7. Прилагодување на работна околина. ♦ Исклучи и повторно прикажи ја стандардната лента. ♦ Распореди ги лентите на екранот по твој избор. ♦ На стандардната и на лентата за форматирање одбери кои од алатките сакаш да бидат прикажани.

РаботасодокументРабота со документ подразбира отворање, затворање,

зачувување, печатење документ и слично. подготвисезаработа:

Со самото активирање на Word-от можеш да внесеш текст. За почеток внеси каков било текст, на пример твоето име и презиме, за да можеш да работиш. Подоцна подетално ќе објасниме како се креира документ.

2

10

9

8

7

6

5

43

1

Page 7: 6 Word

6

123

Обработка на текст

повеќе:Лево до некои од наредбите е икона на алатката која можете да ја најдете на стандардната лента за побрз пристап до наредбата, а десно се дадени кратенки за извршување наредбата со тастатурата.

Забелешка:Доколку документот веќе си го зачувал/а еднаш, прозорецот Save as... нема да се отвори.Наредбата Save as… ќе ја користиш кога сакаш да зачуваш документ под ново име или на нова локација.

менитоfileВо менито File се групирани наредбите за работа со документот.

Отворање нов документ

Отворање постоечки документ

Затворање документ

Зачувување документ

Зачувување документ под ново име

Местење страници

Поглед пред печатење

Печатење документ

ЗачувувањедокументДокументот можеш да го зачуваш за подоцна повторно да

го користиш - да го отпечатиш или преуредиш. Зачувај го документот почесто во текот на работа.

Документите се зачувуваат со наредбата Save, која можеш да ја повикаш на три начини:

♦ Од менито File одбери ја наредбата Save. ♦ Кликни на алатката (Save) од стандардната лента со алатки. ♦ Со комбинација на тастерите Crtl+S.

За да го зачуваш твојот документ:1 Повикај ја наредбата Save. Ќе се отвори прозорецот Save as...2 Одбери име и

напиши го во рамката File name.

3 Кликни на копчето Save.

4 Кликни на стрелка за надолу во полето Save in, доколку сакаш да одбереш друга папка во која ќе го зачуваш документот (понудена е папката My Documents).

ЗатворањедокументОткако ќе го зачуваш документот, можеш да го затвориш.

Одбери еден од следниве начини: ♦ Од менито File одбери ја наредбата Close.

2

3

Кликни овде за да креираш нова папака

Ова се најчесто користени локации за чување документи

Page 8: 6 Word

124

6 Обработка на текст

♦ Кликни на долното копче X од десната страна на прозорецот.

внимавај! Доколку сакаш да затвориш документ, а пред тоа немаш

зачувано измени, ќе добиеш прозорец со прашање: Дали сакаш да ги зачуваш измените?

Можеш да одбереш „Yes” за да ги зачуваш измените, „No” за да остане претходната верзија или „Cancel” за да продолжиш со работа без да го затвораш документот.

ОтворањеновдокументНов документ можеш да отвориш со наредбата

New на еден од следниве начини: ♦ Од менито File одбери ја наредбата New,

потоа од паното на десната страна одбери Blank Document.

♦ Кликни на алатката (New Blank Document) од стандардната лента со алатки.

♦ Со комбинација на тастерите Crtl+N.

ОтворањепостоечкидокументВеќе постоечки документ ќе отвориш со наредбата Open која

можеш да ја повикаш на еден од следниве три начини: ♦ Од менито File одбери ја наредбата Open. ♦ Кликни на алатката (Open) од стандардната лента со алатки. ♦ Со комбинација на тастерите Crtl+O.

За да отвориш постоечки документ:1 Повикај ја наред-

бата Open, по што ќе добиеш прозорец како на сликава.

2 Кликни на твојот документ за да го означиш.

3 Кликни на копчето Open.

4 Доколку документот не е во папката прикажана во полето Look in, (најчесто е тоа папката My Documents), кликни на

важно:Документите

креирани во Word најчесто ja имаат наставката .doc и

ја имаат оваа икона .

2

3

Page 9: 6 Word

6

125

Обработка на текст

стрелката за надолу десно до полето. Ќе се отвори листа од папки. Пронајди ја твојата папка и отвори ја со двоклик.

коивештинитребадагиусовршиш!

♦ Да ги препознаваш наредбите од менито File. ♦ Да работиш со документ: отворање нов и постоечки

документ, затворање и зачувување документ. ♦ Да ги препознаваш документите сработени во Word. ♦ Да ја затвориш програмата Word.

вежби:

1. Која наставка Word автоматски додава кон името на документот кога документот ќе го зачуваш?

2. Поврзи акција со соодветна наредба и кратенка со тастатура:

Отворање нов документCtrl + P Open

Ctrl + N Save

Ctrl + O New

Ctrl + S Print

Зачувување документ

Печатење документ

Отворање постоен документ

3. Допиши ги наредбите што недостасуваат

4. Работа со документ ♦ Активирај ја програмата Word. ♦ Во просторот за пишување напиши го твоето име и презиме.

Page 10: 6 Word

126

6 Обработка на текст

♦ Зачувај го документот во твојата папка. ♦ Затвори го документот, но не и програмата Word. ♦ Отвори го повторно твојот документ и допиши го името на твоето училиште.

♦ Зачувај го документот уште еднаш под истото име. ♦ Излези од програмата Word.

пИшувАњетекСтWord овозможува лесно пишување текст. За почеток ќе

користиш тастатура со македонска поддршка.

