Top Banner
2. Македонски јазик Прашање: 1.Зборовите: ојде, пише, учит се напишани на: народен јазик 2.Колку самогласки има во зборот мелодија? – 4 самогласки 3.Колку согласки има во зборот училница? – 4 согласки 4. Бројот на слогови во еден збор зависи од: -бројот на самогласките 5.Колку слогови има зборот телевизија?- 5 слога 6.Кој од следните зборови е правилно поделен на слогови?-(при поделба на слогови прво обавезно да се види бројот на самогласки, па спрема тоа се определува бројот на слогови, две согласки едно до друго се делат, а и две согласки една до друга се делат) 7.Кој од следните зборови претставува апстрактна именка?( име на нешто што не можам да ги видам и допрам, туку нешто да го замислам или почуствувам) 8.Кој од следните зборови претставува конкретна именка? (Име на нешто што можам да ги видам и допрам) 9.Зборовите: црвена, дрвена, голема се: - придавки-ОПИСНИ 10. Кој од следните зборови е описна придавка? ( одговара на зборот КАКВА) 11. Именка од женски род е: ( пр. желба, книга- завршува на А и да одговара на ТАА) 12. Именка од машки род е: ( пр. мост, телевизор, прозор, - да одговара на ТОЈ) 13.Придавки се зборови со кои се објаснуваат: именките 14. Именките може да бидат: сопствени и општи 15. Кој од следните зборови ја опишува именката цвет? (пр. шарен, црвен,голем, свенат- КАКОВ) 16. Кој од следните зборови ја опишува именката облаци? (пр. големи,сини,темни - КАКВИ) 17. Кој од следните зборови е лична заменка? ( јас,ти, тој, таа, ние вие, тие) 18. Зборовите: зумбул, трендафил и каранфил се: именки
33

2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

May 25, 2018

Download

Documents

phamdieu
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

2. Македонски јазик Прашање:

1.Зборовите: ојде, пише, учит се напишани на: народен јазик

2.Колку самогласки има во зборот мелодија? – 4 самогласки

3.Колку согласки има во зборот училница? – 4 согласки

4. Бројот на слогови во еден збор зависи од: -бројот на самогласките

5.Колку слогови има зборот телевизија?- 5 слога

6.Кој од следните зборови е правилно поделен на слогови?-(при поделба на слогови прво

обавезно да се види бројот на самогласки, па спрема тоа се определува бројот на

слогови, две согласки едно до друго се делат, а и две согласки една до друга се делат)

7.Кој од следните зборови претставува апстрактна именка?( име на нешто што не можам

да ги видам и допрам, туку нешто да го замислам или почуствувам)

8.Кој од следните зборови претставува конкретна именка? (Име на нешто што можам да

ги видам и допрам)

9.Зборовите: црвена, дрвена, голема се: - придавки-ОПИСНИ

10. Кој од следните зборови е описна придавка? ( одговара на зборот КАКВА)

11. Именка од женски род е: ( пр. желба, книга- завршува на А и да одговара на ТАА)

12. Именка од машки род е: ( пр. мост, телевизор, прозор, - да одговара на ТОЈ)

13.Придавки се зборови со кои се објаснуваат: именките

14. Именките може да бидат: сопствени и општи

15. Кој од следните зборови ја опишува именката цвет? (пр. шарен, црвен,голем, свенат- КАКОВ)

16.Кој од следните зборови ја опишува именката облаци? (пр. големи,сини,темни -

КАКВИ)

17.Кој од следните зборови е лична заменка? ( јас,ти,тој,таа,ние вие, тие)

18. Зборовите: зумбул, трендафил и каранфил се: именки

Page 2: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

19. Зборовите: скока,рипа,трча се: глаголи

20. Во која реченица глаголот е во идно време? ( секогаш со зборчето ќе пред глаголот)

21.Во која реченица глаголот е во минато време? ( секогаш ако глаголот завршува на -

ше,-в,-ат, -аа и –ал,-але)

22.Кој од следните глаголи искажува идност? ( секогаш со зборчето ќе пред глаголот)

23.Подметот во реченицата најчесто е: именка

24. Прирокот во реченицата најчесто покажува: КАКВО ДЕЈСТВО ВРШИ ПОДМЕТОТ ИЛИ

ШТО РАБОТИ ПОДМЕТОТ/глагол

25. Зборот кој ни кажува кој ја врши работата е: подмет во реченицата

26. Во состав на една реченица мора да има: прирок и подмет ( подметот може да биде

испуштен)

27. Кој од следните зборови има исто или слично значење со зборот јунак? ХРАБАР

28. Исто или слично значење со зборот кротко има зборот: мирно

29. Спротивно значење на зборот висок има зборот: низок

30. Кој од следните наслови на списание е правилно запишан? ( СО НАВОДНИЦИ)

31. Кој од следните празници е правилно запишан? (Празници се пишуваат со голема

буква)

32. Кое од наведените имиња треба да се пишува во наводници? ( со наводници се

пишуваат име на училишта,списанија)

33. На кој јазик е напишана реченицата: „Дедо Кољо ојде на воденица, да мелит жито“.?

- народен јазик

34. Што претставуава зборот дуваше во реченицата: „Ветерот силно дуваше“.? - прирок

35. Кој збор е подмет во реченицата: „Штурецот цело лето свиреше“.? штурецот

36. „Во градината на Цвета, дренот цвета“.

зборовите Цвета,цвета во оваа реченица се со: различно значење

Page 3: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

37. Исто значење како зборот рафт има зборот: полица

38. Исто значење како зборот полева има зборот: навадува

39. „Маја ја носеше црвената капа што и ја сплете баба ѝ“.

Описна придавка во оваа реченица е: црвената

40. Која од следните реченици содржи описна придавка? ( ако именката одговара на

прашање КАКВА-пр. Каква е книгата?)

41. Со кои видови зборови е опишан коњот во реченицата: „Еден бел, брз коњ со

сребрени гриви трчал по ливадите“.? - со придавки

42. Која од следните реченици е правилно напишана?

43. Во која од следните реченици се искажува приближна бројност? ( три-четири, ......)

44. Што се искажува во реченицата: „Седум-осум јагниња се одделија од

стадото“.? (приближна бројност)

45. Во која од следните реченици се искажува приближна бројност? ( три-четири, ......)

46. „Малата Роса се радува на утринската роса“. Подвлечените зборови во реченицата

имаат: ( ако се мисли на Роса – роса =различно значење)

47. „Нејзиното ладно лице беше обвиткано со топло шалче“. Не се подвлечени и не се

знае за што се работи

Подвлечените зборови во реченицата имаат:

48. Во која од следните реченици глаголот е во сегашно време? ( глаголите да

завршуваат на -ам,аш,-а,-ме,-те,аат)

49. Во која од следните реченици глаголот е во минато време?( - глаголите да

завршуваат на -ав,-ше, -аа,-ме, -те, аа)

50. Во која од следните реченици глаголот е во идно време? ( ако пред глаголот има збор

ЌЕ)

51. Во која од следните реченици нема употребено лични заменки? лични заменки се :

јас,ти,тој,таа,ние,вие,тие.

52. Во која од следните реченици има употребено лична заменка? лични заменки се :

јас,ти,тој,таа,ние,вие,тие.

Page 4: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

53. Во која од следните реченици правилно се употребени наводниците? Наводниците се

употребуваат за означување на име на институција, улица, училиште и сл. На почетокот наводниците се пишуваат долу а на крајот горе „ “.

54. „Таа рецитираше со силни емоции“. Оваа реченица не го менува своето значење ако

ја кажеме како: Таа рецитираше со силни чувства.

55. Кој од следните зборови има најмногу слогови?

56. Кој од следните зборови има најмалку слогови?

57. „Јас и бато редовно играме шах“. Збровите јас и бато во оваа реченица може да ги

замениме со: Ние

58. „ Пред влезот на зградата “. Оваа реченица не искажува целосна мисла затоа што и

недостига: подмет и прирок

59. „ Играа во дворот на соседот “. Што е изоставено во оваа реченица? (подметот)

60. „Аце редовно тренира фудбал“. Подметот во оваа реченица може да го

замениме со: Тој

61. „Блаже ја коси тревата во дворот“. Прирокот во оваа реченица може да го замениме

со збор кој: е лична заменка - тој

62. „Кире е умно момче“ . Зборот умно во оваа реченица може да се замени со: паметно

63. „Трајче побара прошка од учителот“. Зборот прошка во оваа реченица може да се

замени со: ИЗВИНУВАЊЕ

64. „На софрата имаше ронки леб“. Зборовите софрата и ронки во оваа реченица може

да ги замениме со: масата , трошки

65. „Бебето постојано плачеше“. Со кој збор може да го замениме подметот во оваа

реченица за таа да не го промени своето значење? Тоа постојано плачеше.

66. „Дрвото што го посади, порасна многу високо“. Именката во оваа реченица напишана

во множина ќе гласи: Дрвјата

67. „Пожарникарите го изгаснаа огнот“. Подметот во оваа реченица може да го

замениме со: Тие

68. „Планинарите го освоија врвот од планината“. Подметот во оваа реченица може да го

замениме со: Тие

Page 5: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

69. „Кокичето го најави доаѓањето на пролетта“. Подметот во оваа реченица може да го

замениме со: Тоа

70. „Врнеше силен дожд“ . Како треба да го напишеме глаголот во оваа реченица за таа

да искажува идно време? Ќе врне силен дожд.

71. „Горан заврши/завршил со работа“ . Кој глагол недостасува во оваа

реченица за таа да искажува минато време?

72. „Девојчето со румени образи“. Зборот румени во оваа реченица може да се замени

со: црвени

73. Кој збор во реченицата треба да го промениме за да се промени времето на дејството

во реченица? глаголот

74. „Те чекав три-четири часа“. Кој број недостасува во оваа реченица за таа да

искажува приближна бројност?

75. Која од следните реченици е правилно напишана?

