Top Banner
Содржина: 1. Вовед:.................................................... 2 2. Религијата и нејзината определба..........................3 2.1 Религијата и нејзините функции...........................5 2.2 Истражувања и функции на религијата......................6 3. Култура-определба на културата............................9 3.1 Елементи на културата...................................11 4. Образованието во современото општество...................13 4.1 Општествена образована зависност........................14 4.2 Социолошки теории на образованието......................15 4.2.1 Функционална теорија..................................15 4.2.2 Манифестна функција на училиштата.....................16 4.2.3 Конфликтни теории за образованието....................17 5. Заклучок................................................. 19 6. Користена литература..................................... 21 1
29

религија. култура и образование

Jan 03, 2016

Download

Documents

религија. култура и образование
Welcome message from author
This document is posted to help you gain knowledge. Please leave a comment to let me know what you think about it! Share it to your friends and learn new things together.
Transcript
Page 1: религија. култура и образование

Содржина:

1. Вовед:....................................................................................................................2

2. Религијата и нејзината определба...................................................................3

2.1 Религијата и нејзините функции.....................................................................5

2.2 Истражувања и функции на религијата.........................................................6

3. Култура-определба на културата.....................................................................9

3.1 Елементи на културата...................................................................................11

4. Образованието во современото општество................................................13

4.1 Општествена образована зависност...........................................................14

4.2 Социолошки теории на образованието.......................................................15

4.2.1 Функционална теорија.................................................................................15

4.2.2 Манифестна функција на училиштата......................................................16

4.2.3 Конфликтни теории за образованието.....................................................17

5. Заклучок..............................................................................................................19

6. Користена литература......................................................................................21

1

Page 2: религија. култура и образование

1. Вовед:

Поимот религија се појавува низ огромен феномен и оттука започнува и

нејзиното дефинирање. Дефинициите кон религијата ја поврзуваат со

истражувањето навело тоа што на тој начин се толкува суштината на

религијата кон општеството. Ритуалите и нивното воспоставување ја

поврзуваат со божественото во кои се засновани и душевните верувања на

човекот. Религискиот живот ги зема анимистичките верувања и обичаи

откриени во духот и духовните битија. Чувствата кон религиските верувања

најчесто се оформуваат преку јазикот. Тие стануваат покомплексни, односно

стануваат поими за боговите.

Културата, во својата суштина, е социјален феномен, бидејќи се раѓа,

функционира, и влијае на останатите општествени појави. Културата ги

доживува трансформациите само во процесот на кооперација,

натпреварување, судири на многубројни индивидуи, односно во процесот на

меѓусебното дејствување на личностите и општествените групи. Културата,

општо земено, се однесува на човековата активност; различните објаснувања

на поимот култура се одраз на различните теории и критериуми на разбирање

и оценување на човековата активност.

Образование е процес на промена на личноста во посакуваната насока

со усвојување на различни содржини во зависност од возраста и потребите на

поединци. Образованието вклучува и воспитни, покрај образовните содржини.

Најзначајна образовна институција од образовно-воспитен карактер е

училиштето. Со развиток на системот за комуникација образованието станува

глобален процес каде е тешко да се усмерува само во саканиот правец на

одредена социјална заедница. Образованието е процес со кој општеството ги

пренесува акумулираните знаења, вештини и вредности од генерација на

генерација. Во античките општества, образованието било достапно само на

мал број луѓе. Верските великодостојници, често биле единствените кои го

разбирале писмото. За повеќето, учењето претсавувало земање пример од

постарите.

2

Page 3: религија. култура и образование

2. Религијата и нејзината определба

Терминот религија се употребува за многу разновидни нешта. Религијата

се појавува низ огромен вариетет на форми и оттаму е тешко нејзиното

дефинирање.

Различните дефиниции на религијата се обидел да ги систематизира

Емил Диркем, како дел од истражувањата што ги спровел со цел да дојде до

сопствена дефиниција:

Дефиниции кои религијата ја поврзуваат со натприродното. Едно од

многу честите толкувања на религијата е дека „ светот со се она што содржи и

што го опкружува, е мистерија која бара објаснување“1. Суштината на

религијата според ова толкување се состои во „верувањето во сеприсутноста

на нешто што го надминува разумот”, односно таа претставува „напор да се

појми непоимливото, да се изрази она што е непознавливо, да се изрази

стремежот кон бесконечното“.