јазичнаподдршкаСо кирилични букви ќе пишуваш доколку користиш тастатура

со македонска поддршка:1 Кликни на ознаката за јазичната поддршка

која обично е десно на лентата за задачи,2 од листата одбери МК.

Доколку не е инсталирана тастатурата за македонска поддршка, замоли го наставникот да ти помогне.

внесувањетекстТекстот се пишува на работната површина

на местото на курсорот (верткалната црта која трепери на екранот). По внесувањето на секој знак, курсорот се поместува за едно место кон десно. Штом ќе пополниш еден ред, курсорот ќе помине во нов ред.

Почитувај ги следниве правила при внесување текст: ♦ За да внесеш големи букви, држи го притиснат тастерот додека

внесуваш буква. Кога ќе го пуштиш, ќе пишуваш со мали букви. ♦ Тастерот Shift ќе го користите и за внесување знаци што се во

горниот дел од некои тастери со по два знака. ♦ За празно место помеѓу зборови ќе притиснеш Space (тоа е

најдолгиот тастер), но само еднаш. ♦ Не притискај го тастерот Enter, освен ако сакаш да поминеш

на нов пасус. Никогаш не притискај Enter во средина на пасус (параграф).

♦ Притисни Tab за да го вовлечеш првиот ред во пасусот. ♦ Доколку пишуваш само големи букви, а не сакаш така,

Забелешка:Со комбинација

на тастерите Alt+Shift побргу

ќе ја менуваш јазичната

поддршка.

повеќе:Текст можеш да пишуваш

каде било во документот.

Кликни двапати со глувчето на

празниот простор за да се појави

курсорот.

Page 11: 6 Word

6

127

Обработка на текст

важно!Доколку ти се случи новиот текст да се испишува преку стариот кој се брише, притисни го тастерот Insert еднаш.

притисни го тастерот Caps Lock еднаш. ♦ Интерпункциските знаци (. , : ; ! ?) пишувај ги веднаш по

зборот без да оставиш празно место. Но, по нив задолжително внеси едно празно место. Помеѓу заградите и зборот внатре не се остава празно место (погледни како текстот е напишан во овој учебник).

ИсклучувањенаавтоматскакорекцијанатекстWord има вградено опции за автоматски корекции на некои

зборови кои не се правилно напишани (на англиски). Можеш да ги исклучиш тие опции:1 Позиционирај се врз зборот што е коригиран, ќе се

појави синото правоаголниче; позиционирај се врз него;

2 ќе се појави копче за автоматски корекции; кликни на него;

3 од помошното мени одбери ја опцијата која ти одговара.

корекциинатекст

позиционирањевотекстВо Word постојат два вида курсори. Еден

е курсор за внесување (верткалната црта која трепери на екранот) и тој покажува на позицијата во документот на која можеш да внесеш текст. Друг вид се нарекува I-beam (и-бим) курсор или покажувач на глувчето, и ја покажува позицијата на глувчето.

Кога сакаш да се позиционираш на друго место во текст, доведи го покажувачот на глувчето до саканата позиција и кликни. Ќе се помести и курсорот за внесување текст.

бришењетекстНа тастатурата постојат два тастера за бришење текст. Со

тастерот Delete се брише знак десно, а со тастерот BackSpace лево од курсорот за внесување.

Со Ctrl+Delete се брише збор десно, а со Ctrl+BackSpace лево од курсорот за внесување.

ДопишувањетекстПозиционирај се во текстот на местото каде што треба да

допишеш текст. Сега можеш да внесеш нов текст.

2

1

3

курсор за внесување текст

покажувач за глувче

Page 12: 6 Word

128

6 Обработка на текст

ГоренидолениндексWord дава можности за внесување горен и долен индекс, на

пример: V1 или V1.За да ги внесеш ваквите знаци, ќе ги користиш следниве

алатки од лентата за форматирање: - за горен индекс; - за долен индекс.

внесувањесимболивотекстНекои специјални знаци (@, #, $, %, &, *, `, ~) можеш да

внесеш со тастатура, но Word ти дава можност за внесување на уште многу специјални знаци и симболи, Како што се, на пример буквите со надреден знак: ¢, £, или симболите: €, ©, ±, ≠, ☺, ☼, ♫, →.

За да внесеш симбол:1 Повикај ја наредбата Symbol од менито Insert.

Ќе го добиеш прозо-рецот Symbol, како на сликава;2 Во прозорецот Sym-

bol најди го саканиот симбол, кликни на него и

3 кликни на копчето Insert.Симболот ќе се

појави во текстот на местото на курсорот.

повеќе:Кога ќе внесеш низа од следниве знаци, Word користејќи ги опциите за автоматска корекција, ќе ги претвори во симбол:

Совет:Многу симболи

можеш да вметнеш со користење на фонтот Widgins. Во NotePad веќе

си научил/а како да смениш фонт.

2

3

1

Page 13: 6 Word

6

129

Обработка на текст

На сличен начин се внесуваат и линии во текст. На пример, внеси знак „=“ трипати и притисни Enter, во документот ќе се појави двојна линија.

коивештинитребадагиусовршиш!

♦ Да смениш јазична поддршка. ♦ Да внесуваш текст и при тоа да внимаваш на

правилата за внесување текст. ♦ Да извршиш корекции во текстот. ♦ Да вметнеш симбол во текст ♦ Да вметнеш горен и долен индекс во текстот.