76. „ Кој работи има“ . Оваа реченица спротивно би ја искажале како: Кој не работи нема.

77. Која реченица е спротивна на реченицата: „Книгата стоеше на високата полица“?

Книгата стоеше на ниската полица.

78. „Во густата и мрачна шума живееше стариот и осамен лисец“. Со подвлечените

зборови во оваа реченица се појаснуваат: се претпоставува дека се подвлечени

придавките, па затоа тие ги појаснуваат именките

79. „Поштарот носи писмо“. Оваа реченица е одговор на прашањето: Што носи

поштарот?

80. Според начинот на кој се напишани, литературните дела ги делиме на: проза и

поезија

81. Што претставува стихот? ред во песна

82. Неколку стиха заедно прават целина која се вика: строфа

83. Бројот на стихови во една строфа може да биде: од два ,три и повеќе

84. Песните се литературни дела напишани во: стихови/поезија

85. Во песните може да откриеме: главна мисла ( ПОЕТСКА СЛИКА)

Page 6: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

86. Во стиховите: „Очите на мама, како сонце сјајни, како извор бистри.“, се

забележува: опис на очите на мајката и споредба со сонце и извор

87. „Бисеро моме Бисеро, ко бисер бело грло имаш.“ Во наведените стихови грлото

на Бисера е споредувано со: бисер

88. Содржината на еден расказ искажана во неколку реченици го нарекуваме:

ПРЕРАСКАЖУВАЊЕ

89. Читање на текст по улоги го викаме: драмски текст - драматизација

90. Читањето на текст со почитување на изразните вредности го викаме:

изразно читање

91. Текстовите во читанките ги делиме на целини за: подобро да се разбере содржината.

92. Кога во еден текст определуваме место и време на настанот, тогаш правиме: каде и

кога се извршил настанот

93. Реченицата со која ја искажуваме основната мисла на писателот кон темата во еден

литературен текст се вика: ИДЕЈА

94. Избрани литературни дела наменети за самостојно читање ги викаме: лектири

95. Изразувањето на мисли и чувства во вид на стихови го викаме: поезија

96. Литературно дело во кое поетот во стихови ги искажува своите чувства, мисли и

расположенија го викаме: поезија

97. Кога писателот пишува за надворешните особини на ликовите станува збор за:

надворешен опис на ликот

98. Кратко литературно дело напишано во проза се вика: расказ

99. Кога зборуваме за тоа каде се одвива настанот, мислиме за: место на настанот

100. Ликовите во едно литературно дело најчесто се: главни ликови и споредни

101. Луѓето кои пишуваат песни се викаат: поети

102. Разговорот помеѓу две личности во еден расказ го викаме:дијалог 103. Што претставува зборот автор? Творец на дело

Page 7: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

104. „Горан: Еј другари ајде да играме нешто! Горде: Со тебе ли? Горан: Зошто да не? Горде: Затоа што не ги почитуваш правилата.“ Извадокот претставува дел од: драмски текст - дијалог 105. „Горан: Еј другари ајде да играме нешто! Горде: Со тебе ли? Горан: Зошто да не? Горде: Затоа што не ги почитуваш правилата.“ Кои ликови учествуваат во дијалогот? Горан и Горде 106. Расказот кој нема завршен дел го викаме: недовршен расказ 107. „Септември, тој месец чудесен, злат не значи само прв учебен час.“ Во наведените стихови септември е претставен како: пејсаж, живо суштество, златен роден, плоден 108. Самостојното читање дома на задолжително избрани книги е: лектира 109. Маја прочита книга во која се зборува за Марко и неговите доживувања на село. Што е Марко во книгата? Главен лик 110. Ликот на Пинокио во истоимената лектира претставува : главен лик 111. Автор на книгата „Орхан“ е писателот: Неџати Зекирија 112. „Тукушто влегов во коријата, кога забележав дека пред мене нешто се мачи во високиот снег.Тоа беше една изнамоштена и гладна зајачица. Ја зедов и ја однесов дома. Децата ѝ се израдуваа и цела зима се грижеа за неа. “ Кога се случил настанот во горниот извадок од текстот? Во зима 113. „Тукушто влегов во коријата, кога забележав дека пред мене нешто се мачи во високиот снег.Тоа беше една изнамоштена и гладна зајачица. Ја зедов и ја однесов дома. Децата ѝ се израдуваа и цела зима се грижеа за неа. “ Во извадокот се раскажува за: зајачицата 114. „Таа има црна виткана коса и очи како маслинки. Нејзините румени образи и широката насмевка ѝ го красат лицето. Многу е љубопитна, дружељубива и секогаш спремна да помогне.“ Во горниот извадок прикажан е опис на: личност 115. „Циркускиот шатор беше многу голем. Се состоеше од шест краци и висока купола на која светеа разнобојни сијалички. Голем број шарени плакати и знаменца го привлекуваа вниманието на минувачите.“ Во горниот извадок прикажан е опис на: циркуски шатор 116. „Еден жежок јунски ден, бато Кире и Керим ловеа риби потечението на Радика. Бистрата пенлива вода во која се криејапастрмките ги мамеше со својата убавина. Уловот беше голем.“ Кога се случувало дејствието во горниот извадок? Во јуни 117. „Еден жежок јунски ден, бато Кире и Керим ловеа риби по течението на Радика. Бистрата пенлива вода во која се криеја пастрмките ги мамеше со својата убавина. Уловот беше голем.“ Каде се случувало дејствието во горниот извадок? По течението на реката Радика

Page 8: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

118. „Еден жежок јунски ден, бато Кире и Керим ловеа риби по течението на Радика. Бистрата пенлива вода во која се криеја пастрмките ги мамеше со својата убавина. Уловот беше голем.“ Кои се носители на дејствието? Кире и Керим 119. „Неколку дена пред Нова година ѝ реков на Билјана: - Утре ќе одам да купам елка. - Тато, сакам и јас да дојдам со тебе – ми рече таа. - Ќе те одведам – ѝреков – Ќе ја одбереме најубавата елка.“ Во кое време се одвива разговорот? Неколку дена пред Нова година 120. „Неколку дена пред Нова година ѝ реков на Билјана: - Утре ќе одам да купам елка. - Тато, сакам и јас да дојдам со тебе – ми рече таа. - Ќе те одведам – ѝ реков – Ќе ја одбереме најубавата елка.“ Помеѓу кого се одвива разговорот? Билјана и таткото (ќерката и таткото) 121. „Најчесто, околу пладне, кога беше најтопло, почнуваше пукањето на мразот. Исто како кога некој подалеку од вас крши орев, меѓу дланките, пригушено полека.“ Во кое време пукал мразот? Околу пладне 122. „Најчесто, околу пладне, кога беше најтопло, почнуваше пукањето на мразот. Исто како кога некој подалеку од вас крши орев, меѓу дланките, пригушено полека.“ Како е прикажано кршењето на мразот? Како некој да крши орев 123. „Можеби би можел да одам на училиште, но немам буквар. – му рече Пинокио на својот татко Ѓепето. Таткото го зеде својот стар капут и трчајќи излезе надвор. Набрзо се врати со буквар во рацете. - Каде ти е капутот татко? – праша Пинокио. - Го продадов сине.“ Зошто Ѓепето го продал својот капут? За да му купи буквар на Пинокио 124. „Можеби би можел да одам на училиште, но немам буквар. – му рече Пинокио на својот татко Ѓепето. Таткото го зеде својот стар капут и трчајќи излезе надвор. Набрзо се врати со буквар во рацете. - Каде ти е капутот татко? – праша Пинокио. - Го продадов сине.“ Кои ликови ги среќаваме во горниот извадок? Пинокио и Ѓепето 125. „Понекогаш кога есенските зраци ќе се измешаат со есенските бои на лисјата, Билјана е весела. Но, кога небото е намуртено, кога ветрот како јастреб што гони пилци ќе се нафрли врз лисјата и ги кине, во Билјанините очи се вселува тага.“ За што се раскажува во горниот извадок? За Билјанините очи 126. „Понекогаш кога есенските зраци ќе се измашаат со есенските бои на лисјата, Билјана е весела. Но, кога небото е намуртено, кога ветрот како јастреб што гони пилци ќе се нафрли врз лисјата и ги кине, во Билјанините очи се вселува тага.“ Од што зависи расположението на Билјана? Од времето 127. „Се спријателиле магарето и лисицата па решиле заедно да тргнат на лов. Патем ги сретнал еден лав. Лисицата, насетувајќи ја опасноста, му пристапила на лавот и му ветила дека ќе му го предаде магарето ако ја пушти неа.“ За кого се зборува во претходниот текст? За лисицата,магарето и лавот 128. „Се спријателиле магарето и лисицата па решиле заедно да тргнат на лов. Патем ги сретнал еден лав. Лисицата, насетувајќи ја опасноста, му пристапила на лавот и му ветила дека ќе му го предаде магарето ако ја пушти неа.“ Како е претставена лисицата? Итра и снаодлива