Дефиниции кои религијата ја поврзуваат со божественото, односно кои

се засновани на верувањето дека постојат духовни битија и дека човекот со

нив воспоставува однос со посредство на религијата. Религијата претставува

„одредување на човековиот живот со свеста за врската која човековиот дух го

обединува со мистериозниот дух кому му признава дека владее со светот и со

него самиот и со кога сака да се чувствува обединет“.

Анимизмот е едно од најшироко распространетите определби. Таа како

првобитен облик на религискиот живот ги зема анимистичките верувања и

обичаи, и притоа нив ги поврзува со идејата за душата која откако била

откриена постепено пораснала во идеја на духот, или на духовните битија. Ним

им се припишуваат посебни моќи во однос на човековата егзистенција.

Според анимистите луѓето прво доаѓаат до свест за душата како нешто

што постои во човекот, но што може да се издели до него.

Духовите и боговите понатаму, израснуваат како сублимати на душата.

Натуризмот, школа со доминирачка положба во општествената теорија,

религијата ја засновува врз искуството поврзано со надворешниот свет. 1 Диркем E. (1999), “Елементарни облици на религискиот живот”, Скопје, стр.23

3

Page 4: религија. култура и образование

Според натуристите првите предмети кон кои се појавило религиското чувство

биле природните тела. Природата со своите сили и изненадувања што тие ги

предизвикувале, непознатото и стравот и оддушевувањето што тоа ги

разбудувало, дале поттик за израснување на религиската мисла. За нив

почнале да оформуваат чувства кои прво биле нејасни, но кои постепено

станувале се појасни, односно се преточувале во идеи и поими. Чувствата,

имено, добиваат израз преку јазикот. Но јазикот има способност за сопствена

креација, за метафорично изразување. Затоа и преку него доаѓа до

изменување на првобитно оформените поими. Понатамошното креаторство на

мислата овие поими ги збогатува- се измислуваат нивни биографии, се

исцртува прородата на нивните личности итн. На тој начин боговите се повеќе

се изделуваат од нештата кои го поттикнале нивното оформување.

Дефиницијата на Емил Диркем. Тој поаѓа од две суштински одлики на

религијата: поврзувањето на луѓето во духовна заедница и делењето на

нештата од светот на две класи- свети и световни. Диркем забележал дека

религиските верувања секогаш им се заеднички на членовите на даден

колектив, односно луѓето преку заедничката вера се поврзуваат во единствена

група. Секаде каде што постои религиски живот постои групата како негов

супстрат. Луѓето заемно се поврзуваат со тоа што имаат заедничка вера. А

заедницата чии членови се обединети преку единственото замислување на

светот на светото и неговиот однос со светот на профаното, како и затоа што

оваа заедничка претстава ја манифестираат преку истоветни обичаи се

нарекува црква. Така, Диркем ќе дојде до оваа дефиниција на религијата:

„религијата е цврсто поврзан систем на верувања и обичаи кои се однесуваат

на светите, т.е издвоени и забранети нешта, имено систем на верувања и

обичаи кој сите свои приврзаници ги обединува во иста морална заедница

наречена црква.“

Споредувајки ги анимистичката и натуристичката определба на

религијата тој открива нешто што им е заедничко- тоа е начинот на кој тие го

поставуваат проблемот на религиското. И двете поимот на божеството го

изведуваат од чувствата кои во нас ги разбудуваат биолошките или физичките

природни појави. Појдовен поим на религиската еволуција за анимистите е

сонот, додека за натуристите космичките појави. Меѓутоа, со оглед на тоа што

ниту човекот ниту природата немаат свето обележје по себе, останува

4

Page 5: религија. култура и образование

отворено прашањето која е онаа стварност што го претставува изворот на

светото, која понатаму дава поттик за појавата на анимистичката и

натуристичката вера. Диркемовата цел е токму нејзе да ја открие и за тоа тој го

подложува на анализа тотемизмот, за кого претходно ќе констатира дека

претставува најстара позната форма на религија.

Современите дефиниции: ги има многу. Доминираат оние што поааѓаат

од идејата дека религијата вклучува однос на човекот со натпри-родната

реалност. Една од нив е онаа на Роланд Робертсон, која религијата ја

дефинира како “ комплекс на верувања и симболи кои се однесуваат на

разграничувањето на емпириската и суперемпириската трансцендетална

реалност; случувањата на емпириското битие му се подредени значајно на

неемпириското. Второ , религиската акција ја дефинираме просто: како акција

обликувана од признавањето на емпириско/ надемпириската разлика.

Терминот религија е резервиран за решенија на прашања за

ултимативното значење што ја постулира егзистенцијата на натприродното

битие, свет или сила, и што понатаму постулира дека оваа сила е активна, дека

настаните и условите овде на земјата се влијаени од натприродното.