прашањаивежби:

1. Кој тастер го користиш за да поминеш во нов ред? 2. Со кој тастер ќе вовлечеш прв ред во пасус? 3. Со кој тастер ќе избришеш буква пред курсорот? 4. Со кој тастер ќе избришеш буква по курсорот?5. Кој тастер користиш за да напишеш голема буква?6. Со кои тастери ќе добиеш тастатура со македонска поддршка?7. Кој тастер косристиш за да одделиш зборови?8. Внесување текст:

♦ Со македонска поддршка внеси ја македонската азбука со мали букви;

♦ Не заборави да притиснеш Enter за да поминеш во нов ред;

♦ Во нов ред внеси ја македонската азбука, но сега со големи букви.

9. Корекции на текст: ♦ Активирај ја програмата Word. ♦ Во просторот за пишување напиши Microsoft Vord. ♦ Позиционирај се пред буквата V. ♦ Избриши ја буквата V со Delete. ♦ На нејзиното место напиши W. ♦ Сега е напишано исправно: Microsoft Word.

Page 14: 6 Word

130

6 Обработка на текст

10. Горен и долен индекс: ♦ Напиши го следниов текст:

Денес температурата изнесува 250. Јас учам во V3.

11. Внесување симболи ♦ Напиши го следниов текст:

Денес грее ☼. Јас сум ☺.12. Од CD-то отвори гo документot Linii. Следи ги упатствата.13. Од CD-то отвори го документот Korekcii. Следи ги упатствата.14. Од CD-то отвори го документот Simboli. Следи ги упатствата.

ОпеРАцИИСОтекСтВрз одделни делови од внесениот текст можеш да извршиш

некои операции како што се бришење, копирање, пренесување, промена на стил и така натаму. Но, претходно мораш да означиш на кој дел од текстот ќе се изврши операција, така што тој дел ќе го означиш (селектираш). Најнапред треба да научиш да се движиш низ документот и да селектираш делови од текстот.

ДвижењенизтекстотДоколку твојот текст е долг, не можеш да го видиш целиот

документ. Мораш да се движиш во документот за да ги видиш одделните делови. Секако, низ текстот можеш да се движиш со помош на лентите за лизгање на веќе познатиот начин. Но, можеш да ги користиш и стрелките од тастатурата со кои ќе се поместуваш едно место лево или десно, односно еден ред горе или долу. Постојат и тастери (или комбинација на тастери) за побрзо движење низ текст:

тастер ДвижењеCtrl + ← eден збор левоCtrl + → еден збор десноCtrl + ← еден пасус долуCtrl +

еден пасус гореPage Up една страница гореPage Down една страница долуHome на почеток од редEnd на крај од редCtrl + Home на почетокот од документотCtrl + End на крајот од документот

Page 15: 6 Word

6

131

Обработка на текст

Означување(селектирање)натекст

ОзначувањесоглувчеЗа да означиш дел од текстот, кликни

на местото каде што сакаш да почнеш со означувањето, држи го левото копче притиснато и влечи до местото каде што сакаш да завршиш со означувањето. Означениот текст е прикажан како бел текст на црна основа.

Постојат и побрзи начини за означување определени делови од текстот.

Кога покажувачот од глувчето е внатре во текстот, тогаш: ♦ со двоклик ќе означиш збор; ♦ со троен клик ќе означиш пасус; ♦ со Ctrl и клик ќе означиш реченица.

Доколку со глувчето влезеш во левата маргина, покажувачот ќе има облик на бела стрелка наклонета кон десно, тогаш:

♦ со еден клик ќе означиш ред; ♦ со двоен клик ќе означиш пасус; ♦ со троен клик ќе го означиш целиот текст.

ОзначувањесотастатураСо тастатурата се означува дел од текстот со почеток од

местото каде што се наоѓа курсорот:

комбинацијанатастери ОзначувањеShift + ← по еден знак на левоShift + → по еден знак на десноShift +Ctrl + ← по еден збор на левоShift + Ctrl + → по еден збор на десноShift + Ctrl + ← по еден пасус надолуShift + Ctrl +

по еден пасус нагореShift + End целиот ред до крајShift + Home целиот ред до почетокShift + Ctrl + End документ до крајShift + Ctrl + Home документ до почетокCtrl + A целиот документ

Целиот документ можеш да го означиш и со наредбата Select All од менито Edit.

внимавај!Word ќе го избрише означениот текст доколку притиснеш некој тастер. За да го вратиш текстот повикај ја наредбата Undo за која можеш да прочиташ на следната страница.

Page 16: 6 Word

132

6 Обработка на текст

поништувањеакцијаЧесто може да ти се случи да извршиш некоја акција ненамерно,

на пример да избришеш дел од текст. Но, ваквите грешки лесно се поправаат затоа што Word памети неколку извршени акции и може да се врати неколку чекори наназад во претходната состојба. Тоа ќе го постигнеш со наредбата Undo која можеш да ја активираш на еден од следниве начини:

♦ Кликни на наредбата Undo од менито Edit. ♦ Кликни на алатката од лентата за форматирање. ♦ Со комбинација на тастерите Ctrl+Z.

Доколку отидеш премногу чекори назад, постои и наредбата Redo за чекор напред.

Отсечување,копирањеиприлепувањетекстДел од текстот можеш да отсечеш или копираш и да пренесеш

на друго место во документот. Разликата помеѓу отсечувањето и копирањето е во тоа што со отсечувањето текстот се отстранува од старото место и се пренесува на новото, додека со копирањето текстот останува на старото место и се пренесува на новото. Делот од текстот привремено се чува во меморијата и потоа се повикува и се прилепува на новото место.