Page 9: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

129. „Сите везден го поучуваа Жарко дека не треба да црта по книгите и сликовниците, но кај него секогаш ќе се најдат некои непослушни моливи.“ Како е прикажан Жарко? неуреден 130. „Сите везден го поучуваа Жарко дека не треба да црта по книгите и сликовниците, но кај него секогаш ќе се најдат некои непослушни моливи.“ За што се раскажува во горниот извадок? За неуредноста на Жарко 131. „ – Бато, кога ќе ме одведеш во забавниот парк? - Утре – му вети Марко на својот брат - А кога утре? – нестрпливо праша Дарко. - Кога ќе се вратиш од училиште.“ Од текстот дознаваме дека Марко и Дарко се: браќа 132. „ – Бато, кога ќе ме одведеш во забавниот парк? - Утре – му вети Марко на својот брат - А кога утре? – нестрпливо праша Дарко. - Кога ќе се вратиш од училиште.“ Помеѓу кого се води разговорот? Помеѓу браќата Жарко и Дарко 133. „ Ја прочита книгата до последниот ред и ја фрли на креветот. - Ти си лошо дете. – прошепоти фрлената книга. - Не, јас не сум лошо дете. Јас сум ученик. – извика Тоше.“ Размисли за постапките на Тоше и одговори кој е во право? Убаво да се видат понудените одговори Македонски јазик 134. „Ја прочита книгата до последниот ред и ја фрли на креветот. - Ти си лошо дете. – прошепоти фрлената книга. - Не, јас не сум лошо дете. Јас сум ученик. – извика Тоше.“ Што треба да направи Тоше за да го смени мислењето на книгата? Да ја стави на место и да не ја фрла 135. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме рипна. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене.“ Ликот на девојчето е претставен како: ????????????????????????? ( ИТРО) 136. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме рипна. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене.“ Во извадокот се зборува за: итрото девојче и културниот Диме 137. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме рипна. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене.“ Како ја оценуваш постапката на девојчето? ????????????? 138. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме рипна. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене .“ Во горниот извадок станува збор за: односот на девојчето и Диме во автобус 2. Македонски јазик

Page 10: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

139. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме веднаш стана. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене.“ Со кое од следните прашања се открива местото на настанот во горниот извадок? Каде влезе Диме? 140. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме веднаш стана од столчето. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене .“ Што мислите, зошто Диме веднаш станал од столчето? Затоа што мислел дека девојчето има дете во раце 141. „Диме влезе во автобусот и седна на првото слободно место. Веднаш по него влезе девојче. Таа стискаше едно ќебенце, низ кое ѕиркаше малечко капче. Диме стана. Девојчето седна на неговото место и размотувајќи го ќебето извади голема кукла. Патниците се насмеаја, а Диме поцрвене .“ Кои зборови најдобро ја опишуваат оваа случка во автобусот? 142. „Литературниот конкурс е отворен до 20 мај 2014 година. Од сите пристигнати творби, жири-комисијата на фестивалот, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите ќе настапат на овогодишниот литературен фестивал. “ Која година ќе се одржи литературниот фестивал? 143. „Литературниот к онкурс е отворен до 20 мај 2014 година. Од сите пристигнати творби, според овој Конкурс, жири-комисијата на фестивалот, составена од писатели за деца и млади, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите ќе настапат на овогодишниот литературен фестивал. “ Кој е во состав на жири-комисијата? 2. Македонски јазик

144. „Литературниот к онкурс е отворен до 20 мај 2014 година. Од сите пристигнати творби, според овој Конкурс, жири-комисијата на фестивалот, составена од писатели за деца и млади, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите ќе настапат на овогодишниот литературен фестивал. “ Колку творби ќе бидат претставени на литературниот фестивал? 145. „Петдневниот литературен к онкурс трае до 20 мај 2014 година. Од сите пристигнати творби, според овој Конкурс, жири-комисијата на фестивалот, ќе избере 30 најдобри творби, со кои авторите ќе настапат на овогодишниот литературен фестивал. “ Кога е отворен литературниот конкурс? 15 мај 2014 г. 146. „Ликовните творби треба да се доставуваат на следната адреса: Славка Јаневска , ул. Јуриј Гагарин бр.25/ст.9, 1000 Скопје, пош ./фа х : 8 82. “ На која од следните адреси творбите ќе стасаат до Славка? 147. „Владо стои пред вратата и чека да влезе учителката. Приоѓа срамежливо. Еве сега ќе признае. Ќе каже дека не ѝ ја кажал вистината. Но како да почне и да се оправда?“ Што направил Владо? 148. „Владо стои пред вратата и чека да влезе учителката. Приоѓа срамежливо. Еве сега ќе признае. Ќе каже дека не ѝ ја кажал вистината. Но како да почне и да се оправда?“ Зошто Владо ја чекал учителката?

Page 11: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

149. „Владо стои пред вратата и чека да влезе учителката. Приоѓа срамежливо. Еве сега ќе признае. Ќе каже дека не ѝ ја кажал вистината. Но како да почне и да се оправда?“ Какви чувства се кријат во ликот на Владо? Срам, 2. Македонски јазик 150. „ – Маја нацртала 13 жолти и 12 црвени балони. Колку вкупно балони нацртала Маја? – праша наставникот. - Дваесет и пет – како од пушка кажува Миле. - Нешто не е во ред! – вели учителот. Кате итро се насмевнува и вели: - Маја нацртала дваесет и пет балони. - Задачата е точна – се согласува учителот.“ Зошто учителот, одговорот на Миле не го сметал за точен? Зашто дал одговор со нецелосна и јасна реченица 151. „ – Маја нацртала 13 жолти и 12 црвени балони. Колку вкупно балони нацртала Маја? – праша наставникот. - Дваесет и пет – како од пушка кажува Миле. - Нешто не е во ред! – вели учителот. Кате итро се насмевнува и вели: - Маја нацртала дваесет и пет балони. - Задачата е точна – се согласува учителот.“ Каков ученик е Миле? Брз и непромислен,фалбаџија 152. „ – Маја нацртала 13 жолти и 12 црвени балони. Колку вкупно балони нацртала Маја? – праша наставникот. - Дваесет и пет – како од пушка кажува Миле. - Нешто не е во ред! – вели учителот. Кате итро се насмевнува и вели: - Маја нацртала дваесет и пет балони. - Задачата е точна – се согласува учителот.“ Кои особини ја красат Кате? Трпелива и итра 153. Кога точно ќе се наведе местото, времето и хронолошкиот ред на настаните, станува збор за: извештај 154. Кога се зборува за изгледот на некој предмет или суштество, станува збор за: опис 155. Кога зборуваме за изгледот и особините на ликовите во еден расказ тогаш: опис на ликови 156. Кога се зборува за лични доживувања, станува збор за: раскажување 157. Кога зборуваме за нешто што сме прочитале, станува збор за: прераскажување 158. Кога зборуваме за изгледот на сцената на една театарска претстава, тогаш: сценографија 159. Кога зборуваме за костимите на ликовите во еден филм, тогаш: костимографија 160. Кога пишуваме текст чија содржина на крајот ја менуваме, тогаш станува збор за: прераскажување со изменет крај 161. Кога писмено одговараме на прашања од обработен текст, тогаш станува збор за: одговор на прашања 162. Кога треба да пишуваме за убавините на природата, тогаш треба да: опишуваме 163. Во која од следните реченици е даден опис на зима? Содржината на текстот и придавките мора да асоцираат на зима: ладно, студено и сл. 164. Во која од следните реченици е опишано годишното време пролет? Содржината на текстот и придавките мора да асоцираат на пролет: зелено, миризливи, сончево и сл.

Page 12: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

165. Во која од следните реченици е даден опис на лик? Содржината на текстот и придавките мора да асоцираат на карактеристики на ликовите : лош, љубезна, мирна, тивок и сл. 166. „Приредбата по повод патрониот празник на училиштето ќе се одржи на ден 24. 5. 2014 година со почеток во 17 часот.“ Горниот извадок претставува: известување 2. Македонски јазик

167. „Птиците преселници одлетаа на југ, а врапчињата во своите мали гнезда со собрани крилцата трепереа на ладниот воздух. Само на децата не им студи. Тие облечени во топла облека со насмевки на лицето играа на снегот.“ Во овој извадок е даден опис на: промени во природата во зима 168. „Пеевме како никогаш до сега. Желбата да се победи беше голема. Хорот долго се подготвуваше за овој натпревар. Но тремата ме совлада, наеднаш ме обли топлина, паднав. Сите погледи беа вперени во мене.“ Во овој извадок е даден опис на: опис на чувства – внатрешен опис на лик 169. „Стоеше на ѕидот покажувајќи го времето кое одминува. Беше направен од старо црешово дрво. Неговите златни стрелки постојано се бркаа меѓусебе.“ Во овој извадок е даден опис на: опис на предмет- часовник 170. „Стоеше на ѕидот покажувајќи го времето кое одминува. Беше направен од старо црешово дрво. Неговите златни стрелки постојано се бркаа меѓусебе. Час беа на бројот два, час на бројот дванаесет.“ Која форма на изразување е употребена во горниот извадок? опис 171. „Апаратот црн како светнат чевел, се наоѓаше на масата. Јовица восхитено гледаше како Јожек приоѓа кон црниот апарат, ја крева слушалката и вели: ало, ало!“ Во овој извадок е даден опис на: телефон 172. „Апаратот црн како светнат чевел, се наоѓаше на масата. Јовица восхитено гледаше како Јожек приоѓа кон црниот апарат, ја крева слушалката и вели: ало, ало!“ Кој гледал восхитено во апаратот? Јовица 173. „Една летна вечер, додека мракот полека го прекриваше полето, светулката го промолкна главчето од тревата, го покрена своето фенерче и почна да лета ваму-таму.“ Која форма на изразување е употребена во горниот извадок? опис 174. „Тогаш татко ми бил мал, но знаел да се радува. Најмногу ги сакал игрите по ливадите и градините полни со сливи, јаболкници и зрели круши.“ Која форма на изразување е употребена во горниот извадок? Опис на лик 175. „Јанко имаше десет години, беше слабникав и изгорен од сонцето. Ленената, речиси бела коса, му висеше над очите што светеа.“ Во горниот извадок е даден опис на:Јанко-надворешен опис на лик 176. „Јанко имаше десет години, беше слабникав и изгорен од сонцето. Ленената, речиси бела коса, му висеше над очите што светеа.“ Со кое прашање ќе дознаеме за изгледот на Јанко? Како изгледал Јанко?