Религијата според нив е еден голем извор на генерални компензатори, а

секоја посебна религија ги организира своите компензатори во систем. Сепак,

генералните компензатори повлеку-ваат објаснување за ултимативното

значење. Така, дефиницијата на религијата може да се преведе во следнава

форма: Религијата е систем на генерални компензатори засновани на

натприродни претпоставки.

2.1 Религијата и нејзините функции

Функционалноста на религијата веќе е дадена во некои од нејзините

дефиниции. Сеприсутноста на религијата во сите општества, во целиот тек на

општествената историја е најдобриот показател за нејзината функционалност,

односно за придонесот што таа го остварува за опстанување на општествената

целина.

Религијата има функции кои се однесуваат на човекот како индивидуа и

како член на човечката група.

5

Page 6: религија. култура и образование

Некои од функциите на религијата, општо препознаени од страна на

социолозите се:2

1. Религијата обезбедува подршка за надминување на човековиот страв од

непознатото и неизвесноста на иднината

2. Религијата и дава намера и смисла на човековата егзистенција.

3. Религијата ги обезбедува луѓето со можности да ја надминат

секојдневната реалност.

4. Религијата им помага на луѓето да развијат чувство на идентитет.

5. Религијата помага да се развие чувство на идентитет и преку членството

во специфични религиски организации.

6. Религијата може да им помогне на индивидуате за време на кризите на

транзиционите периоди од животот.

2.2 Истражувања и функции на религијата

За општествените функции на религијата значајни се истражувањата на

Робертсон Смит и Фистел де Куланж.

Робертсон Смит, во Лекции за религијата на Семитите, ја истражувал

ритуалната практика на старите религии во прв ред Јудаизмот, и дошол до

заклучок дека централниот факт на религијата е единството на религиозната

група.

Сличен став зазема и Фистел де Куланж, авторот на Древниот град. Тој

ја анализирал структурата на древните градови, пред се античките и дошол до

заклучок дека во нив постои тесна врска меѓу типот на верувањето и типот на

општествената организација, односно утврдил дека начинот на кој е согледана

2 Диркем E. (1999), “Елементарни облици на религискиот живот”, Скопје. Стр.48

6

Page 7: религија. култура и образование

организацијата на светот на боговите открива влијание на стварниот

општествен живот врз претставите за божествениот.

Истражувањата на Емил Диркем:

На заклучоците на овие двајца мислители Диркем го засновува своето

истражување на функциите на религијата.

Тој прво го отфрла ставот дека основната цел на религијата е сознајна,

забележувајки дека верниците не му се обраќаат на Бога тогаш кога сакаат

нешто да научат, туку кога се соочуваат со проблеми што самите не се во

состојба да ги решат. Имајки го предвид искуството на верниците тој ке

забележи:

Тие верниците чувствуваат дека правата функциај на религијата не е да

не поттикнува да мислиме, да го збогатува нашето сознание, да им додава на

претставите кои и ги должиме на науката претстави од поинакво потекло и

поинаква природа, туку да не наведе да дејствуваме и да ни помогне да

живееме. Верникот кој се соединил со својот Бог не е само човек кој гледа

нови, на верникот непознати вистини, туку и човек кој може повеќе. Првата

точка на секоја вера е спасението по пат на верата.

Така, според Диркем стварноста што ја предочуваат митологиите од

најразличен вид е самото општество. Општеството е објективна, универзална и

вечна причина за чувствата од кои е создадено религиското искуство.

Идеите кои се раѓаат во едно општество имаат религиозна основа.

Моралните и правни норми, исто така, се неразделно поврзани со религијата.

Всушност, сите големи општествени институции се родени во религијата. Но за

главните видови на колективниот живот во почетокот да бидат само

разнородни видови на религискиот живот, очигледно било потребно

религискиот живот да биде највозвишен облик и нешто како сажет израз на

севкупниот колективен живот. Ако религијата го родила се она што во

општеството е битно, тоа е затоа што идејата на општеството душата на

религијата.

Затоа и религијата се манифестира како систем на религиозни практични

активности кои во текот на долго повторување стануваат ритуали.

7

Page 8: религија. култура и образование

Истажувањата на Макс Вебер:

Функциите на религијата ги истражува и Макс Вебер. Тој особено е

заинтересиран за влијанието на религијата врз економската мотивација за

единката.

Во познатото дело Протестантската етика и духот на капитализмот тој

утврдува постоење на врска меѓу капитализмот и протестантската етика.