Наредбите Cut (сечи) , Copy (копирај) и Paste (прилепи) можеш да ги повикаш од стандардната лентата со алатки, од

менито Edit или со десен клик на означениот текст.

копирањеиприлепувањетекст ♦ Означи го текстот којшто сакаш да го копираш. ♦ Копирај го текстот со наредбата Copy. Означениот текст се сместува во меморијата и истовремено останува на истото место.

♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го копираш текстот.

♦ Прилепи го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе го има двапати.

Отсечувањеиприлепувањетекст ♦ Означи го текстот којшто сакаш да го пренесеш. ♦ Повикај ја наредбата Cut. Означениот текст се сместува во меморија и го снемува од местото.

♦ Постави го курсорот на местото каде што сакаш да го пренесеш текстот.

Забелешка:Можеш да ги

користиш и кратенките од

тастатурата: ctrl+X - за

отсечување, ctrl+c - за

копирање, ctrl+V - за

прилепување.

Page 17: 6 Word

6

133

Обработка на текст

♦ Прилепи го текстот со наредбата Paste. Текстот ќе се појави на новото место.

Текст можеш да пренесеш или ископираш и со техниката „влечи и пушти” (drag & drop). Само означи го текстот, кликни на него, држи го притиснато левото копче и повлечи го текстот до новата позиција.

Копирањето се врши на ист начин само што додека го влечеш текстот, тастерот Ctrl треба да биде притиснат.

коивештинитребадаусовршиш!

♦ Да се движиш низ текст со помош на глувче и тастатура.

♦ Да означуваш делови од текст со помош на глувче и тастатура.

♦ Да поништиш несакана акција. ♦ Да отсечуваш, копираш и прилепуваш текст.

прашањаивежби:

1. Дополни го следниов текст:

Со помош на тастатурата, со комбинација на тастерите Ctrl + → ќе се поместам еден _______ десно, со Ctrl + ← ќе се поместам еден _______ долу, со PgUp ќе се поместам една страница _____, а со Page Down една страница _____. Со Home ќе се поместам на _________ на документот, а со End на крајот на документот.

Со помош на глувчето, со двоклик ќе означам еден _____, со Ctrl и клик ќе означам ______________. Целиот текст ќе го означам со тастерите Ctrl + __.

Доколку по грешка ми се избрише дел од текстот, ќе ја повикам наредбата _____ или ќе ги притиснам тастерите ____ + __.

2. Поврзи акција со наредба:

Копирање

Copy PasteCut

ОтсечувањеПрилепување

Page 18: 6 Word

134

6 Обработка на текст

3. Според сликава, напиши го соодветниот број во табелава:1 2 3

КопирањеОтсекувањеПрилепување

4. Од CT-то отвори го документот Kopiranje, otsecuvanje i pri-lepuvanje tekst. Следи ги упатствата.

уРеДувАњетекСтСо уредување (форматирање) на текстот определуваш конечен

изглед на документот. Определуваш вид, големина и изглед на букви, изглед на пасуси, набројувања и така натаму. Наредбите што се однесуваат на уредување текст се групирани во менито Format и на лентата за форматирање. фонт се сите букви од азбуката или абецедата, како и

броевитенапишанинаистначин.Секојфонтимасвоеиме.

ДотерувањефонтЗа да одбереш кириличен фонт:

1 кликни на надолната стрелка десно од алатката (Font);

2 одбери некој од македонските фонтови.Забележуваш дека секој фонт е

напишан на соодветен начин, така што можеш да го видиш изгледот на текстот пред да одбереш фонт.

Различнифонтовинатекст:Tekst Tekst Tekst Tekst Tekst Tekst Tekst Tekst

ИзборнаголеминанабуквитеВеднаш до алатката Font е алатката за дотерување големина на

фонт (Font Size) изразена со броеви. Кликни на надолната стрелка десно од алатката Font Size и одбери големина.

текстсоразличниголемини:Tekst so golemina 7.

Tekst so golemina 10. Tekst so golemina 12.

Tekst so golemina 16.

внимавај!Не заборави да

ја исклучиш македонската

поддршка!

1

2

Page 19: 6 Word

6

135

Обработка на текст

РазличнистиловинабуквитеКога сакаш да истакнеш некој дел од текстот

(наслов, поднаслов, поважни делови...), користи еден од стиловите: (bold) – за задебелени букви,

(italic) – за искосени букви, (underline) – за подвлечени букви. За да одбереш стил кликни на една од наведените алатки. Можеш да користиш и комбинации на стиловите.

текстовисотазличнистилови:Задебелен текст. Искосен текст. Подвлечен текст.

подвлеченизадебелентекст. Искосенизадебелентекст.

ИзборнабојанабуквитеБоја на буквите можеш да одбереш со кликнување на

надолната стрелка десно од алатката (Font Color).

текстовисоразличнибои:Tekst so crvena boja. Tekst so sina boja. Tekst so `olta boja.

боењепозадинанатекстПозадина на текст можеш да обоиш со алатката (Highlight)

текстовисоразличнообоенипозадини:

ИзрамнувањепасусНа сликава се дадени алатките за израмнување пасус. Можеш

да одбереш само една од четирите алатки: ♦ порамнување лево (Align Left); ♦ порамнување десно (Align Right); ♦ порамнување во средина (Center); ♦ двострано порамнување (Justify).