Page 13: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

177. Кои зборови ги користиме за да дадеме опис на лик или предмет? придавки 178. „Сите везден го поучуваат Жарко дека не треба да црта по книгите.“ Кој збор во реченицата треба да се изостави за таа да има спротивно значење? 179. „Имам една честитка. Неколку дена ја носам и не знам каде да ја доставам? – рече поштарот. - А до кого е адресирана? - До Елена, улица „Вардарска“, Скопје.“ Што е потребно за честитката да стаса на вистинското место? број 2. Македонски јазик 180. Миле е член на новинарската секција. Тој доби задача да го следи училишниот турнир во кошарка. Кога ќе се врати оттаму тој треба да: напише извештај за настанот 181. „Јана беше воодушевена од последната театарска претстава која ја следеше во Театарот за деца и млади. Тоа воодушевување таа го сподели со својата баба.“ Што направила Јана? Раскажала на бабата за нејзините впечатоци 182. Дарко добил задача да пишува за посетата на Музејот на македонската борба. Што треба да направи Дарко? Извештај 183. Ана добила задача да ги напише своите впечатоци за сцената на гледана театарска претстава. Што треба да направи Ана? извештај 184. „Почитувани, Ве извстуваме дека во нашето училиште ќе се одржат креативни работилници за сите ученици од VI и VII одделение. Работилниците ќе ги водат стручни лица од областа на ликовната уметност.“ Кој податок треба да го вметнеме за известувањето да биде целосно? Време и место на настанот 185. Што подразбираме под ТВ-емисии?емисии кои ги слушаме и гледаме 186. Театарот е место каде што се одвиваат: театарските претстави 187. За што ни служат енциклопедиите? За пронаоѓање на дополнителни знаења за она што го учиме или што сакаме да го знаеме 188. За да гледаме театарска претстава треба да појдеме во: театар 189. Телефонот е средство кое ни помага: за да се договориме нешто,да известиме 2. Македонски јазик 190. Еден културен и јасен телефонски разговор треба да отпочне со: лично претставување, кој си и кого бараш 191. Филмовите може да бидат: цртани, играни , кусометражни, долгометражни 192. Дневните весници се печатат: секој ден 193. Учениците добиле задача да направат куклена претстава. Што им е потребно за тоа? Кукли, сцена, сценарио 194. Учениците добиле задача да ги подредат книгите во училишната библиотека. Како треба да го направат тоа? По азбучен ред

Page 14: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

195. При подготовката на една ТВ - емисија режисерот внимава на снимањето на сцените. На што најмногу треба да внимава тој при подготовката на една радиоемисија? На говорот на актерите 196. „Тој ден на пазарот беше како во кошница. Луѓето продаваа, купуваа, разговараа. Наеднаш темни облаци го покрија небото. Заврна силен дожд кој за миг ги растера луѓето.“ Каде се случил настанот во горниот извадок? На пазарот 197. Јазикот на кој што луѓето зборуваат во секојдневната слободна комуникација се нарекува:народен јазик 198. Јазикот кој има утврдени правила кои важат за сите луѓе во една држава е: стандарден (литературен јазик) 199. На каков јазик се напишани зборовите: дума, софра и чирак? Народен јазик 2. Македонски јазик

200. Кога некој усно ќе ти раскаже некоја интересна случка, каков говор е употребен? Устен говор 201. Кога пишуваш писмо на некој твој близок, ти користиш: писмен говор 202. Самогласки во македонскиот јазик се: А,Е,И,О,У 203. Во кој од наведените зборови има најмногу самогласки? 204. При изговорот согласките најчесто се слушаат: чисто и без никакви пречки во усната шуплина 205. Именките кои означуваат име на нешто, што можеш да го видиш, допреш, слушнеш се: конкретни именки 206. Кој од следниве зборови е апстрактна именка? Именки кои означуваат нематеријални предмети: љубов, воздух, среќа и сл. 207. Машки, женски и среден род разликуваме кај: именките и придавките 208. Од кој род се именките ветер и воздух? ТОЈ – машки род 209. Кои од наведените именки се во женски род? ТАА 210. Кои именки немаат множина? Апстрактните именки (тага, среќа и сл.), сопствените именки (Христијан, Битола и сл.), збирни именки (народ, мебел и сл.) и материјални именки (железо, сол, брашно, шеќер и сл.) 211. Од кој род и број е именката пиле? Еднина, среден род 212. Зборот дрвја е именка: збирна 213. Што користиме кога наведуваме туѓи зборови и мисли? наводници

Page 15: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

214. Во минато време е употребен глаголот: работел, работеше, учев 215. Во кој од наведените примери треба да се запишат наводници? 216. Каков говор треба да се употребува во училиштата, театрите и телевизијата? Стандарден- литературен 217. Бројот на слоговите во зборот го определуваме според бројот на: самоогласки 218. Кој од следниве зборови е правилно поделен на слогови? 219. Која од именките е во еднина? 220. Именката јагниња означува име на: суштества 221. Кои од следниве именки немаат множина? Множина немаат апстрактните именки (тага, среќа и сл.), сопствените именки (Христијан, Битола и сл.), збирни именки (народ, мебел и сл.) и материјални именки (железо, сол, брашно, шеќер и сл.) 222. Која од именките: ѕвезда, волк, дрво и коњ има образувано правилна множина? ѕвезда 223. Зборовите со кои се опишуваат предметите и суштествата се: придавки 224. Со употреба на описна придавка нешто се: опишува 225. Зборот сино е: описна придавка 226. Кој од следните зборови е описна придавка? Зборовите кои ја опишуваат именката 227. Кога ќе ја употребиш личната заменка ти? Секогаш кога зборам во второ лице еднина 228. Подметот во реченицата ни кажува: кој го врши дејството и за кого се зборува во реченицата 229. Кој од наведените зборови се состои само од еден слог? Ут, штрк, лав, волк идр. 230. Кои од наведените зборови имаат ист број на слогови? 231. Која од следните низи на зборови се состои само од апстрактни именки? Апстрактни именки се оние именки кои означуваат нематеријални предмети : љубов, тага, омраза, вторник, лето и др. 232. Во која од речениците глаголот е во минато време? 233. Во реченицата: Секоја есен е богата со плодови, подмет е: есен 234. Каков јазик е употребен во стиховите? „Девојче, мори, девојче, што нар`чваше мајка ти, на оро да не се фашташ, оти е момче туѓинче“. народен

Page 16: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

235. Во реченицата: Зедов „Развигор“ и седнав да читам, подметот е: изоставен, се мисли на самиот автор 236. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори: „Секогаш сум те китела со милни зборови: најлична, најслободна, најсреќна, најбогата, најсакана и уште најубавини...“ Во стиховите зборовите со кои се опишува татковината се: 237. Зборовите: се смее и пее се: глаголи 238. Со која од следните реченици не е искажана целосна и јасна мисла? 239. Глаголот учи во трите времиња (сегашно, минато и идно) гласи: С=учи М=учеше И=ќе учи 240. Во реченицата: Нашата учителка дојде најрано, подмет е зборот: 241. Во која од речениците подметот е заменет со лична заменка? Лични заменки се: јас , ти, тој, таа, тоа, ние, вие, тие. 242. Во реченицата: Таа рецитира многу добро, кој збор го означува вршителот на дејството? 243. Која од следните реченици е правилно запишана? 244. Во реченицата: Другарството и знаењата се најголемо богатство , подвлечените зборови се: ?????????(именки=другарство,знаењата и богатство) 245. Какви именки се зборовите: милост, жал и смеа ? апстрактни именки 246. Придавките: убава, бела и ниска можат да ја опишат именката: именката е во женски род и треба да се погледне во одговорите 2. Македонски јазик 247. Со прашалните зборчиња: каков, каква и какво ги откриваме: описните придавки 248. Прашалното зборче што може да ни послужи за определување на: прирокот 249. Подметот во една реченица го определуваме со прашалното зборче: КОЈ 250. Како правилно треба да се напише името на училиштето Коле Неделковски? ОУ „Коле Неделковски“ 251. Кој од глаголите го покажува правилно означеното време? 252. Реченицата: Са обличех, са накинџурих и врвум на пазаро, на литературен јазик ќе се запише: Се облеков, се накитив и тргнав на пазар. 253. Зборот знаење ако се пренесе правилно во нов ред ќе биде: зна-е-ње

254. Кој од следните зборови не е правилно поделен на слогови? при поделба на

слогови прво обавезно да се види бројот на самогласки, па спрема тоа се определува

Page 17: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

бројот на слогови, две согласки едно до друго се делат, а и две самогласки една до друга

се делат)

255. Леле,леле, кој гледам! Во кое време е глаголот гледам во оваа реченица? Сегашно време 256. Која од речениците е напишана со лична заменка во прво лице еднина? Треба да има „јас“ 257. Во реченицата: Малиот Миле црта големо сонце, кој збор го објаснува подметот?Малиот 2. Македонски јазик 258. Која од речениците не е напишана со лична заменка во множина? Во реченицата не треба да ги има „ние , вие, тие“ 259. ,, Бистрата вода тече.“ Подвлечениот збор во реченицата го објаснува:Нема подвлечен збор (ако се мисли на бистра, го објаснува подметот)

260. Во извадокот од текст: „Слетало едно врапче во еден двор и почнало да колва зрнца. Го забележал мачорот, му се прикрал и го фатил.“ Во кое време се одвива дејството?Минато време 261. Во кое време се искажани глаголите читаше и земаше?Минато време 262. Што е заедничко за подметот и прирокот во една реченица?Подметот и прирокот се главни членови на реченицата. 263. Во реченицата: Една глава, а стотина капи, бројот стотина искажува:приближна бројност

264. Спротивно значење од реченицата: Маја секогаш е весела, има реченицата:Маја секогаш е тажна. 265. „Тошо плаче, а дедо го теши: – Не плачи Тошо, ти си голем, срамота е да плачеш. – Ќе плачам, не сум голем, јас сум мал!“ Во извадокот од текстот има зборови со:со спротивно значење 266. Дополни ја реченицата за да биде правилно напишана. Моите родители редовно го читаат весникот Насловот на весникот е во наводници( на пример „Дневник“) 267. Во која од речениците подметот е изоставен?Не е кажано кој го врши дејството 2. Македонски јазик 268. Во која од речениците нема прирок?Не е кажано што прави подметот. 269. „Недела е. Наскоро ќе дојдат неговите другари. За миг на улицата ќе направат еден голем Снешко. Црните јаглени очи ќе гледаат во разиграните деца. Ќе полетаат санките на брегот.“ Колку глаголи има во извадокот од текстот, искажани во идно време? Четири глаголи 270. Кој збор треба да го додадеме во реченицата: На улицата Илинденска, за таа да искажува целосна мисла?Прирок и подмет

Page 18: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

271. Реченицата: Славе е умно дете, нема да го промени значењето ако:Славе се замени со тој (лична заменка) или може Славе е паметно дете.