Анализирајки го капитализмот, тој во него открива еден голем комплекс на

заемно поврзани институции кои се засновани повеќе на рационално отколку

на шпекулативно постигната добивка, во кои посебно место заземаат бизнис

корпорацијата и берзата. За посебноста на западниот капитализам

придонесуваат и цела листа на други развои, какви што се градските заедници,

правниот систем, политичката организација, типовите на валути и типовите на

валутна регулација, типовите на економски претпријатија.

Откако го дефинирал “духот на капитализмот” Вебер почнал да ги бара

причините за неговото оформување и нив ги наоѓа во религиозните идеи кои се

оформиле во рамките на Реформацијата, пред се во учењето на Калвинизмот,

чија етичка практика била претворена во еден метод кој се однесува на

севкупниот живот. Калвинизмот ја афирмирал идејата за “нужноста на

потврдувањето на верата во позитивниот живот”, а со тоа ја потстрекнал

аскезата во секојдневниот живот.

Протенстантизмот упатува на самоконтрола и планирање во сите

економски активности. Тој бара да се работи за Бога и да се биде богат, за да

може за него да се троши кога тој ке побара.

Вебер ги споредува капиталистичкиот дух и протестантската етика и

доаѓа до заклучок дека основното во двете е идејата на позивот. И кај двете

трудот е издигнат на рамништето на најсвета должност на човекот и највисок

израз на човековото самопотврдување. И двете имаат позитивен однос кон

стопанската дејнсот, чија цел е стекнувањето добра кои не се наменети за

лична потрошувачка.

8

Page 9: религија. култура и образование

3. Култура-определба на културата

Културата спаѓа во основните поими на современите општествени и

хуманистички науки. Од сите поими, кои се наоѓаат на репертоарот на

современата социологија и на неа блиските науки, посебно во културната

антропологија, ниеден поим не е толку базичен и важен како што е тоа поимот

култура. Терминот култура, доаѓа од латинскиот ноим „cultis" што значи

негување, обработка.

Многу автори на учебници no социологија и социологија на културата, го

наведуваат податокот на Кребер-Клукхом, кои утврдиле постоење на 257

различни дефиниции на културата, што ни укажува на фактот дека во

социолошката и антрополошката литература сe среќаваат мноштво на

дефиниции за културата.

Културата3, во својата суштина, е социјален феномен, бидејќи се раѓа,

функционира, и влијае на останатите општествени појави. Ги доживува

трансформациите само во процесот на кооперација, натпреварување, судири

на многубројни индивидуи, односно во процесот на меѓусебното дејствување

на личностите и општествените групи. Ако поимот култура го сфатиме како

вкупност на општествени односи и духовни творби, кои се создаваат во

процесот на тие односи, во тој случај јасно мора да се отфрли тврдењето,

според кое културата е само резултат на инспирација и творештво на надарени

поединци. Таа, всушност, е и тоа. Во суштина, таа настанува во процесот на

взаемно дејствување, разни достигнувања, резултати во рамките на еден општ,

општествен амбиент во секој историски момент и како резулатат на посебните

активности на поединците.

Терминот култура, за општествените научници има пошироко значење

од она коешто овој термин го добива во секојдневниот говор. Во општествените

науки, културата го подразбира сето она во човековото општество, што се

пренесува социјално.

Социјално-антрополошките идеи за културата, во голема мера се

засновани на дефикицијата што ја дава Едвард Тејлор во 1871 г., во која тој

упатува на комплексот од научени сознанија, верувања, уметност, морал, 3 Ташева М. (2003), “Социологија”, Филозофски факултет, Скопје, стр.98

9

Page 10: религија. култура и образование

право и обичаи. Ова дефиниција смета дека културата и цивилизацијата се

едно исто. Но ова поистоветување е можно во англиската и во француската

употреба, додека во германската, тоа е неповрзливо со разграничувањето меѓу

културата и цивилизацијата (Kultur и Zivilisation), каде што првото се однесува

на симболите и на вредностите, додека второто на организацијата на

општеството.

Модерните идеи за културата произлегоа од делата на теренските

антрополози, од крајот на 19 век, како Франц Боас, кои се наклонети кон

релативизмот. Намерата беше да се опишат, споредат и да се спротивстават

културите, а не да се рангираат, иако Боас и некои подоцнежни

северноамерикански антрополози се, исто така, заинтересирани за процесите

на позајмување или за друг вид на трансмисија на културните белези меѓу

општествата. Ова доведе до развој на идејата за културните области и до

компаративна етнографија на Северна Америка. Обете во голема мера,

отсутни во Британската социјална антропологија. Во втората, се смета дека

културата, општо земено, е збир на идеи и симболи, која како таква, се

разликува од социјалната структура, и ова разгранучување е, исто така,

централно за европската и за американската социолошка употреба на

терминот.