текстизрамнетлево:

текстизрамнетдесно: Совет:За да уредиш пасус не мораш да го означуваш, доволно е да бидеш позици-ониран/а на него.

важно!Не заборавај

претходно да го означиш текстот.

Забелешка:Можеш да ги користиш и кратенките од тастатурата:ctrl+B - за задебелени букви,ctrl+i - за искосени букви,ctrl+U - за подвлечени букви.

Page 20: 6 Word

136

6 Обработка на текст

текстизрамнетвосредина: текстизрамнетоддветестрани:

прозорецотfontТекстот подобро можеш да го уредиш

со наредбата Font од менито Format, по што се отвора прозорец од кој можеш да наместиш фонтот (Font), стилот (Font style), големината (Size), бојата (Font color), стилот на подвлекување (Under-line style) и така натаму.

коивештинитребадагиусовршиш!

♦ Да одбереш фонт и да уредиш големина, стил и боја на текст. ♦ Да уредиш боја на позадина на текст. ♦ Да уредиш израмнување на текст во пасус.

вежби:

1. Поврзи алатка со име:

Font

Font Size

Font ColorBold Italic

Underline HighlightJustify Align Left

Align Right Center

2. Внеси ги имињата на твоите соученици. Секое име напиши со поинаков фонт.

3. Од CD-то отвори го документот Ureduvanje font. Следи ги упатствата.

4. Израмнување на текстПогледни го следниов текст:

Забелешка:Можеш да ги

користиш и кратенките од

тастатурата:ctrl+L - за

израмнување левоctrl+E - за

израмнување во средина

ctrl+r - за израмнување

десноctrl+J - за двострано

израмнување.

повеќе:Во прозорецот Font отвори ја опцијата Text

Effects. На еден дел од текстот

испробај ги сите понудени ефекти.

Page 21: 6 Word

6

137

Обработка на текст

♦ Заокружи го и означи го со 1 текстот израмнет лево. ♦ Заокружи го и означи го со 2 текстот израмнет десно. ♦ Заокружи го и означи го со 3 текстот израмнет во средина.

5. Уредување текст: ♦ Отвори Microsoft Office Word. Зачувај нов документ во фолдерот My Documents со име Ova sum jas.

♦ Одбери фонт Mac C Swiss. ♦ Одбери големина на буквите 18 и напиши наслов „ОВА СУМ ЈАС“.

♦ Постави го насловот во средина. ♦ Притисни Enter двапати. ♦ Одбери големина 14 и лево израмнување за останатиот текст.

♦ Напиши нешто за себе. Не пишувај го твоето име никаде во текстот.

♦ Наведи ги најдобрите другарчиња чии имиња ќе ги напишеш со задебелени букви.

♦ Напиши кое ти е омилено јадење. Јадењето напиши го со искосени букви со сина боја.

♦ Напиши ја омилената боја. Бојата нека биде со подвлечени букви.

♦ Предметот што најмногу го сакаш напиши го со задебелени и искосени букви на жолта заднина.

♦ Името на омилениот наставник напиши го со подвлечени и искосени букви со црвена боја.

♦ Зачувај го документот и отпечати го (со наредбата Print). Назад на листот многу ситно напиши го твоето име.

♦ Некој од класот нека го прочита текстот. Соучениците ќе погодат кој си ти.

O. U. 11 Oktomvri

Organizira proslava

za patroniot praznik.

Na 11 oktomvri,

vo 10 ~asot

Vo holot na u~ili{teto.

Page 22: 6 Word

138

6 Обработка на текст

НАбРОјувАње(кРеИРАњелИСтИ)Набројувањето се користи за креирање листа на податоци кои

се означени со броеви или знаци. За листа со броеви ќе кликнеш на алатката за набројување (Numbering), а за листа со знаци на алатката за знаци (Bullets) од лентата за форматирање.

ОпределувањестилнаброевиизнациМожеш да одбереш различни стилови на броеви и знаци во

твоите листи. Повикај ја наредбата Bullets and Numbering од менито Format. Ќе добиеш прозорец како на сликава од каде што можеш да одбереш стил по желба. Одбери една од картичките Bulleted или Numbered.

практичнавежба:

1. Креирање листи ♦ Отвори нов документ и одбери фонт по желба. ♦ Напиши ги сите предмети кои ги изучуваш, но така што секој предмет да го напишеш во нов ред (користи го тастерот Enter).

♦ Селектирај ги сите предмети и кликни на алатката за набројување.

♦ Позиционирај се на крајот од листата и притисни Enter. Ќе се појави нов број за продолжување на листата. За да ја прекинеш листата и да продолжиш да пишуваш текст без набројување притисни го тастерот Backspace или кликни уште еднаш на алатката за набројување.

♦ Во продолжение направи список на училиштен прибор, но најпрво вклучи ја алатката за креирање листа со знаци.

♦ Зачувај го и затвори го документот. 2. Направи список за покани за твојата роденденска забава.3. Од CD-то отвори го документот Lista so znaci. Следи ги

упатствата.

Page 23: 6 Word

6

139

Обработка на текст

ГРАфИчкИелемеНтИ

Новипоими:

Галеријата Clip Art, Готови облици (Auto Shapes), Уметнички текст (Word Art), Рамка за текст (Text Box), Разделување текст (Text Wrapping), Насока на текст (Text Direction).