272. Во реченицата: Мајка ми купи грозје од пазарот, со кој збор може да се појасни зборот грозје? Црвено, слатко, зрело - описна придавка 273. Во која од следните реченици подметот е именка во среден род множина?Именката треба да се претвори во еднина и да завршува на „е“ или „о“ (на пример мн.села ед.село) 274. Која од наведените реченици содржи збор со исто или слично значење како реченицата: Јованка е убава девојка.Во реченицата може да стои мома(девојка) 275. Кој создава поетски слики во песната?Поетот 276. Поетот поетските слики ги создава со:пишување стихови 277. Со кое прашање се определува времето на настанот во еден текст? Кога се случил настанот 2. Македонски јазик 278. За содржината на еден прозен текст може да се направи: 279. Кога ќе кажеме каде се случил настанот во текстот тогаш станува збор за:Определување место на настанот во текстот 280. Целина од неколку стихови во една песна е:Строфа 281. По што се препознава драмски текст?Текст по улоги

282. Со кое прашање се определува темата на еден прочитан прозен текст? За што пишува писателот 283. Носители на дејството во прозен текст се:Главните ликови 284. Поетски слики има во:Песните

285. Што е изразно читање?Читање на текст со почитување на изразните вредности

286. Како е наречено читањет o , кога читаме по улоги?Драматизација 287. ,,Додека надвор ветерот вее и бело брашно од облаци сее.“ Какви се последните зборови од стиховите? Римувани/со рима

288. Со прашањето: Кога се случил настанот? во даден текст се определува:Време на настанот во текстот

289. При анализа на текст, надворешен опис се прави на:Ликовите (главни и споредни) 2. Македонски јазик 290. Во песна како изразно средство може да се сретне: Споредба 291. Во кои песни со зборови се откриваат чувствата на поетот? Лирски песни

Page 19: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

292. ,,Очите на мама, како сонце сјајни.“ Во наведените стихови очите се споредени со: Сонце сјајно

293. При обработка на текст, план се прави на: Содржината на текстот

294. За подобро разбирање на текст, текстот можеме да го анализираме и поделиме на: Логички целини

295. Носители на дејството во еден текст се: Главните ликови

296. Луѓето кои пишуваат прозни текстови се викаат: Писатели 297. Човек кој создава/твори е: Писател, поет,автор 298. Недовршен расказ е расказот кој нема: Крај (завршен дел) 299. Што може да се открие од насловот на едно литературно дело? – тема, лик, место , на настан, настан , идеја 300. ,,Во декември зимата пристигна со сета нејзина убавина. Нејзиното доаѓање го најавија безбројните снежинки што непрестајно се пластеа во дворот.“ Која е темата во извадокот од текстот? Убавините на зимата.-опис на зимата 2. Македонски јазик 301. ,,Во декември зимата пристигна со сета нејзина убавина. Нејзиното доаѓање го најавија безбројните снежинки што непрестајно се пластеа во дворот.“ Извадокот од текстот е: Воведен дел на текстот доколку е опис на време на настан , а доколку е опис на зима е - главен дел.

302. Избраните текстови и лектирни дела најчесто се читаат:Самостојно

303. Помеѓу кого се води дијалог во драмски текст? Помеѓу главните ликови

304. ,,Во дожд од оловни зрна, в Баница наша страдна, робинко кајко земјо јунакот Гоце падна.“ Стиховите се дел од: песна за Гоце Делчев

305. ,,Татковината е вековина, Татковината е траење, Татковината се чува, со разум и со знаење!“ Претходните стихови во песната претставуваат една целина која се вика: строфа 306. Еден ред од песната е:стих 307. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори: ,,Татковината е вековина, Татковината е траење, Татковината се чува, со разум и со знаење!“ На кого е посветена песната? татковината

308. Според народната изрека: Облеката не го прави човекот. вредноста на еден човек доаѓа од: душата,духовното богатство,знаењето 309. Компирот: Здраво, јаболче! Јаболкото: Чао, компирче! Кажи ми, познаваш ли подобра овошка од мене? Каков текст е извадокот?драмски текст

Page 20: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

310. Компирот: Здраво, јаболче! Јаболкото: Чао, компирче! Кажи ми, познаваш ли подобра овошка од мене? Како е претставено јаболкото? фалбаџика 2. Македонски јазик 311. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори: ,,Октомври вреден есента ја кани ко лична мома на пазар да иде средби и радост и нуди ко лани кошници полни со плодови разни.“ Поетот, месецот октомври го споредува со: убава девојка. 312. Другарството не е само – ЈАС! Туку – НИЕ! Според кажаното што се подразбира под другарство? Заедно треба да се дружиме , почитуваме, помагаме... 313. ,,Била зима, дебел снег ја покри земјата, а едно сиромашно момче требало да отиде во гората по дрва. Отишло тоа, собрало суви прачки...“ Според видот текстот е: проза 314. ,,Во декември зимата пристигна со сета нејзина убавина. Нејзиното доаѓање го најавија безбројните снежинки што непрестајно се пластеа во дворот.“ Кое прашање одговара на текстот? Кој го најави доаѓањето на зимата?

315. На која личност те потсетува насловот на песната „Успивање на едно дете?“ Мајката. 316. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори. ,,Заспи ми, мило, смири се веќе, болно си, мое сине, на сон ќе видиш јагне и цвеќе, болката насон ќе мине.“ Поетот со стиховите искажува: утеха,тешење на детето,грижа

317. Прочитај ги стиховите и одговори. „Со љубов, ве китам: што спасивте една мајка денот детски пак да биде бајка.“ Што се искажува со стиховите? благодарност 318. Прочитај ја песната „Велигден“ и одговори. ВЕЛИГДЕН -Кажи ми мамо -Најстари сказни Велигден што е? тоа се чедо, Кажи ми, кажи божествен празник празник на кој е? твој и на дедо. Како се нарекува разговорот помеѓу мајката и детето?драматизација

319. Прочитај ги стиховите и одговори: ,,Во дожд од оловни зрна, в Баница наша страдна, робинко мајко земјо јунакот Гоце падна.“ Какво чувство предизвикуваат стиховите?патриотски 320. Учителката го прашува малиот Пепи: -Пепи, признај кој ти го пишувал домашното. -Не знам, учителке, навистина не знам, вчера си легнав порано. Во текстот, учителката и Пепи разговараат за:домашната работа

321. АЛЕЈНА: Во муслиманската религија има два големи верски празници: Фитр Бајрам и Курбан Бајрам. МАРКО: Како започнува празнување? АЛЕН: Рано наутро, пред да изгрее сонцето, мажите одат во џамија. АНИЦА: Да, и ние одиме во црква за Божиќ и Велигден. За што зборуваат Алејна, Марко, Ален и Аница? Верски празници

Page 21: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

322. „Во декември зимата пристигна со сета нејзина убавина. Нејзиното доаѓање го најавија безбројните снежинки што непрестајно се пластеа во дворот. Аце ги гледаше од прозорецот и им се радуваше. Тие беа светкави и бели.“ Кој го најавил доаѓањето на зимата? безбројните снежинки 323. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори: „ Додека надвор ветерот вее и бело брашно од облаци сее песна во песна без почин се гласи крај огниште топло ноќта што ја краси.“ Која поетска слика одговара на строфата? Песна се гласи крај огниште топло 2. Македонски јазик 324. „Утринава помина еден старец. Старецот се наведна и му падна шапката. Мрморејќи и обидувајќи се да ја фати, се лизна и падна. Застенка. Детето одеднаш истрча пред старецот, ја зеде шапката и му ја подаде.“ Што е прикажано во горниот извадок? Детето му помага на стрецот...

325. Прочитај ги внимателно стиховите: ,, Слава и чест на борците смели кои го дадоа животот смел, за слобода на нашиот народ во тешкиот и крвав бој.“ Основното чувство во песната е: патриотско 326. ,,Таа има црна виткана коса и очи како маслинки.“ Во реченицата даден е опис на: коса и очи на девојка 327. ,,Јана има едно куче, две мачки, три гулапчиња и седум бели глувчиња. Таа редовно се грижи за нив. Им дава храна, им ги чисти живеалиштата и ги шета.“ Во извадокот од текстот се зборува за: грижата на Јана кон нејзините домашни миленичиња. 328. ,,Јана има едно куче, две мачки, три гулапчиња и седум бели глувчиња. Таа редовно се грижи за нив. Им дава храна, им ги чисти живеалиштата и ги шета. Еден ден мораше да замине на пат. За четири дена требаше да обезбеди замена.“ За што била загрижена Јана? Кој ќе се грижи за миленичињата четири дена додека таа е на пат. 329. Учителката го прашува малиот Пепи: - Пепи, признај кој ти го пишувал домашното. - Не знам, учителке, навистина не знам, вчера си легнав порано. Помеѓу кого се води разговорот во извадокот од текстот? Учителката и Пепи

330. ,,– Ефенди, ефенди – прочитај ми го документов! – Не знам, бре синко – му одговорил ефендијата. – Ами како така, ефендија со чалма, а не знаеш да читаш?!– прашал зачудено човекот. – Ех,штом работата била до чалмата, еве ти ја, земи ја, врзи ја околу главата и прочитај си го документот– духовито одговорил оџата.“ Зошто селанецот му се обратил на оџата?Оџата да му го прочита документот на селанецот. Селанецот бил неписмен.