Културата е начин на живот. Ваков обид за одредување не

овомозможува да се воочи она што е најважно кај културата, она што е

непрецизно и неприфатливо. „Начинот на живеење ", најповолно може да се

операционализира, низ таканаречениот стил на живеење, кој опфаќа обем на

трошење на материјалните добра, начин на забава, и неформално дружење,

на тоа како друштвото временски се репродуцира, а не укажува на тоа како тие

облици на однесување се поврзани и одредени со творби како што се моралот,

религијата, уметноста, обичаите, јазикот, a кои не можат да се заобиколат во

една сериозна анализа.

Културата е збир на општествени установи, како што се театрите,

црквите, музеите, библиотеките, училиштата и сл. Ваквиот институционален

период, каков што е често присутен во секојдневниот, говор поаѓа од точното

гледање дека културата има цврсти врски со традицијата и духовниот свет, но

всушност, со својата усмереност исклучиво на институциите, не успева да ја

10

Page 11: религија. култура и образование

види многу значајната димензија на уметничкото, верското, обичајното, што не

е можно да се одвои од културата.

Културата се сфаќа како начин на однесување, и тоа она што е

префинето, и што е подложено на правилата на етикетизацијата, и други

слични правила.

3.1 Елементи на културата

Во рамките на анализата за структурата на културата, на ниво на

глобално општество, како основно прашање се појавува и прашањето за

дефинирање и разврстување на елементите на културата. Таа задача, не е

можно да се направи, без одредено арбитрирање во разврстувањето, ако се

има во предвид многу творештва. Но, во секој случај, се чини дека појдовна

основа треба да бидат главните карактеристики на тие творби, начинот на

поврзување со другите културни творештва и утврдување на основните улоги

што тие творештва треба да ги имаат. Во таа смисла, мораме да зборуваме за

комуникациските, сознајните, осмислените и регулативните задачи на

културата, но и за соодветните видови на творештво. Без да се влегува во

подробности што би значеле опишување на секое од тие видови и подвидови

творештва, можат да се разликуваат:4

1. Јазик како основен облик на комуникациските културни творештва, кој

содржи низа на поврзани звукови кои сами за себе ништо на значат, но

со стандардизацијата им се придава, од страна на општеството,

општоприфатливо значење, кое во рамките на сложениот систем,

овозможува симболичка комуникација. Покрај комуникациските обележја,

јазикот има и значајни когнитивни, па и нормативни, општествени

карактеристики;

2. Сознајни (когнитивни, гносеолошки) творештва, кои пружат помалку

или повеќе, објективна слика за светот, односно, со нив човекот го

објаснува светот. Тука, како подвидови се појавуваат: здраворазумското

4 Ташева М. (2003), “Социологија”, Филозофски факултет, Скопје, стр.105

11

Page 12: религија. култура и образование

сознание, религијата, филозофијата, идеологијата, стереотипите и

предрасудите, како и науката. Фактот дека напоредно постојат

многубројни сознајни творби, зборува за тоа дека ниедна не е сознајно

совршена, но и дека сознајните комионенти, се надополнуваат со

останатите;

3. Вредностите, сочинуваат хиерархиски систем на духовни творби кои го

осмислуваат животот и го усмеруваат човековото дејствување,

одредувајќи што е пожелно, добро, правилно, мудро или корисно и

одредувајќи ги објектите, како цели и идеали. Внатре, во тие области,

кои ги сочинуваат доста скриени категории, како посебен вид на

артикулиран тип на творби, се појавува уметноста како специфична

категорија која ја карактеризира естетската вредност, односно она што е

убаво;

4. Нормите - правилата, како елементи на културата, содржат наредби и

забрани за човечкото однесување, и во извесна смисла претставуваат

операционализација, како општествени норми и правила, опфаќаат и

казни-санкции за нивното непочитување. Постојат повеќе видови на

казни, односно санкции, и аналитички, наједноставно можат да се

разликуваат, ако се земат во предвид субјектите и карактерот на казните.