Графички елементи во документ можеш да вметнеш со наредбата Picture од менито Insert. Од дополнителното мени ќе одбереш една од опциите: готови слики од колекцијата Clip Art, слики зачувани на дискот (From File), готови облици (AutoShapes), уметнички текст (WordArt) или дијаграми (Chart).

Слика од диск: Слика од Clip Art: Готов блик: Уметнички текст:

лентазацртањеГрафичките елементи побргу ќе ги вметнеш и уредиш со

користење алатки од лентата за цртање (Drawing). Лентата за цртање обично се наоѓа на дното од екранот.

алатки за цртање и вметнување графички објекти

алатки за уредување графички објекти

Сега ќе научиш да вметнеш слика, и готов графички објект, подоцна ќе научиш како да работиш со нив и како да ги уредиш.

вметнувањесликиВо текст можеш да вметнеш слика која ја имаш зачувано на

диск со алатката или веќе готови слики од колекцијата Clip Art со алатката .

Забелешка:Доколку на екранот не ја гледаш лентата за цртање, кликни на алатката од стандардната лента.

Размисли:Си добил/а задача да го опишеш омилениот пејач. Дали полесно би ја исполнил/а задачата доколку во документ би вметнал/а неколку негови слики? Дали во Word документ може да се вметне слика? Каде можеш да најдеш слики? Дали постојат готови слики кои можеш да ги вметнеш. Дали може да се црта во Word документ?

Page 24: 6 Word

140

6 Обработка на текст

вметнувањесликиодхарддиск1 На лентата за цртање

кликни на алатката ,2 ќе се отвори прозорецот

Insert Picture. Кликни на слика што сакаш да ја вметнеш во документ,

3 кликни на копчето In-sert,

4 сликата ќе се појави во документот. Кога ќе кликнеш на сликата, околу неа ќе се појави рамка со осум црни квадратчиња на неа. Со помош на квадратчињата можеш да ја намалиш или зголемиш сликата.

Кога ќе ја означиш сликата ќе се појави лента за работа со слика (Picture), преку која можеш да осветлиш или затемниш слика, да ротираш слика за 900, да го смениш контрастот и слично. Испробај ги алатките од лентата.

Забележуваш дека, засега сликата не можеш да ја поместиш во документ и не можеш да пишуваш текст во висина на сликата.

ОдноснаграфичкиобјектитекстАко слика вметнеш во документ со текст,

текстот ќе се раздели пред и по сликата. За да ја промениш положбата на сликата во однос на текстот, кликни на алатката (Text Wrapping) од лентата за слики и од листата одбери square (текстот да се намести околу сликата).

Сега кога ќе кликнеш на сликата околу неа ќе има бели крукчиња и едно зелено крукче на врвот. Сликата сега можеш да ја поместиш, а можеш и да ја ротираш со помош на зеленото крукче. Подоцна подетално ќе ги објасниме овие операции.

Забелешка:Доколку лентата

не се прикаже, можеш да ја

прикажеш на веќе познатиот начин.

Забелешка:Преку полето

Look in можеш да побараш слики и од други папки.

4

23

Page 25: 6 Word

6

141

Обработка на текст

внесувањесликиодгалеријатаclipArtЗа да внесеш слика од галеријата Clip Art:

1 Кликни на иконата на лентата за цртање. 2 Во паното што ќе се појави десно на екранот,

кликни на Go. 3 Одбери слика и кликни двапати на неа.

Сликата ќе се појави во документот.

цртањеготовиграфичкиоблици(AutoShapes)За да вметнеш еден од готовите графички елементи:

1 Кликни на стрелката за надолу десно од алатката AutoShapes и одбери некој графички објект од понудените.

2 Покажувачот ќе добие облик .3 Кликни со глувчето на местото

каде што сакаш да нацрташ облик.4 Држејќи го притиснато левото копче

повлечи до саканата големина.5 Пушти го левото копче.

вметнувањеуметничкитекстВо текстот можеш да вметнеш уметнички текст, како на сликава.

♦ Од лентата за цртање одбери ја алатката (WordArt).

♦ Од добиениот прозорец одбери стил и кликни на ОК.

♦ Ќе се отвори прозорец на кој можеш да пишуваш. Напиши текст и повторно кликни на ОК.

Кога ќе кликнеш на уметнички текст, ќе се појави лентата Word Art преку која дополнително можеш да го уредиш текстот. На пример, со алатката Format WordArt можеш да смениш боја, големина и слично, а со алатката WordArt Shape можеш да смениш форма на текстот.

Забелешка:Доколку знаеш каква слика бараш, побарај ја преку полето Search for (барај).

Page 26: 6 Word

142

6 Обработка на текст

цртањерамказатекст(textBox)Можеби ќе имаш потреба некој текст да

го напишеш на точно определена позиција (блиску до слика, преку слика, во друг текст) или да го напишеш вертикално. Тогаш користи рамка за текст. Рамката ќе ја нацрташ од лентата за цртање со алатката (Text Box). Кога ќе ја нацрташ рамката, во неа можеш да напишеш текст, а ќе се појави и нова лентичка Text Box како на сликава, од која можеш да ја одбереш ориентацијата на текстот со алатката (Change Text Direction).

РаботасографичкиобјектиКога некој графички елемент е означен, можеш да го

трансформираш и уредиш по желба.

вметнувањетекствографичкиобјектВо некои од графичките облици можеш

да вметнеш текст како на сликава. Нацртај објект и кликни на него со десното копче од глувчето. Од добиеното мени одбери Add Text (Вметни текст), по што во објектот ќе се појави курсорот каде што можеш да пишуваш текст.