331. ,,– Ефенди, ефенди – прочитај ми го документов! – Не знам, бре синко – му одговорил ефендијата. – Ами како така, ефендија со чалма, а не знаеш да читаш?! – прашал зачудено човекот. – Ех, штом работата била до чалмата, еве ти ја, земи ја, врзи ја околу главата и прочитај си го документот – духовито одговорил оџата.“ Селанецот се зачудил затоа што оџата: незнаел да чита 332. Во одделението на Јана, ист текст читале четворица ученици. Кој од нив внимавал на изразното читање?

Page 22: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

333. ,,Мајката: Ало! Повелете, овде станот на Петревски. Јана: Ало, Ана! Мајката: Да, Јана е на телефон, повелете! Јана: Ама која Јана? Јас сум Јана! Мајката: Па, и јас сум Јана. Јана: Но, мене ми треба Ана Петревска! Мајката: Ана е мојата ќерка. Јана: Простете, заборавив! Јас сум Јана Димовска, училишна другарка на Ана.“ Зошто не можеле да се разберат мајката и Јана како соговорници? Јана не поздравила , не се претставила и не кажала кој и треба. 334. ,,Мајката: Ало! Повелете, овде станот на Петревски. Јана: Ало, Ана! Мајката: Да, Јана е на телефон, повелете! Јана: Ама која Јана? Јас сум Јана! Мајката: Па, и јас сум Јана. Јана: Но, мене ми треба Ана Петревска! Мајката: Ана е мојата ќерка. Јана: Простете, заборавив! Јас сум Јана Димовска, училишна другарка на Ана .“ Каде згрешила Јана? Јана не поздравила , не се претставила и не кажала кој и треба.

335. ,, – Зошто плачеш? – Ми се јаде... Ќе умрам од глад... – продолжи да цимолка. – Ајде со мене...Цела есен работев и имам доволно храна за двајца. Ама немој да заборавиш: – Работата е чесна, а мрзата е срамна... – Благодарам, ќе ти се оддолжам!“ Пораката на писателот ја изразува реченицата: 336. ,, – Зошто плачеш? – Ми се јаде... Ќе умрам од глад... – продолжи да цимолка. – Ајде со мене...Цела есен работев и имам доволно храна за двајца. Ама немој да заборавиш: – Работата е чесна, а мрзата е срамна... – Благодарам, ќе ти се оддолжам!“ Размисли и одговори, која изрека одговара на содржината од извадокот на расказот? Кој лете ладува, зиме гладува. 337. Крушата: Што ви е вам? Ова бојно поле ли е? Компирот: Секој сака да биде најдобриот. Ете што е! Јаболкото: Кажи, тетка крушо, нели јас сум најдоброто овошје? Портокалот: Не ти, туку јас! Бананата: Не ти, туку јас, да знаеш! Со кое од следните прашања се открива причината за нивната расправија? 338. ,,Крушата: Што ви е вам? Ова бојно поле ли е? Компирот: Секој сака да биде најдобриот. Ете што е! Јаболкото: Кажи, тетка крушо, нели јас сум најдоброто овошје? Портокалот: Не ти, туку јас! Бананата: Не ти, туку јас, да знаеш!“ Кој од лицата ја истакнал темата на разговорот? Компирот 339. ,,Три езера, стари планини чувај во срцето. На Балканот топло катче си еј, Татковино! Нека грее спокојно тука сонцето, ти си се што имаме еј, Татковино!“ Поетот во стиховите искажува чувство на: патриотско 340. ,,Три езера, стари планини чувај во срцето. На Балканот топло катче си, еј, Татковино! Нека грее спокојно тука сонцето, ти си се што имаме еј, Татковино!“ Пораката што ја упатува поетот преку стиховите се однесува за: Татковината

341. ,,Октомври сиот се кити со злато и златни бои насекаде има златници безброј се ројат по патот што ветрот палав повезден ги кине.“ Во стиховите, зборовите злато, златни бои и златници имаат:слично значење 342. ,,Октомври вреден есента ја кани ко лична мома на пазар да иде средби и радост и нуди ко лани кошнички полни со плодови разни.“ Во стиховите, месецот октомври е претставен како живо суштество затоа што: есента е шаренолика, има многу плодови во есен.

Page 23: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

343. ,,Старата рипка се насмеала: – Верувам дека можеш да стигнеш до крајот на морето, само ако не те лапне некоја поголема риба. Ќе ја зине устата и – ам! – ти си веќе внатре, во нејзиниот мев. Рипчето се исплашило од таа мисла. – Сепак подобро е јас да ги вежбам перките во нашава куќа. Денес ќе свртам многу кругови. – Така мило, ти си умно – одговорила старата рипка. – Зошто ти е морето кога си имаш толку убава куќа.“ Што му предочила старата рипка на малото рипче? Опасностите што го очекуваат рипчето 344. ,,Старата рипка се насмеала: – Верувам дека можеш да стигнеш до крајот на морето, само ако не те лапне некоја поголема риба. Ќе ја зине устата и – ам! – ти си веќе внатре, во нејзиниот мев. Рипчето се исплашило од таа мисла. – Сепак подобро е јас да ги вежбам перките во нашава куќа. Денес ќе свртам многу кругови. – Така мило, ти си умно – одговорила старата рипка. – Зошто ти е морето кога си имаш толку убава куќа.“ Во извадокот од текстот се зборува за: Старата рипка и рипчето 345. ,,Еден ден поштарот Мрзливко требаше да однесе едно необично писмо. Беше испратено од некој остров на Атланскиот Океан. – Веројатно е од нејзиниот син, си мислеше поштарот Мрзливко и не згреши. Синот ја известуваше мајка си дека конечно им избегал на пиратите и се враќа дома. Среќна насмевка го огреа нејзиното лице. Тажната госпоѓа повеќе не беше тажна, а и мрзливиот поштар не беше веќе мрзлив.“ Што ја направило среќна тажната госпоѓа? 346. ,,Еден ден поштарот Мрзливко требаше да однесе едно необично писмо. Беше испратено од некој остров на Атланскиот Океан. – Веројатно е од нејзиниот син, си мислеше поштарот Мрзливко и не згреши. Синот ја известуваше мајка си дека конечно им избегал на пиратите и се враќа дома. Среќна насмевка го огреа нејзиното лице. Тажната госпоѓа повеќе не беше тажна, а и мрзливиот поштар не беше веќе мрзлив.“ Размисли и одговори: Што го натерало мрзливиот поштар повеќе да не биде мрзлив? Среќната насмевка на мајката , дааѓањето на синот. 347. Домот на културата ,,Бели Мугри“ во Кочани распишува ликовен конкурс кој е отворен до 30 септември 2014 година. Жири-комисијата составена од истакнати ликовни уметници ќе избере 20 најдобри ликовни творби, кои ќе бидат изложени во фоајето на Домот на културата. До кога трае ликовниот конкурс? 348. Домот на културата ,,Бели Мугри“во Кочани распишува ликовен конкурс кој е отворен до 30 септември 2014 година. Жири-комисијата составена од истакнати ликовни уметници ќе избере 20 најдобри ликовни творби, кои ќе бидат изложени во фоајето на Домот на културата. Каде ќе бидат изложени најдобрите ликовни творби? 349. ,,Еден ден поштарот Мрзливко требаше да однесе едно необично писмо. Беше испратено од некој остров на Атланскиот Океан. – Веројатно е од нејзиниот син, си мислеше поштарот Мрзливко и не згреши. Синот ја известуваше мајка си дека, конечно, им избегал на пиратите и се враќа дома. Среќна насмевка го огреа и нејзиното лице. Тажната госпоѓа повеќе не беше тажна, а и мрзливиот поштар не беше веќе мрзлив.“ Која особина ја поседува поштарот? мрзлив 350. Прочитај ја внимателно песната и одговори. Моето село Далеку таму на југ, ко грутче чисто бело, скриено таму лежиш ти мое мало село. Од тебе спомен чувам во срце мое мило, спомен на селско школо, мајчино топло крило. Ти праќам топол поздрав ти снежно

Page 24: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

грутче бело, мислите мои летаат, кон тебе родно село. Поетот му испраќа топол поздрав на неговото село затоа што: е родно село(место) на поетот 351. Прочитај ја внимателно песната и одговори. Моето село Далеку таму на југ, ко грутче чисто бело, скриено таму лежиш ти мое мало село. Од тебе спомен чувам во срце мое мило, спомен на селско школо, мајчино топло крило. Што искажува поетот со стиховите во песната? Спомените за родниот крај 352. Внимателно прочитај го следниот извадок. „Во шумата последните жолти лисја се одделуваа од натежнатите гранки. Вредните мравки брзаа да ги приберат и последните зрнца пред да настапат дождливите денови. Неуморни, тие собраниот род внимателно го сместуваа во подземните живеалишта.“ Во кое време се одвива дејствието? минатост 353. Кога ќе прочитам одреден текст, можам да го: анализирам, прераскажам, раскажам, обработам. 354. Набљудувањето на некој предмет, може да се: опише и запише со зборови. 355. Посетата на некоја културна институција можеме да ја: раскажеме, ?????????? 356. Кога има опишување се користат зборови за: опис - придавки 357. Ако кажам на моите другари за тоа кога и каде ќе се одржи некој настан, тогаш јас применувам: известување

358. Што треба да направиш за усно да прераскажеш еден текст? да го прочиташ текстот

359. На дадени одговори, можеме писмено да: комуницираме

360. За доживеан настан можам да раскажувам кога: сум бил присутен

361. Што треба да направиш за да напишеш писмо до непознато другарче?Да ги напишеш своите податоци име, презиме, адреса

362. Што треба да содржи покана, за одржување на одреден настан? Време , место, повод до кого е и кој поканува 363. Известување може да се користи за: некој настан

364. Какви реченици најмногу употребуваме при опишување по даден план? Расказни

365. Од нејзината уста излегуваат бисери. Со оваа реченицата може да се: опише 366. Одделенскиот раководител на таблата напишал: На ден 9.7.2014 година ќе се изведе еднодневна екскурзија до Скопје. Што истакнал одделенскиот раководител на таблата? Известување 367. За да дадеме опис на лик користиме: описни придавки, ги опишуваме особините на ликот

Page 25: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

368. Што дознаваме со прашањето: Каков е? Опис 369. Во училиштето имало потреба да се направи известување за некој настан. Кој треба да го подготви известувањето? Тој што го организира настанот.