На прво место се правните норми, нив ги донесува државата, се грижи за

нивното спроведување во практиката, а казните ги одредуваат

државните органи, обичајните норми, за кои казните ги одредува

формално неорганизираното општество и општествените групи во него;

моралните норми, кај кои казната се состои од срамот кон самите себе

за сопствените постапки, кои заедницата ги цени за нешто кое не е

позитивно и добро, па ги става на совест за стореното; како и некои

нормативни елементи, кои се помалку значајни, како што се верските

прописи, прописите за начинот на облекувањето и др.

5. Експресивните симболи, стануваат предмет на внимание како посебен

облик на културни творби во поново време. Експресивните творби ја

12

Page 13: религија. култура и образование

истакнуваат приврзаноста и верноста на еден систем на симболи, како

што се знамињата, звучните симболи-химни, грбови и др.

4. Образованието во современото општество

Образованието5 во својата модерна форма, која вклучува обука во

посебно изградени објекти, почнало да се развива постепено. И покрај тоа до

пред 150 години децата на побогатите имале приватни учители. Поголемиот

број од населението немале никакво образование до првите децении од 19 век,

кога во Европа и САД почнал да се воведува системот на основно училиште.

Процесот на индустријализација и експанзија на градовите предизвика потреба

за специјална едукација. Луѓето денес работат во многу професии и користат

разни стручни знаења, па затоа не е можно пренесување на знаењето од

родителите на децата. Повеќето е истакнато апстрактното учење на некои

дисциплини, а не како порано практично пренесување на некои специфични

вештини. Веќе долго време, особено во развиените западни земји, е присутно

домашното образование како алтернативно формално образование.

Во современото општество, луѓето треба да ги научат основните

вештини како што се читање, пишување и математика и да добијат општо

познавање за нивната физичка, социјална и економска средина. Во исто време,

важно е да се знае како да научите, за да би биле во состојба да ги совладате

новите и технички сложени облици на информација. Современиот образовен

систем почнал да се оформува во западниот дел на почетокот од 19 век, иако

властите во Велика Британија, за разлика од другите земји, се колебале дали

да прифатат еден интегриран систем на национално ниво (задолжителното

образование било воведено во 1870 година). Кај нив се развил систем на

приватни училишта каде што наставата се плаќа, особено на ниво повисоко од

основно. Во оваа смисла, денес се води остра дебата за образовниот систем,

каде што постои и училишен систем под покровителство на верските заедници.

5 Schofield, K. (2007). "The Purposes of Education", Queensland State Education, p.21

13

Page 14: религија. култура и образование

Образованието во САД започнува од практиката на дисциплинирањето

на децата, што во 17 век одиграло голема улога во верувањето дека децата

мора да ги слушаат родителите без приговор, и тоа било вклучено во

правилата и на првите американски колонии. Со одредбата во 1642 дебели и

строги се казните за родителите и старателите кои ја занемаруваат обуката и

работата на своите деца. Бидејќи тоа не било делотворно, пуританските власти

во 1647 год. наредиле сами да го организираат школувањето. Тоа траело

повеќе од 200 години за да се воведе сеопфатна едукација за голем број луѓе

во САД. Посебен проблем е разновидноста на имигрантите, кои преку

едукација треба да се лингвистички обединети, и до одреден степен културно

англизирани. Во училиштата се направени и американските идеали за еднакви

можности за сите, што доведе до развој на образованието и масовното

ширење на образованието многу порано отколку во другите земји. Заедно со

идеалот на еднаквоста и другите американски вредности и идеи продолжиле

до денес помалку или повеќе експлицитно да се предаваат во училиштата.

4.1 Општествена образована зависност

Образованието има важна функција во секое општество. Поради

важноста на образованието секоја влада сака да ја дефинира својата

концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите

на системот. Поради тоа државата обезбедува финансирање на

образованието..

Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената

култура, почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се

обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во

општеството и системот на власта. Сите образовни системи се базираат на

познавање на историјата на општеството. Институционализацијата6 на

образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и

социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги

совладува во процесот на обуката. Преку силен образовен систем се менува

6 Schofield, K. (2007). "The Purposes of Education", Queensland State Education, p.32

14

Page 15: религија. култура и образование

структурата на општеството, на семејството и професијата. По Талкот Парсонс

училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го

подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на

социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за

менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или

наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите

знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот

живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално тоа е богатство

на сите луѓе во општеството.

4.2 Социолошки теории на образованието

Сите теории на образование се во договор за неговата голема важност,

но тие даваат различни објаснувања и предлози:

4.2.1 Функционална теорија

Според овие претставници на социјализацијата функција на

образованието е најважна. На пример, Емил Диркем верува дека училиштето е

мост меѓу поединецот и општеството. Според него, современите општества се

хетерогени, со развиена поделба на трудот, настапуваат многу различни лица.