ОзначувањеКликни на објектот. Околу него ќе се прикажат алатки за

менување димензија (белите крукчиња) и за ротирање (зеленото крукче).

трансформацииОзначените графички елементи можеш да ги поместиш, да

им ги смениш димензиите или да ги ротираш.

поместување: Кликни на објектот, држете го левото копче и повлечи го објектот до новото место.променанадимензии:Кликни на едно од осумте крукчиња, држи го левото копче и повлечи до потребната големина.Ротирање:Кликни на зелената рачка и ротирај го објектот.

Совет:Рамка можеш да

уредиш без линии и без внатрешна

површина. Тогаш ќе можеш да

пишуваш текст преку некоја

слика. Прашај го наставникот да ти

помогне.

Page 27: 6 Word

6

143

Обработка на текст

уредувањеграфичкиелементиНа лентата за цртање се наоѓаат алатки за уредување графички

елементи, како боја на површина, боја, ширина и стил на линии, додавање сенка или трета димензија.

Користењето на овие алатки најдобро ќе го разбереш преку примери и со експериментирање.

коивештинитребадагиусовршиш:

♦ Да вметнеш слика од хард дискот или од галеријата Clip Art;

♦ Да нацрташ готов графички објект и рамка за текст; ♦ Да вметнеш уметнички текст ♦ Да уредиш објект (боја на внатрешноста, боја и стил на

линија, однос на текст и слика); ♦ Да поместиш, ротираш и смениш големина на објект.

прашањаизадачи:

1. Со која наредба се вметнуваат графички елементи во документ?

2. Каде, освен на хард дискот, можеш да најдеш слика?

Page 28: 6 Word

144

6 Обработка на текст

3. Како се нарекува лентата што ги содржи алатките за вметнување и уредување графички елементи?

4. Како ќе напишеш уметнички текст?5. Преку која алатка ќе уредиш однос помеѓу текст и слика?6. Вметнување слика од хард диск.

♦ Отвори го документот со наслов „Ова сум јас“, ♦ Во документот вметни твоја слика (доколку немаш вметни друга слика).

♦ Намали или зголеми ја сликата по потреба. ♦ Помести ја сликата десно од текстот.

7. Вметнување слика од галеријата Clip Art: ♦ Отвори нов документ. Напиши наслов „Делови на компјутерот“.

♦ Од галеријата Clip Art најди неколку делови на компјутер и вметни ги во документот.

♦ Под секоја слика напиши го името на делот .8. Вметнување готови графички објекти.

♦ Отвори нов документ. Напиши наслов „Геометриски форми во рамнина и простор“.

♦ Нацртај круг, триаголник, квадрат и правоаголник. ♦ Обој ги формите по желба, на така што внатрешноста да биде со една боја, а работ со друга.

♦ Ископирај ги сите форми. Копиите направи ги во трета димензија. Кои геометриски форми си добил?

♦ Внатре во секоја форма напиши го името.9. Уметнички текст:

♦ Вметни и уреди уметнички текст како на сликава.

10. Нацртај рамки за текст како на сликава десно.

11. Од CD-то отвори го документот Sliki. Следи ги упатствата.

12. Од CD-то отвори ги документите Word Art. Следи ги упатствата.

Совет:Сликите полесно ќе ги најдеш ако

во лентата Search напишеш „com-

puter“.

Совет:Круг и квадрат

прецизно ќе нацрташ ако го

држиш притиснат тастерот Shift додека црташ.

Page 29: 6 Word

6

145

Обработка на текст

РАбОтАСОтАбелИ

цртањетабелаТабели во документ можеш да внесеш на два начина: преку

менито Table и со помош на алатката од стандардната лента.

цртањетабелапрекуменитоtable

1 Постави го курсорот на местото каде што сакаш да вметнеш табела.

2 Од менито Table прво одбери Insert, а потоа Table.

3 Во прозорецот Insert Table внеси број на колони и редици,

4 Кликни на копчето ОК.5 Ќе се појави табела во документот.

цртањетабелапрекустандарднаталента1 Постави го курсорот на местото каде што сакаш да вметнеш

табела.

2 Кликни на алатката , ќе се појави табела како на сликава.

3 Со глувчето движи се низ ќелиите и означи колку редици и колони сакаш.

4 Отпушти го лрвото копче на глувчето, и ќе се појави табела во документот.

РаботасоредицииколониЕлементи на табела се редици (хоризонтално) и колони

(вертикално). Пресек на редица и колона е ќелија.

Означувањеќелија,редицаиколонаЗа да означиш ќелија, позиционирај се со глувчето на левата

страна внатре во ќелијата. Кликни кога покажувачот ќе добие облик на мала црна стрелка наклонета кон десно. За да означиш блок од ќелии, држи го притиснат левиот тастер и повлечи низ ќелиите.

За да означиш колона, позиционирај се со глувчето над

колоната. Кликни кога покажувачот ќе добие облик на мала црна

2

3

4

Page 30: 6 Word

146

6 Обработка на текст

стрелка свртена надолу. За да означиш повеќе колони, држи го притиснат левиот тастер и повлечи кон лево или десно.

За да означиш редица позиционирај се со глувчето лево од редицата. Кликни кога покажувачот ќе добие облик на бела стрелка насочета кон десно. За да означиш повеќе редици, држи го притиснат левиот тастер и повлечи нагоре или надолу.

За да ја означиш целата табела, кликни на знакот во горниот лев агол од табелата.