370. При писменото изразување треба да внимаваме на: интерпункциските знаци. 371. „Сите знаеме што е тоа грозд, нели? Ќе речете: - Чаталеста низа со црвени или бели зрнца грозје, зрее на сонце и слатко се топи во устата.“ Во извадокот има: Опис на гроздот 372. Како треба да се однесуваме кога разговараме со некој? Пристојно, културно, со почитување 373. Кога зборувам за нешто што лично сум го доживеал, тогаш јас: раскажувам 374. „Слетало едно врапче во еден двор и почнало да колва зрнца. Го забележал мачорот, му се прикрал и го фатил.“ Која форма на изразување е прикажана во горниот извадок? прераскажување

375. Маја прераскажувала текст запазувајќи го редоследот на настаните. Според тоа, таа: 376. Баба му на Раде постојано му вели: Леле, скраја да е од тебе! Со кој збор може да се замени зборот скраја за реченицата да не го изгуби значењето на исказот? подалеку

377. Славица добила задача да опише некој предмет. За да даде убав опис, таа најмногу ќе користи: описни придавки

378. Зоран сакал да учествува во наградна игра на Лотарија на Македонија. Тој на пликот само запишал до кого го испраќа. Дали Зоран може да се надева на добивка? Не, не ги дал своите податоци

379. ,,Слетало едно врапче во еден двор и почнало да колва зрнца. Го забележал мачорот, му се прикрал и го фатил“ Со кое прашање ќе дознаеме за местото на настанот? Каде слетало врапчето? 380. Ученикот Сашко гледал театарска претстава. Тој кога си отишол дома своите впечатоци ги споделил со своите родители. Што направил Сашко? раскажал 381. Во училиштето на огласната табла има известување: ,,Се известуваат родителите на учениците од прво одделение дека ќе се одржи предавање во петок.“ Што недостасува во известувањето за да тоа биде целосно? Каде и во колку часот 382. ,,Во клупата пред Перо седи Мира. Таа си врза панделка на плетенката. Перо мисли како да ја повлече Мира за плетенката. Учителката ја повика Мира да излезе на табла.“ Ако сакаме да одговориме за местото на случување на настанот, кое прашање ќе го поставиме? Каде се случува настанот? 383. ,,Во клупата пред Перо седи Мира. Таа си врза панделка на плетенката. Перо мисли како да ја повлече Мира за плетенката. Учителката ја повика Мира да излезе на табла.“

Page 26: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

Со кое прашање ќе дознаеме за намерата на Перо?Што мисли (сака) Перо? 384. Учениците од четврто одделение прочитале лектира по сопствен избор. Тие неа можат да ја: прераскажат или обработат 385. Голема книга во која се собрани голем број информации од повеќе научни области се вика: енциклопедија 386. За што служи јавната говорница?Не си дома (немаш телефон), а треба да се јавиш некому.

387. За изведба на театарска претстава треба да се подготви:сценографија, костими

388. Кој може да позајми книга од градска библиотека?Тој што е зачленет и е жител на

градот

389. Куклена претстава е: претстава во која улогите ги играат кукли, а зборуваат вистински глумци. 390. За да доживеам и разберам радиодрама треба да ми помогнат: глумата, музиката и другите звучни ефекти.

391. O бразовни, научно–популарни емисии, серии, народни приказни и детски квизови се: ТВ- емисии 392. Што ќе искористиш ако сакаш да си ги зголемиш знаењата за нешто што тебе те инересира? Образовни ТВ емисии, енциклопедија, интернет 393. Учителката за домашна работа им дала на учениците да изгледаат една образовна ТВ-емисија. Кој од следните ученици си ја завршил домашната задача? Тој што гледал емисија од која што ќе стекне нови знаења.

394. Еден македонски режисер требало да подготви игран филм. За таа цел му е потребно: снимање на филмска лента 395. Ако при подготовката на една радиоемисија режисерот внимава на снимањето и монтирањето на звучните ефекти, на што ќе внимава режисерот при подготовката на ТВ-емисија? Точно поставените камери, на редолседот на прикажување на кадарот и сл.

396. Како започнува дејствието во даден текст дознаваме од: воведот 397. Во реченицата: Околу вратот носеше свилена марама, извезена со црвени цветови . е прикажан опис на: марамата 398. „Дом голем и светол, секаде да има на светов . Во таков дом треба да шета, секое дете на оваа планета.“ Што порачува поетот преку оваа строфа ? Топол дом за секое дете

Page 27: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

399. „Сите везден го поучуваат Жарко дека не треба да црта по книгите.“ Со кој збор може да го замениме зборот везден за реченицата да не го изгуби своето значење? постојано 400. „Еднаш некој селанец закопал десет златници во еден агол од својата градина. Но, соседот го видел и уште истата ноќ ги украл златниците.“ Каков човек бил соседот? Крадец 401. Во зборот земјоделец има: 4 слога

402. Колку слогови има зборот наставник? 3 слога

403. Колку самогласки има во македонскиот јазик? 5 а,е, и, о, у 404. Во реченицата: Во очите на Јана се гледа голема среќа. Апстрактна именка е: среќа 405. Зборовите Ајсер, Мерима и Марина означуваат имиња на: девојки 406. Кој од наведените зборови е именка од женски род? Се определува со таа, (завршува на а) 407. Зборовите Имер и Иле може да ги замениме со: тие 408. Зборовите кои ги појаснуваат именките се: придавки

409. Кој од наведените зборови е глагол?означува работа, дејство, состојба

410. Кој од следните зборови е именка? Име на предмет, суштество...

411. Кој од следните глаголи е во сегашно време? 412. Слично значење на зборот црвено има зборот: алово 413. „Саноќ лежам мајко, саноќ плачам, чаша солзи мајко наполнувам. Бела риза мајко натопувам, И ја редам на мои бели гради.“ Во извадокот од народното творештво подвлечените зборови се: ????? 414. Во реченицата: Мачорот трчаше околу куќата, зборот мачорот претставува: подмет 415. Определи во која од следните реченици глаголот е во минато време. 416. Во реченицата: Роза скина една роза, зборовите Розароза се со: различно значење 417. Никола беше сиромашно момче, со богато благородно срце и душа. Подвлечените зборови во реченицата имаат:????? 418. Кој од следните броеви НЕ искажува приближна бројност? Три, пет сто.. 419. Множина од именката дрво е: дрвја 420. Која од следните реченици е правилно напишана?....

Page 28: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

421. Која од следните реченици е правилно напишана?.... 422. Во реченицата: Петре гордо влезе во Училиштето „8 Септември“, неправилно запишан збор е: училиштето 423. Во реченицата: Гоце Делчев беше храбар јунак, зборот храбар може да го замениме со: силен 424. Во реченицата: Лејла тивко зборуваше со својата мајка, зборот зборуваше може да го замениме со: говореше

425. Зборовите во реченицата: Баба прави слатка пита од сливи, се составени од: подмет и прирок, именки, глаголи и придавки.

426. Во реченицата: Јане и Јана се добар пар, збровите Јане и Јана може да ги замениме со:тие 427. Бројот во реченицата: Кире во џебот имаше 236 денари, може да го запишеме како: двесте триесет и шест 428. Кој вид на збор употребуваме кога пишуваме подмет во реченицата? именка 429. Во реченицата: Кате везе перниче, прирокот може да го замениме со збор кој покажува: дејството во реченицата 430. „Сторил ниет Зајко, Зајко да се жени. Зајко кокорајко, токмо младожења.“ Подвлечените зборови во текстот може да се заменат со:??????? 431. „Појди горе во одаја тетко Катерино, ем благо да си земиш, ем кафе да си пиеш.“Подвлечените зборови во текстот може да се заменат со:?????? 432. Соржината на еден расказ искажана во неколку реченици претставува: фабула (прераскажување) 433. За текст кој е напишан во стихови велиме дека е:песна

434. Додека ги читаме стиховите во песните откриваме: поетски слики ,мотивот, содржината 435. Кога текстот го читаме по улоги, станува збор за: драматизација (драмски текст)

436. Главните носители на дејствието во еден расказ се: главните ликови

437. Како завршила случката или настанот во еден расказ или приказна дознаваме од: завршниот дел

438. Темата во еден расказ претставува: за што пишува писателот во расказот (главната мисла) 439. Главната мисла која писателот ни ја праќа преку своето литературно дело се вика: тема

Page 29: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

440. „Еднамека како свила трева, израснала пред нашата зграда, кој ќе мине цврсто тој ја гази, не му паѓа на ум да ја пази.“ Во наведените стихови тревата е претставена како: свила 441. „Кате: Каде сме сега Коле? Каде стасвме? Коле: На крајот на патеката сме, уште малку и ќе ја видиме планинарската куќичка. Кате: Се уморив Коле! Уште колку време ни треба дотаму?“ Извадокот претставува дел од: драмски текст

442. „Таа вечер беше многу студено. Миле се враќаше од училиште. Пред дворната врата стоеше непознато кученце, кое тивко завиваше. Миле без двоумење го зеде кучето, го стави покрај печката и му даде да јаде. Тоа беше почеток на едно големо пријателство.“ Во горниот извадок од текстот се раскажува за: почетокот на едно големо пријателство , средбата на Миле со непознатото куче 443. „Таа вечер беше многу студено. Миле се враќаше од училиште. Пред дворната врата стоеше непознато кученце, кое тивко цвилеше. Миле без двоумење го зеде кучето, го стави покрај печката и му даде да јаде. Тоа беше почеток на едно големо пријателство.“ Кога се случил настанот во горниот извадок од текстот? Студена вечер, кога Миле се враќал од училиште

444. „Борче беше многу палаво дете. Тој со своите фломастери постојано нешто шараше по училишната клупа, столчето, ѕидот. Така беше секој ден. Доста е веќе! – извика клупата. Ти си лошодете! – прошепоти столчето. Толку години сум тука - се јави ѕидот - но ниту едно дете не се однесувало вака кон училишниот мебел.“ Која е темата во горниот извадок? Лошото однесување на Борче кон училишниот мебел.