Во оваа разновидност, која не може да се спречи потребно е да се донесат

некои количини на хомогеност, еднаквост, за да се осигура интеграцијата на

општеството.

Училиштето е главно средство за постигнување еднаквост. Талкот

Парсонс, исто така, сметал дека училиштето е жариште во модерните друштва.

Училиштето ги учи децата за тоа како друштвото не е составено од

родителите, роднините, пријателите, туку дека во одделението можностите и

условите се еднакви за сите. Училиштето ги учи децата да ги прифатат

разликите меѓу партикуларистичките и универзалистичките норми на

вреднување, а тоа е важно за да се вклучат во светот на возрасните.

Партикуларните норми значат вреднување на поединец по она што е, а

не кој е. Родителите ги вреднуваат децата како свои, како посебно, а не како

другите деца. Овие се стандардите поврзани со пропишаната позиција.

15

Page 16: религија. култура и образование

Унивeрзалистичките норми значат дека поединецот е само една од многуте

(еднаков) и дека неговата позиција е условена во споредба со другите, а не

однапред загарантирана. Ова значи дека неговите постигнувања се

вреднувани од гледна точка на општите стандарди, прифатени во општеството,

а не од гледна точка на одредени критериуми (да се биде нечие дете или да

припаѓа на некоја раса, религија, нација, итн.)

Баш тука детето ја учи разликата што е многу важно да се подготви за

иднината. Од гледна точка на социјализација, образованието не подразбира

само пренос на вредности и норми на општеството, но, според Парсонс таму се

учат најважните правила на животот.

4.2.2 Манифестна функција на училиштата

Манифестната функција на училиштата се состои во следното:

Пренос на културните традиции и социјализацијата

Училиштето значи функционирање на општествен систем како целина.

Училиштето е друштвена институција која служи за селекција и

распределба на друштвена положба. Во училиштето треба да се почитуваат

меритократските правила - систем на пристрасни, објективни мерила на

вреднување на способноста, трудот и достигнувањата на поединците. Овие

принципи треба да се вредуваат во целото друштво (кој работи посложена

работа треба подобро да се плати), но се особено значајни во училиштето. Ова

значи дека учениците кои се трудат повеќе и имаат подобри вештини, треба да

добијат подобра оценка, која ќе им овозможи да го продолжат своето

образование и подобро платена работа, а со тоа и подобра општествена

положба.

Училиштето би требало да служи како друштвен механизам на селекција

- избор на најспособни поеднинци кои ке заземаат најзначајна положба во

друштвото. Во исто време, училиштето е општествен механизам на

распределба-дистрибуција на луѓето во одредени професионални улоги.

16

Page 17: религија. култура и образование

Со исполнување на овие две важни функции, училиштето придонесува

за зајакнување на социјалната интеграција. Ова е особено важно во расни и

етнички мешани друштва. На пример, во САД се учи што тоа значи да се биде

американец од различно расно и етничко потекло. Младите таму усвојуваат

заедничко културно наследство и се подготвени да бидат одговорни граѓани.

Се разбира, ова не е само за Американците.

Покрај манифестната функција на училиштата, постои и латентна

функција на училиштата (ненамерна улога на училиштата), како: Училиштата

служат како институции за згрижување на деца, места каде што децата се

безбедни Училиштето како "брачен пазар", може да служат младите да

избираат партнери од слично друштвено потекло Училиштето развива

друштвени вештини за комуникација, сколопување пријателства Формалното

образование ги чува младите луѓе на пазарот на трудот, а со тоа предизвикува

намалување на невработеноста и спречување на конкуренција помеѓу младите

и возрасните за работа

4.2.3 Конфликтни теории за образованието

Овие теории ја нагласуваат улогата на училиштата во репродукцијата и

легализација на постојните друштвени односи. Училиштето не го гледаат како

можност да се изградат духовни способности на поединецот и на подемот на

друштвената скала, туку како друштвен механизам за одржување на системот

на друштвената стратификација. Генерално се смета дека во училиштето е

најважна идеолошкиот апарат на државата во капитализмот.

Државата ги задржува постојните социјални односи (поделба меѓу

капиталистите и работниците). Преку репресивните апарати ( полицијата,

судството, војската ) и идеолошките апарати ( религија, семејство, итн.)