бришењередицаиликолона

1 Кликни во редица или колона која што сакаш да ја избришеш.

2 Од менито Table одбери Delete, потоа Rows (за редица) или Columns (за колона).

вметнувањередицаиликолона

1 Кликни во редица или колона пред којашто сакаш да вметнеш редица, односно колона.

2 Од менито Table одбери Insert, потоа Rows (за редица) или Columns (за колона).

уредувањетабелиУредувањето табели претставува уредување текст во неа и

уредување на изгледот на самата табела (линии и ќелии).

ДимензиинаредицииколониКолоните (редиците) лесно ќе ги прошириш и/или стесниш.

Со глувчето позиционирај се на линијата помеѓу две колони

Совет:Не уредувај го

фонтот во секоја ќелија одделно.

Означи дел од табелата со исто

уредување и уреди го текстот за тој

дел наеднаш.

Page 31: 6 Word

6

147

Обработка на текст

(редици). Кога ќе се појави двонасочна стрелка влечи лево или десно (горе или долу).

Изгледнатабела

За изгледот на табелата можеш да одбереш еден од понудените стилови:1 Во менито Table одбери Table Auto-

Format.2 Од добиениот прозорец одбери

еден од понудените стилови.3 Во прозорецот Preview можеш да го

видиш изгледот на табелата.4 Клини на Apply.

коивештинитребадагиусовршиш:

♦ Да вметнеш табела во документ; ♦ Да означиш ред, колона, ќелија и табела; ♦ Да вметнеш ред или колона во табела; ♦ Да избришеш ред или колона од табела; ♦ Да наместиш димензии на редови и колони во табела; ♦ Да уредиш изглед на табела.

практичнивежби:

1. Отвори нов документ и вметни табела со 6 колони и 7 редици.

♦ Напиши го твојот рапоред на часови. Во првата колона ќе напишеш реден број на часот, а во првата редица деновите во неделата.

♦ Уреди ја табелата по желба.2. Креирај список на гостите за забава како на сликава.

Имеипрезиме Адреса телефон пратенапокана?

повеќе:На стандардната лента кликни на алатката (Ta-bles and Borders) ќе се прикаже лента од која можеш, по избор, да ја уредиш твојата табела.

Page 32: 6 Word

148

6 Обработка на текст

печАтењеДОкумеНтКрајната цел е уреден и отпечатен документ. Но пред да се

отпечати документот, треба да се уредат страниците, т.е. да се постават маргини, формат и ориентација на страниците и страниците да се нумерираат

ИзгледнастраницаДа определиш изглед на страници во документ, значи

да определиш маргини, димензии, положба (ориентација), нумерирање и други елементи на страниците.

маргинииположбанастраница

1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.

2 Доколку не е активна картичката Margins, кликни на неа.

3 Ќе добиеш прозорец како на сликава.

4 Во првиот дел на Margins внеси ги вредностите за сите четири маргини: Top - горната, Bottom - долната, Left - левата и Right – десната.

5 Во вториот дел Orientation одберие положба на страницата, т.е. дали сакаш да пишуваш по ширина (Portrait) или по должина (Landscape) на страницата.

6 Кликни на OK.

форматидимензиинастраница

1 Повикај ја наредбата Page Setup од менито File.

2 Кликни на картичката Paper.3 Ќе добиеш прозорец како на

сликава. 4 Во делот Paper size одбери една од

понудените димензии на страница или внеси вредности во полињата Width (широчина) и Height (височина).

5 Кликни на OK.

Page 33: 6 Word

6

149

Обработка на текст

НумерирањестранициДа нумерираш страници, значи на секоја страница да вметнеш

реден број.

1 Повикај ја наредбата Page Num-bers од менито Insert.

2 Ќе добиеш прозорец како на сликава.

3 Од рамката Position одбери позиција на ознаката – на врвот (Top of page) или на дното (Bottom of page) од страниците.

4 Од рамката Alignment одбери хоризонтално израмнување на ознаката - десно (Right), во средина (Center), лево (Left).

5 Провери во делот Preview и кликни на OK.

печатењедокументДоколку сакаш да ги отпечатиш сите страници од документот

во еден примерок, доволно е да кликнеш на алатката (Print) од стандардната лента.

Можеш да ја повикаш наредбата Print од менито File, по што ќе добиеш прозорец од кој можеш да одбереш кои страници сакаш да ги печатиш (Page range) и број на отпечатени копии (Number of copies).

коивештинитребадагиусовршиш:

♦ Да наместиш маргини на страница; ♦ Да наместиш ориентација и формат на страница; ♦ Да поставиш нумерација на страница; ♦ Да отпечатиш целосен документ; ♦ Да отпечатиш определени страници од документ.

практичнавежба:

1. Одредување изглед и нумерација на страниците ♦ отвори еден документ;

Забелешка:Наредбата Print можеш да ја повикаш со комбинација на тастерите Ctrl+P.

Page 34: 6 Word

150

6 Обработка на текст

♦ направи ги маргините по желба; ♦ смени ја положбата на страницата; ♦ одбери димензии по желба; ♦ нумерирај ги страниците; ♦ зачувај го документот и затвори го.

Изакрајнештоповеќе...

Искористи го Word-от за учење на англискиот јазик. Доколку направиш правописна грешка при пишување зборови (spelling), Word-от ќе те извести со извиткана црвена линија под зборот. Кликни со десното копче од глувчето на зборот и ќе добиеш листа од предлози како правилно да го напишеш зборот.