445. „Борче беше многу палаво дете. Тој со своите фломастери постојано нешто шараше по училишната клупа, столчето, ѕидот. Така беше секој ден. Доста е веќе! – извика клупата. Ти си лошодете! – прошепоти столчето. Толку години сум тука - се јави ѕидот - но ниту едно дете не се однесувало вака кон училишниот мебел“. Која е пораката од овој извадок? Не го уништувај училишниот мебел. 446. „Пипи Долгиот Чорап е девојче со пегаво лице и сини очи. Таа има густа црвена коса, која секогаш ја носи сплетена во две плетенки. Тие постојано штрчат над нејзините уши. Но, на Пипи тоа воопшто не и пречи.“ Во горниот извадок прикажан е опис на: девојчето Пипи 447. „Си бил еден стар штрк кој го имаше пропатувано целиот свет. Секоја година во јули, другите штркови доаѓаа во неговото гнездо за да им раскажува нешто важно што го видел на догото патување.“ Кога се случува дејствието во претходниот извадок од текст?Во месецот јули. 448. „Си бил еден стар штрк кој го имаше пропатувано целиот свет. Секоја година во јули, другите штркови доаѓаа во неговото гнездо за да им раскажува нешто важно што го видел на долгото патување.“ Каде се случува дејствието во претходниот извадок од текст? Во гнездото на штркот. 449. „Ана и Игор стоеа покрај прозорецот од својата соба и тивко разговараа. Сакаа да ја изненадат својата мајка за нејзиниот роденден. Ана ја суреди собата, а Игор го купи

Page 30: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

омиленото цвеќе на мама.“ Кога се случува дејствието во претходниот текст? На роденденот на мајката. 450. „Ана и Игор стоеа покрај прозорецот од својата соба и тивко разговараа. Сакаа да ја изненадат својата мајка за нејзиниот роденден. Ана ја суреди собата, а Игор го купи омиленото цвеќе на мама.“ Каде се случува дејствието во претходниот текст? Во собата на Ана и Игор. 451. „Ана и Игор стоеа покрај прозорецот од својата соба и тивко разговараа. Сакаа да ја изненадат својата мајка за нејзиниот роденден. Ана ја суреди собата, а Игор го купи омиленото цвеќе на мама.“ Од текстот дознаваме дека Ана и Игор се: брат и сестра 452. Временската прогноза гласи: „Времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд.“ Кога ќе одиш на училиште треба да понесеш: чадор 453. „Стојна беше многу убава и стројна мома. Висока како топола, со лице бело црвено како тетовско јаболко.“ Со што е споредувана Стојна? Топола, тетовско јаболко

454. „Жубори и нешто тивко мрмори, поточе бистро сред шума густа, и патник кога оттука мине, натопува сува и жедна уста.“ Која поетска слика е прикажана во горенаведените стихови? Бистро поточе сред шума. 455. Со прашањето: Каде живее Петре? се открива: каде е домот на Петре, адресата

456. Коле работи во фабриката за чевли. Реченицата е одговор на прашањето: Каде работи Коле

457. Претставата ќе започне во 18 часот. Од исказот дознаваме: времето кога

започнува претставата

458. Оваа таблае поставена на вратата на една ординација: Работно време Секој ден од 7:00 до 20:00 часот,освен во недела Од натписот дознаваме дека ординацијата НЕ работи само во: недела 459. „Основното училиште „8 Септември“ во својата годишна програма има планирано две еднодневни екскурзии и еден излет во блиската околина.“ Со прашањето: Што планира основното училиште? дознаваме: 460. Внимателно прочитај ги следните стихови: „Сакам да сум птица со големи широки крилја, па да летнам низ просторот ширен до небото слободно да се вивнам.“ Кој е мотивот во стиховите? Поетот сака да лета како птица на небото. 461. Определи со кои зборови може да ја дополниме следната реченица: Неговата мајка беше вредна и работна како .................пчела, мравка

462. Кога лицето зборува за настан или случка во кој лично учествувало и ја доживеало, станува збор за: раскажување 463. Кога правилно ги пишуваме зборовите од речениците во даден текст станува збор за: збороред

Page 31: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

464. Краток текст во кој точно е наведено местото и времето на некој настан го викаме: известување 465. Текстот во кој се зборува за изгледот на некој предмет или суштество го викаме: опис

466. Кога зборуваме за лик од гледана театарска претстава тогаш правиме: анализа на ликот , опис на ликот, особини на ликот

467. Текстот кој започнува со зборовите „Драго, непознато другарче!“ се нарекува: писмо до непознато другарче 468. Во која од следните реченици е опишано годишното време лето?топло, сончево, ...

469. „На ден 26. 05. 2013 година, по повод претстојната ученичка екскурзија, ќе се одржи заедничка средба со учениците и родителите на IV<sup>2</sup> одделение.“ Горниот извадок претставува: известување

470. „Таа година зимата дојде одненадеш. Снегулките непрестано паѓаа побелувајќи ги покривите на куќите. Набрзо с� бешебело, дрвјата, патиштата, полињата.“ Во овој извадок е даден опис на: Природата во зима 471. „По каллив пат низ дабова шума одиме стрико Марко, Бошко и јас. Под нашите боси нозе шлапка калта. Стрико Марко оди напред а ние по него. Реката ја минавме кога излегуваше сонцето.“ Која форма на изразување е употребена во горниот извадок? раскажување 472. Кога сакаме да опишеме некој лик или предмет најчесто користиме: описни придавки

473. „Секое попладне дедо Коле седнувал покрај печката и полека ја виткал последната цигара со тутун. Наеднаш се слушнал лаежот на кучето. Тој го навестил доаѓањето на децата.“ Која форма на изразување е употребена во горниот извадок? прераскажување

474. Библиотеката е место каде: што се чуваат и позајмуваат книги и списанија за читање

475. Енциклопедиите служат за: проширување на знаењата од една или повеќе области 476. Во театар одиме да гледаме: театарска претстава

477. Кога телефонираме прво треба: да поздравиме и да се претставиме

478. „ Кате: Каде сме сега Коле? Каде стасавме? Коле: На крајот на патеката сме, уште малку и ќе ја видиме планинарската куќичка. Кате: Се уморив Коле! Уште колку време ни треба дотаму?“ Кои ликови ги среќаваме во извадокот? Кате и Коле 479. Кој од следните зборови е конкретна именка? Конкретни именки се зборови кои означуваат предмети, кои можеме да ги допреме, видиме, вкусиме и сл.

Page 32: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

480. Време(сегашно,минато и идно) имаат: глаголот 481. Кои од наведените именки имаат ист род?.... 482. Општа и конкретна именка претставува зборот: Општи именки или конкретни именки се имиња на предмети и суштества, односно зборови кои означуваат предмети, кои можеме да ги допреме, видиме, вкусиме и сл...... 483. Во сегашно време е употребен глаголот:.... 484. Наводници користиме кога: наслов на списанија , книги, имиња на филмови, емисии, имиња на улици , хотели, фирми, кога се наведува туѓи мисли и зборови. 485. Зборот радост има ист број на слогови со зборот: 2 слога 486. Во која од речениците има глагол во сегашно време?.. 487. Зборовите учам и ќе учам се: глаголи

488. Во реченицата: Таткото на Петар црта многу убаво., кој збор покажува кој го врши дејството? таткото 489. Во која од речениците зборот малиот го објаснува подметот? пр.Малиот Миле игра фудбал. 490. Ако слушнам и прочитам за тоа кога и каде ќе се одржи некој настан, тоа е: известување

491. Каде и кога? Што дознаваме со ова прашање? Место и време 492. Со прашањето: Кој е носителот на дејството? во прозен текст се открива: главниот лик

493. Сликите што се создаваат при читање на песна претставуваат: поетски слики 494. Што се искажува со следните стихови? ,, Со љубов, ве китам: што спасивте една мајка денот детски пак да ни биде бајка“ благодарност 495. Групата на Сања имала задача да напише песна.Кој од нив постапил правилно? 496. Била зима, дебел снег ја покри земјата, а едно сиромашно момче требало да отиде во гората по дрва. Отишло тоа, собрало суви прачки... Темата во горниот извадок е:Во ладната зима сиромашното момче отишло да собере дрва. 497. Како се вика дел од песната кој претставува една целина составена од неколку стихови? строфа 498. Поетот своите мисли ги искажува преку пишување на: стихови, песна 499. „Ветерот ги носеше жолтите лисја. По гранките на дрвјата висеа зрели овошни плодови. Едни – жолти, други – црвени, но сите опојно мирисаа. Ластовичките заминаа на

Page 33: 2. Македонски јазик - Одговори за екстерно - Домаek15.weebly.com/.../makedonski_4_odd_devetoletka.pdf ·  · 2015-05-306. Кој од следните

југ. Само што не паднала првата слана.“ Кое годишно време е опишано во горниот извадок од текст? есен 500. „Наутро, подготвувајќи се да тргне на работа, таткото му се обрати на Орхан: - Орхан, донеси ми го мантилот! - Мамо, донеси му го на тате мантилот! – рече Орхан. - Орхан, дај ми ги чевлите! – рече таткото. - Мамо, дај му ги на тато чевлите! – рече Орхан.“ Помеѓу кого се води дијалогот во горниот извадок од текст? Орхан и таткото