Училиштето е најважниот идеолошки државнен апарат, бидејќи во училиштето

не се учат само знаења и вештини потребни за работа, туку се пренесува и

идеологија. Главната цел на идеологијата на училиштата е да ги убеди идните

вработени дека нивната позиција е природна, непроменлива и оправдана. На

училиште, идните работници се учат да бидат точни, послушни,

дисциплинирани, на начин што нема да го загрози постоечкиот систем на

производство и организацијата на општеството како целина.

17

Page 18: религија. култура и образование

Во конфликтни теории, може да се издвои како важен принцип на

коресподенција (спогодба). Односите во училиштето се складни

(коресподентни) во однос на работното место. Децата во училиште се

подготвуваат за своите улоги во пазарот на трудот. Авторитарната структура

на училиштето е слична на бирократската структура на компанијата и во двете

позитивно се вреднува: напорна работа , послушност , подложност. Постои

уште една сличност: На училиште не се учи за знаење туку за оцена, а

возрасните не работат затоа што ја сакаат својата работа туку дека се

мотивирани само со плата. Училишната скриени програма има за цел суптилно

да ги обликува децата по барањата на владините институции. Наставниците ги

обликуваат особините кои се во склад со стандардите на средната класа

( совесност, одговорност, сигурност, самоконтрола , ефикасност). Од учениците

се бара да бидат точни, тивки, да го чекаат својот ред, да се прилагодат со

барањата на групата.

18

Page 19: религија. култура и образование

5. Заклучок

За учеството на луѓето во религискиот живот на една религиска

заедница не се зема како мерка на религиозноста, што се поткрепува со

податоците од кроснационалните истражувања на религиозноста во кои може

да се забележи големо отстапување меѓу ставовите на луѓето за нивната

религиозност и нивната религиска практика. Степенот на учество на луѓето во

религискиот живот на една религиска организација овде се дове-дува во врска

не со нивната религиозност, туку со степенот на настојувањата на оваа

организација да ги придобие своите верници. Имено според ова оваа теорија,

во земјите во кои постојат религиски организации кои ја уживаат заштитата на

државата ( а такви се земјите со најмала црквена посетеност, на пр. Шведска)

емпириската евиденција открива ниска религиска партиципација, додека

ситуацијата е сосема различна во оние земји каде религијата е подтполно

изделена од државата и каде посебните религиски организации мораат да

вложуваат посебни напори да го придобијат своето членство ( на пример,

САД).

Популарната култура во 21 век е пуст кал на некоја блуткаво, моронско и

бескрајно повторување. Тоа е пустелија од реални шоуа и циклични

претставувања на музика и мода. Се чини као никој да нема оригинална идеја

во главата, и ако имаат се чини како да не постои јасно доволно ентузијазам од

остатокот од нас, да се овозможи таа идеа да преживее. Колку и да е досадно

да се повторуваат истите клишеа, сепак тие бескрајно се влечат влече надвор,

зајадливо и присилно врз нас повторно и повторно. Колку само враќања на 80-

тите се случија во последната деценија? Се појави Интернетот и за прв пат во

човековата историја, култура само стенка во застој. Тоа не може да биде

случајност. Ништо друго - не војни, глад, револуции, ниту активни систематски

угнетување - никогаш не успеа да го имаат истиот ефект: култура секогаш

продолжуваше, независно од се.

Една од најважните задачи на образованието е трансформирање на

една реално постоечка, меѓусебна зависност во доброволна солидарност. За

таа цел образованието мора да им помогне на луѓето да се разберат себеси и

другите преку подобро разбирање на светот. Стекнувањето на знаење е првиот

19

Page 20: религија. култура и образование

чекор кон подобро разбирање на растечката сложеност на глобалните

збиднувања и намалувањето на несигурноста што резултира оттаму. Следниот

чекор би бил: да се учи да се гледаат фактите во вистинскиот контекст и

критички да се гледа кон протокот на информациите за да се дојде до

сопствено мислење. Тука образованието е незаменливо како никогаш досега.

Тоа поттикнува вистинско разбирање за случувањата што оди и преку силно

поедноставената и понекогаш растурена презентација на медиумите. Пред

нашите очи се создава еден турбулентен и променлив свет. Образованието

треба да помогне на секого да стане граѓанин на овој свет.

20

Page 21: религија. култура и образование

6. Користена литература

Петровски В. , (2006) , “Социологија” , Педагошки факултет, Штип

Ташева М. (2003), “Социологија”, Филозофски факултет, Скопје

Диркем E. (1999), “Елементарни облици на религискиот живот”, Скопје

Schofield, K. (2007). "The Purposes of Education", Queensland State Education

21